Вонвременска

секој страв да истече. / да се претури, излее, исцеди. / да омекне планинава во очите. / да се премости во лет.

Вонвременска

на секој пршлен згужвана сенка спие.
сонувачи, галопирајте по маргините на сите копнежливи пори.
жестоко нежно.
нежно жестоко.
бурно расекувајте ги сите телесни длапки.
населете се во нивните лавиринти.
трескавнично цицајте ги соковите од жлездиве.
разобличете ги.
секој страв да истече.
да се претури, излее, исцеди.
да омекне планинава во очите.
да се премости во лет.
да испукаат жилите тврди.
да распука кожата обременета.
слободата да се вгнезди.
да буи отворена, сеприсутна.
бескомпромисно дива.
да обојува
оживува.

Тагови од објавата
Напишано од
0 replies on “Вонвременска”