Децата од планината Напф

Главните ликови во овој документарец се децата од планината Напф, планина што се наоѓа во срцето на Швајцарија. Филмот започнува со прекрасни пејзажи снимени во зима.

imagefid-1914_41198 (1)

Уште на самите почетоци од појавувањето на селото како општествена појава,тоа почнало да се развива како заедница каде што поделбата на трудот се изведувала на пофлексибилен начинза разлика од специјализацијата во градовите. Соработката меѓу селаните функционирала на високо ниво, додека нивната организираност била ниска. „Децата од планината Напф“ e филм што, покрај тоа што плени со својот визуелен стил, одлично ни го илустрира примерот за соживототмеѓу селаните. Во споредба со македонските села, за ова село може да се каже дека дури и во поглед на организацијата меѓу селаните функционира назначително високо ниво.

Главните ликови во овој документарец се децата од планината Напф, планина што се наоѓа во срцето на Швајцарија. Нивното село е оддалечено десет километри од најблиското училиште, па во филмот ни се прикажува нивното патешествие до училиштето и назад. Како што се одвива филмот, постепено се запознаваме со децата и со нивните активности во училиштето и надвор од него. Се забележува дека нивното поведение се одразува на организираното дејствување во селото, а од друга страна, пак, високиот степен на организираност придонесува за нивното хармонично развивање. Самиот овој повратен процес создава една нераскинлива врска што најверојатно се одразува врз нивниот менталитет и врз негувањето на навикитешто остануваат белег на тоа село и на неговата поширока околина. Фактот дека уште од мали нозе ги учат да свират на некој инструмент кажува доволно за нивната висока свест за негувањето на трајните вредности. По училиштето се зафаќаат со некоја активност за доброто на селото, па користејќи ја детската фантазија, полесно ја завршуваат започнатата работата.Тоа добро се забележува во сцената каде што го собираат сеното.Реакциите на децата изложени пред камера често биле интересни за следење и затоа во овој филм детската наивност и искреност при одговарањето на прашањата пред камерата предизвикаа симпатии кај публиката.

06

Филмот започнува со прекрасни пејзажи снимени во зима. Амбиенталната музика што се надоврзува на виулицата му дава една лирска димензијана филмот уште на самиот почеток. Во „Децата од планината Напф“е прикажан животот на овие деца низ сите годишни времиња. Режисерката на филмот, Алис Шмид, истакна дека е филмот сниман една година и дека биле снимени 42 часа материјал, па така се обидела да ја долови убавината на овој крај, видена од филмската камера, низ сите годишни времиња.

;

Напишано од
More from РЕПЕР
Храната во Македонија е навистина гурманска
Сѐ ми е вкусно, особено сакам скара со шопска салата, тавче-гравче и...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *