Недостиг или недостаток?

Според Толковниот речник на македонскиот јазик, овие два збора имаат различно значење.

Во практиката зборовите недостиг и недостаток често се мешаат, па доаѓа до нивна несоодветна употреба. Уште повеќе, некои мислат дека зборот недостиг е неприфатлив од страна на стандарднојазичната норма, па затоа го употребуваат зборот недостаток во сите контексти.

the-art-of-missing-pieces-L-IOXk_s

Според Толковниот речник на македонскиот јазик, овие два збора имаат различно значење. Така, значењето на зборот недостиг е ’немање нешто во доволна мера, во доволно количество, колку што е потребно‘. Примери: недостиг на храна, недостиг на податоци, недостиг на докази, недостиг на меѓусебно разбирање. Од друга страна, пак, зборот недостаток го има следното значење: ’мана, грешка‘. Примери: апаратот има повеќе недостатоци, стоки со недостатоци, физички недостаток.

Иако двата збора се многу блиски во однос на својата форма, нивното мешање може да предизвика различно толкување на значењето. Оттука, различно е да се каже: Поради недостигот на производите, неговиот бизнис не одеше добро. и: Поради недостатокот на производите, неговиот бизнис не одеше добро. Во првата реченица бизнисот не одел добро затоа што немало доволен број производи, а во втората – затоа што производите имале некаква мана.

За разлика од именките, кај глаголите разграничувањето не е толку јасно. Во практиката недостига и недостасува често се употребуваат во исти контексти и со исто значење, а во Толковниот речник го нема глаголот недостасува, додека недостига е забележан со следните две значења: 1. ’не е каде што што треба да биде, каде што се очекува да биде‘ (пример: недостига една шаховска фигура); 2. ’нема во доволен број, во доволно количество‘ (пример: недостигаат пари). Иако некои автори сметаат дека глаголот недостига треба да се употребува кога станува збор за физички недостиг, а пак недостасува – кога се работи за чувство, како потреба за нечие присуство, засега двата глагола би можеле да ги третираме како дублетни форми рамноправни во однос на нормата.

Ги очекуваме вашите мислења и препораки на mak.katce@gmail.com.

Напишано од
More from РЕПЕР
Уште од мајчината утроба го гледам светот како платно со бои
Кај мене сликарството е тесно поврзано со моментите поминати во природа.
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *