Во првиот дел од рубриката ги пренесуваме промотивните видеоспотови (трејлерите) на петте најинтересни филмски остварувања што се направени според врвни романи, инаку книги што може да се најдат и во превод на македонски јазик.
„Појадок кај Тифани“
Прекраснатата новела на Труман Капоти првпат е објавена во 1958 година, а филмот е екранизиран во 1961 година, со Одри Хепберн и со Џорџ Пепард во главните улоги. Двете се класики над класиките.
„Деликатно злосторство“
Романот е напишан во 1987 година, додека филмот е снимен речиси цела деценија подоцна, во 2005 година, од страна на младиот, но искусен бразилски автор – Бето Брант.
„Мојот живот како куче“
Филмската драма од 1985 година на познатиот шведски режисер Ласе Халстром е базирана на истоимениот роман од 1983 година на сонародникот Реидар Јонсон. Филмот имаше две номинации за „оскар“ во категориите режија и сценарио, додека своевремено писателот Курт Вонегат кажа дека го сместува во омилените филмови, рамо до рамо со „Казабланка“.
„Америка“
„Америка“ е првиот роман на писателот Франц Кафка, пишуван помеѓу 1911 и 1914 година, објавен постхумно во 1927 година. Врз основа на романот се направени повеќе филмови, меѓу кои адаптацијата „Класни односи“ на Жан-Мари Штрауб и на Даниел Илие од 1984 година и „Америка“ од 1994 година, режисерското деби на Владимир Михалек.
„Оксфордски убиства“
http://www.youtube.com/watch?v=V8edqqoXcg4
Аргентинскиот есеист и раскажувач Гилјермо Мартинес веќе имаше четири книги зад себе пред да ја објави „Оксфордски убиства“ во 2003 година. Но токму посочената книга го проби во светот на литературата, особено поради трилерот од 2008 година, со Илајџа Вуд и со Џон Харт во главните улоги, а во режија на Алекс де ла Иглесијас.