Kнига на месецот

Вечно туѓа

од

Со векови овој карпест регион гордо им пркосел на централните власти во Париз, а населението таму станувало сè поразнолико. Шпанци, Мароканци, Италијанци и понекој морнар од Марсеј доаѓале и зачнувале деца со локалните убавици од сувите, напуштени висови.

Пропаганда – Едвард Бернејс

од

Литературен клуб може да излезе од својот маѓепсан круг од лекции и познати личности и да заземе улога во образовниот живот на заедницата. На пример, може да спонзорира натпревар помеѓу државните училишта за најдобар есеј за историјaта на градот, или за животот на најпознатиот син на тој град.

ПЕПЕЛНИК ВО ЕДЕН ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ – Славој Жижек

од

Уште Фројд знаел за врската помеѓу нарцизмот и претопувањето во толпа, која најдобро ја прикажува токму калифорниската фраза „да се сподели искуство“. Ова совпаѓање на спротивставени особености се темели на исклучувањето дека споделуваат: човек не само што може да биде, човек е сам во толпа.

ДЕЦА НА ЗЛОТО – Миодраг Мајиќ

од

Ја зграпчи фасциклата со списи и ја побара страницата на која се наоѓаа резултатите од вештачењето на крвта на патиките најдени во станот на Драган. Тоа беше првото вештачење што беше извршено во случајот со убиството на Ковач, уште додека инспекторот Дробњак со асистенција на Ана раководеше со првите потези на истрагата.

АНА – Николо Аманити

од

Можеби чекаше да се стемни за да нападне, но не ѝ се веруваше, кучињата не расудуваат. А таа секако немаше да издржи до стемнување. Глуждот ја жегаше и болката ѝ го беше вкочанила листот.

ВО СЕНКАТА НА ЗЛОСТОРОТ – Хелена Хеншен

од

Никој не можел да објасни зошто Фредрик фон Сидов ги убил својот татко и двете слугинки. Никој не знаел и никаде во полициската истрага не е наведен мотивот. Што се случувало во Фредриковата глава и што предизвикало таков див испад тој понеделник навечер во март, не е познато.