„Синоптик интернешнл“ е колектив на музички продуценти, кои станаа познати по својата музичка серија „Pure Dopeness“. Дел од колективот е и Константин Плевнеш, уште познат и како DJ Helblazer. Во овие изданија ќе слушнете најразлични андерграунд звуци, комбинации од даун темпо со најразлични лупови, семплови, ритмови, интересни битмејкерски миксови, инструментали, кои како целина формираат уникатен стил и звук.
Овој колектив гради звук што е доста привлечен, квалитетен и препознатлив. Ритам што е логичен следбеник на клупската музика и што е ослободен од формални и од фундаментални стеги.
Како дојде до идејата за музички колектив, за „Синоптик интернешнл“ конкретно? (http://www.ilikemusic.com/blog/European_Expansion_of_Yorkshire_Hip_Hop)
Повеќе од две години сум дел од колективот и од музичката издавачка куќа „Синоптик мјузик“ (http://sinopticmusic.com/djhellblazer/), која потекнува од Англија, поточно од Јоркшир, во градот Лидс. „Синоптик мјузик“ е всушност отворањето на „Синоптик мјузик“ кон светот, преку меѓународната музичка компилација што ја креирав – „Pure Dopeness“. Во таа компилација, која се издава бесплатно на www.sinoptic.bandcamp.com еднаш месечно, имате можност да откриете екстремно талентирани артисти од Јапонија, Бразил, Америка, Канада, Франција, Германија, Холандија, Шведска, Норвешка, Швајцарија, Финска, Русија, Србија, Бугарија, Македонија, Израел и многу други…
Еден од нашите најценети артисти е младиот Прозак Морис од Лос Анџелес: http://www.youtube.com/watch?v=IYghwl11xcs. Украинецот Рад од Монтреал, Канада, е исто така генијален: http://sinoptic.bandcamp.com/track/radj-illsound-records-hatima-tova-montreal-canada. Парижанецот Лука ГуМар, кој заедно со мене го води колективот, е уникатен музичар што секогаш нè воодушевува со своите композиции: http://sinoptic.bandcamp.com/track/goomar-plein-de-vous-france. Нашата музика е наречена „beatmaking“ и всушност потекнува од инструменталната посебна музика што во Америка се роди на крајот на 70-тите и на почетокот на 80-тите заедно со хипхопот и со рап-културата. Нашите композиции се често преплетени со делови или семплови што потекнуваат од ретки и стари плочи од секаков музички вид и потекло. Фактот што издаваме бесплатна квалитетна музика во тој жанр нè прослави во Англија, Франција, Германија, Холандија и во двете Америки.
Какви се пазарот, публиката, интересот за алтернативниот звук? Знаеме дека бројот на публиката не може да се спореди со оној на комерцијалната сцена, лесно ли е да се пронајде целната група луѓе што се фасцинира од овој стил музика?
„Синоптик мјузик“ е многу популарна продукција во Англија. И тоа на комерцијално ниво. На пример, еден од нашите артисти, кој се вика Лунар Си (http://sinopticmusic.com/artist-overview/), е државна маскота за оригинален хипхоп во целата Англија, еве пример од неговите реализации: http://www.youtube.com/watch?v=hKvJm53dzOA http://www.youtube.com/watch?v=PwLpHOqzows http://www.youtube.com/watch?v=aphKOxJ8770 Заедно подготвуваме проект за следната година.
Еве спот, на пример, на многу познатата хипхоп-група „Flame Griller“ од Лидс, јас сум автор на музичката композиција: http://www.youtube.com/watch?v=L8T7PtWRUYE Инаку, јас се продавам одлично, особено во западна Европа, еве ги моите последни дела, имам продадено повеќе од 20 илјади албуми досега, останувајќи независен и „подземен“:
http://urbanvault.co.uk/news/2013/07/urban-vault-exclusive-dj-hellblazer-alter-jessie-mann-ego-ep http://beattapeco-op.bandcamp.com/album/blank-look http://sinoptic.bandcamp.com/album/hellblazer-the-secret-tapes-lp http://sinoptic.bandcamp.com/album/lmno-dj-hellblazer-the-secret-tapes-ep-reloaded http://sinoptic.bandcamp.com/album/sinoptic-welcome-pack
Нашата публика лесно стигнува до бројот од 300 илјади слушатели бидејќи нашата музика редовно се пушта на англиските радија, комерцијални и независни. Прашајте кого било во Англија што се разбира во хипхоп-музика кои му се омилени артисти и ќе ви ги спомене „Синоптик мјузик“. Се чувствувам привилегиран со фактот што сум дел од толку почитувана групација. Ми се има случувано во Париз на улица да ме застанат за автограм, па за слики, а исто така и во Бугарија! Ме препознаваат… и тоа е многу интересно доживување! Публиката ни се зголемува и самата доаѓа кон нас сега…
Кои се следните планови? Има ли шанси наскоро да видиме дел од вашите настапи во Македонија?
Следните планови се да продолжиме до крајот на нашите животи. Додека сум жив, ќе има „Синоптик мјузик“ и ќе компонирам и ќе пуштам музика. Се гледаме во „Камарите“ во Дебар Маало ова лето!
Константин, наспроти филмот како предизик и филмската индустрија како поле за создавање и за натпревар, во случајов во улога на DJ Helblazer, кој е ликот што е инспириран од овој правец во музиката, кој е DJ Helblazer?
Драг Митко („Репер“), филмот е мојот живот. Знаејќи дека нема добар филм (или исклучоци) без добра музика, можам да ти одговорам многу едноставно со тоа дека не ги категоризирам своите уметнички дарби и способности. Јас сум уметник по природа и по култура, а тоа е многу ретко. Не се категоризирам само како режисер или како глумец, како композитор, сценарист, поет, монтажер, јас сум многу повеќе од само тоа. Секогаш се обидувам да дадам сè од себе и добар сум на многу различни нивоа во многу области бидејќи ја имав среќата да растам во Париз откога стапнав таму на 5 години. Првата година беше клучна. Ја открив уметноста на 5 години во париските улици и булевари, музеи, театри, настани, концерти. ИМАВ СРЕЌА! СЕ ГОРДЕАМ СО ТОА! ТОА Е МОЕТО БОГАТСТВО! НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА МИ ГО ЗАБРАНИ ТОА ПРАВО! Културата е мојот трезор. Значи, кога ми зборуваш за филмски предизвик и за музички креации, јас го разбирам тоа како уметност. Тоа е мојата религија. Мојата божица.
„Синоптик интернешнл“ – „Pure Dopeness Vol.3“ (LP Stream)
„Синоптик интернешнл“ го објавува излегувањето на третиот дел од серијата „Pure Dopeness“! Во продолжение на претходните изданија и на едицијата „Special Interlude“, на овој LP се здружуваат продуценти од разни земји со цел да се промовира битмејкингот како слободна и независна дисциплина. Меѓу гостите ги забележуваме основачот DJ Hellblazer, ГуМар и Прозак Морис, но исто така и Канаѓанецот Рад со одличната изведба на „March Route“, Норвежанинот Jhas од „loop.holes“, чија нумера ја претставивме претпремиерно, Je$us кој повторно се претставува со одличната „Manifesting“ или пак Dr Drumah со својата нумера „Flying High“. Општо земено, оваа компилација „Pure Dopeness Vol3“ на тој начин претставува разновиден збир од добри материјали и, како што е вообичаено, „Синоптик интернешнл“ ви овозможува да го симнете албумот за цената што самите ќе ја определите.
[Ozarts Premiere] „Синоптик интернешнл“ – „Pure Dopeness Vol.3“ (Beat Tape Preview)
Еден месец по издавањето на „Special Interludes“, „Синоптик интернешнл“ го најавува излегувањето на третиот дел од серијата „Pure Dopeness“. Овој колектив од продуценти, предводени од DJ Hellblazer и од ГуМар, на тој начин го обновува искуството со прибирање инструментали од битмејкери од целиот свет. Третиот дел претставува логичен следбеник на претходните изданија и се стреми кон промовирање на битмејкингот како комплетна дисциплина ослободена од формални и од фундаментални стеги. Како и секое планирано издание, „Синоптик интернешнл“ великодушно се согласи да ни дозволи да претставиме како светска премиера четири нумери од овој нов албум. На тој начин овде ќе се запознаете со продукцијата на „loop.holes“, талентиран норвешки колектив на битмејкери, кои му се придружија на тимот, како и со Рад од Монтреал (illsound Records), кој се претставува со особено впечатлив инструментал. Исто така, ќе имате можност да слушнете две нумери од Hellblazer. И, за крај, да ги посочиме Прозак Морис, Paul Hares, Keor Meteor, iLL.Sugi, Pigeon Dust, Nesto Smoked Beat, Dr Drumah или пак Para Dice, кои се појавуваат на овој албум. Наскоро ќе биде достапен и бесплатно!
„Синоптик мјузик интернешнл“ – „Pure Dopeness (Special Interludes)“
За да ни го смират нетрпението до излегувањето на третиот дел од нивната серија „Pure Dopeness“, големите Pawcut и DJ Hellblazer дојдоа до интересна идеја да направат компилација од 12 премини. Со наслов „Pure Dopeness (Special Interludes)“, проектот се состои од продукции на битмејкери од целиот свет. На пример, да ги посочиме Paul Hares (Русија), GooMar (Франција), RenRok (САД) или iLL.Sugi (Јапонија). Издание по издание, динамиката на „Синоптик интернешнл“ станува сè попрефинета. Секоја нумера од ова специјално издание содржи во себе свет, го дополнува претходниот и го храни следниот, со што се обезбедува доследност, како и квалитет. И, како круна на сето ова, Dj Hellblazer и Pawcut го предлагаат ова издание на „Pure Dopeness (Special Interludes)“ за бесплатно симнување.
„Синоптик интернешнл“ – „Pure Dopeness Vol.2“ (LP Stream)
Колективот на продуценти „Синоптик интернешнл“ го издаде вториот дел битови „Pure Dopeness“. Овој албум се состои од дваесет нумери создавани од битмејкери од целиот свет. На пример, да ги посочиме Hellblazer, Prozak Morris, Dr. Drumah или пак големиот Pawcut. На овој начин, албумот дава разновидност во пристапите, но и заеднички вкус за андерграунд инструментали. Ова го потврдуваат моќните „Testing and Temptation“ на Lotus, „Omokage“ на GooMar и „Hatima Tova“ на Radj. Изданието може да се симне бесплатно на „Bandcamp“.
Превод: Билјана Петрова
Последниот албум на Hellblazer (Константин Плевнеш) е посветен на Jessie Mann; дел од писмото/ коментарот што го добија од Jessie Mann оди вака:
„Драг Константин,
Огромна благодарност што се обидовте да ме најдете и да стапите во контакт со мене, уживав во вашата музика, иако ми треба повеќе време за да ја запознаам/ ислушам подобро. Благодарност за убавите и инспиративни зборови. И јас исто така мислам дека уметноста и магичниот дух во портретот ја имаат силата да ги излечат физичките рани и да ја реструктуираат психологијата на народите…“