Хурем или Марина, маската или вистината

Сигурно не е првпат еден лик кој реално постоел да се претвори во некаква телевизиска икона, како што е ликот на Хурем од серијата посветена на султанот Сулејман, кој го обележал отоманскиот 16 век.

6481982_orig

Сигурно не е првпат еден лик кој реално постоел да се претвори во некаква телевизиска икона, како што е ликот на Хурем од серијата посветена на султанот Сулејман, кој го обележал отоманскиот 16 век. Она што зачудува е кога таков еден лик предизвикува толкава фасцинација која одеднаш станува инспирација за 6-годишни девојчиња, избори за „Хурем на годината“ или, што е уште пострашно, модел за однесување на девојките, посебно кога треба да стигнат до избраникот на своето срце. Тука нема да бидат излистани недостатоците на серијата, а кои ги забележале историчарите, посебно ориенталистите ниту, пак, пародиите кои произлегле од серијата од оние малкумина кои ги промислуваат нештата поинаку.

Тука многу повеќе ќе се постават неколку наивни прашања за оние кои уште веруваат дека севдата е баш онака: ил’ љубиш и се даруваш, за име нит’ за пари прашуаш, еј… И за оние кои ја прифаќаат токму онаа игра која се очекува од нив, која е до некаде и манипулативна и која токму затоа дава едно богатсво на маски, на кое може да позавиди и еден актер. Се крие ли зад првите желба за слобода, а зад вторите желба за моќ. Каде е тука љубовта, дали се работи за препознавање, или препознавање на некоја заедничка игра, која токму во зависност од мотивот може да однесе во насока на прифаќање на вистината, а не илузијата за партнерот што секако е љубов, напроти она кога останува на некое ниво, кое во еден момент може да се прверти во лицемерен пристап кон сè наоколу, за да се задржи вниманието на оној другиот, кој останува странец во процесот. И тука штетата е голема. Наместо да се даде онаа емотивна сигурност, која првично еден странец може да ја даде на друг, а која може да прерасне во апсолутна блискост и која многу полесно се носи со вистината, се случува двајца да ја засакаат илузијата за себе, во чија позадина стои заедничка силна желба за контрола, зад која пак се крие некоја лажна сигурност. Така наместо две души да се сретнат себе си, како небото и земјата, или водата и ветерот, се случува две души да се обединат во остварување на некој своја заеничка цел… Но ни тоа не е толку лошо, посебно ако во еден момент постои она: да тука сме, ние сме, и без разлика дали работиме за вистината или за илузијата тоа може да не одведе некаде. Морам да признам дека тоа постоело помеѓу Хурем и Сулејман. Лошо е, е што многу млади луѓе понесени од примерот на Хурем, стануваат мајстори на играта, не размислувајќи при тоа на основни принципи, кои нема да ги наречам ниту морални ниту етички, туку баш оние човечки начини на комуниукација, за кои ќе го искористам англискиот термин commonsense. И тука не зборвам само за жени…

Abramovic

Затоа како контраст на феноменот Хурем, се наметна примерот на Марина Абрамовиќ. Верувам многу помалку познат од оној на Хурем… Абрамовиќ е уметник, на која најмногу и лежи концептуалната уметност, а за илустрација во овој текст искористена е нејзината ретроспектива во музејот МоМа наречена „Уметникот е присутен“, во 2010 година. Освен што таму Абрамовиќ прави ретроспектива на својата уметничка кариера која е мошне контроверзна, таа наоѓа креативен начин да се соочи со гледачот, одличен начин за искористување на концептот за експлицитниот автор / експлицитен гледач, преку буквално соочување со погледите на толку многу странци, по некоја минута за секого, во периодот од март до мај, 2010, Њујорк. Поставено сето тоа во музејски контекст, настанот добива голема уметничка димензија. Во тие неколку минути кои таа ги споделува со секој од нив, настанува процес на соголување, овој пат не она буквално туку она метафорично, она што погоре беше спомнато како возможно помеѓу двајца странци. Oттаму и солзите на тие луѓе, оттаму и тие насмевки, оттаму тие реакции што до некаде се граничат и со оние подлабоки човечки искуства. За нејзе верувам не само како уметник, туку и како човек најзначајно е доѓањето на Улај (Uwe Laysiepan), со кога исто разменува неколку минути молк, но и со кого се ракува уште еднаш после нивниот поздрав таму некаде на Кинескиот ѕид, поздрав кој симболично е последен, поздрав на двајца љубовници и соработници, кои ете така креативно или достоинстевно одлучиле да се поздрават, со прегратка…

Тука се наметнува уште едно од оние навивни прашања, зошто Улај ја избира Марина, зошто повеќето други Хурем или обратно: зошто Хурем е Хурем, а Марина Марина. Или, пак, што е маската, а што вистината. Полесен ли е изборот на маската, колку и да е апсурдно нејзиното носење пред некој што е најблизок или се работи повторно за љубење на илузијата наспроти вистината. Којзнае… Верувам дека постојат луѓе кои и би рекле ќе се погрчам, ќе се потурчам, секако метафорично, а не во оној добро познат контекст на конвертирање, и тука најмалку мислам на она религиозното конвертирање. Е тогаш, Цвета на Чернодрински би рекла Умирам, ама Хурем не станувам, ама ќе си го сакам Осман бег, бидејќи никој како него не љуби

Верувам дека е незаменливо искуство вадењето на маските и токму затоа е и привилегија, а тоа бара верба… верба во вистината, а не илузијата.

Напишано од
More from РЕПЕР
Додека ја распакувам мојата библиотека
Ја распакувам мојата библиотека. Да. Книгите сè уште не се на полиците,...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *