Денови и месеци – голема или мала буква?

Во нашиот јазик, имињата на деновите од неделата, на месеците и на годишните времиња се пишуваат со мала почетна буква.

При пишувањето датуми и други временски определби, често ќе сретнеме вакви примери: В Сабота, на 28 Септември, во Музејот на град Скопје ќе се одржи… Ова се случува најверојатно под влијание на англискиот јазик, каде што имињата на месеците и на деновите од неделата се пишуваат со голема почетна буква. Меѓутоа, во нашиот правопис важат други правила.

b55

Во нашиот јазик, имињата на деновите од неделата, на месеците и на годишните времиња се пишуваат со мала почетна буква: понеделник, вторник, среда, четврток, петок, сабота, недела; јануари, февруари, март, април, мај, јуни, јули, август, септември, октомври, ноември, декември; пролет, лето, есен, зима. Оттаму, наведениот пример ќе изгледа вака: В сабота, на 28 септември, во Музејот на град Скопје ќе се одржи…

Имињата на месеците се пишуваат со голема почетна буква само ако станува збор за некој празник и ако првиот дел од името на празникот е напишан со број: 1 Мај, 11 Октомври, 13 Ноември.

Сепак, во ваквите случаи, доколку е првиот збор, односно бројот, напишан со букви, тогаш тој се пишува со голема почетна буква, а името на месецот со мала: Први мај, Единаесетти октомври, Тринаесетти ноември.

Во називите на револуции, на војни и на востанија во кои првиот збор претставува придавка изведена од име на месец, тој се пишува со голема почетна буква: Октомвриска револуција. Притоа, ако наместо целиот назив се употреби само основниот збор во него (во случајов, името на месецот), тој се пишува со голема почетна буква: Октомври (наместо Октомвриската револуција).

Споделете ги своите јазични препораки и дилеми на: mak.katce@gmail.com.

Напишано од
More from РЕПЕР
Кога не држам камера, ја земам штицата за сурфање
Јас не сум многу комплициран, но морам да ги почувствувам страста во...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *