Хитлер е на Месечината, каде што сади компири и рен

Интервју со Тимур Вермеш авторот на бестселерот „Види кој се врати“

Дали луѓето од светот, а особено од Германија, се подготвени да се смеат покрај Хитлер, макар фиктивно? Дали наводното враќање на Фирерот поттикнува на долго размислување околу потенцијалните опасности во иднина и околу современото политичко дејствување?

Timur-Vermes-003sХуморот во друштво на Хитлер во денешен Берлин може да повреди некого, може и да збуни, може да насмее, но пред сè ни ги отвора очите за тоа какви сме и какви би можело да станеме. Смеата и исмевањето се неизбежни.

Да прочитаме што уште вели самиот автор на бестселерот „Види кој се врати“ за својот главен лик во ова ексклузивно интервју.

Во Македонија книгата се објави на почетокот на септември како четврти превод во светот. Дали имате точна претстава колку вкупно преводи се појавија во минатите два месеца и колку ќе следуваат до крајот на годината? 

Не. Точниот преглед го има издавачката куќа. Знам дека книгата се преведува на 36 јазици, но не ми е познато каков е редоследот на објавените преводи.

Дали има територија за која сте особено горд што ќе се преведе романот таму? 

„Горд“ би бил погрешен збор, но во голема мера ме трогна фактот што мојата книга можеше да се види на излозите во Унгарија, државата од која избегал татко ми во 1956 година.

Хуморот во принцип тешко се преведува, особено во дела што се толку врзaни за даден историски и географски простор, па какви се реакциите од другите преводи и од другите нации, дали комуницира хуморот и со народите надвор од Германија? 

хи1Тешко е да се каже бидејќи најчесто не ги разбирам сите детали во рецензиите на другите јазици, но романот има различни елементи: буфонада-ниво и ситком-ниво; барем овие две совршено функционираат насекаде, а дури се чини дека се вклопува и нивото под нив, каде што одеднаш читателот се согласува со Хитлер. Колку повеќе една земја си ја препознава својата актуелност во книгата, толку подобро, но и поболно функционира самата книга: во Унгарија со десничарската влада, во Италија со медиумскиот магнат Берлускони и со политичкиот кловн Грило… така утопијата наеднаш воопшто не е многу далеку од реалноста.

Дали беше очекуван толкав „бум“ на романот? 

Апсолутно не. Каде би можело да се очекува вакво нешто? Успехот го лоциравме во некои нормални рамки, сто илјади примероци или слично, дури и со помалку ќе бевме повеќе од задоволни.

Книгата има потенцијал да се пласира маркетиншки на многу инвентивни начини, кој е најинтересниот што сте го чуле досега?

На пример, продажната цена во Германија е 19,33 евра, бројките се совпаѓаат со годината кога Хитлер дошол на власт. Не ми беше познато дека ова се користи како маркетиншки инструмент.

 

Што мислите дека може да направат куќите со герилски маркетинг без да ги повредат луѓето што негуваат амбивалентен однос кон Хитлер? 

Ништо. Оној што се занимава со темата „Хитлер“ мора да има предвид дека ќе повреди  чувства. Сметам дека во овој случај треба да се покажат аспектите и аргументите на овие луѓе, кои се и во нивни интерес. Книгата покажува дека согласувањето со Хитлер не е само несреќен случај што им се случил на глупавите Германци пред 80 години – туку дека тоа може да му се случи и на секој читател, ИАКО го знае Хитлер, ИАКО ги знае последиците, ИАКО овој Хитлер постојано вели дека би сакал да го повтори истото. Тогаш овој Хитлер не е повеќе апстрактно чудовиште, туку реална опасност што треба да повика на претпазливост. Сепак, ќе има луѓе што овие аргументи не сакат да ги чујат или не можат да ги разберат. Човек треба и на тоа да се подготви. Најпосле, може сите примероци да ги симнат во подрум или да ги уништат. Има едноставен рецепт ако не сакате да ги иритирате луѓето: напишете здодевна книга.

Како реагирате на информациите што понекогаш ги пласираат медиумите околу теориите дека Хитлер по Втората светска војна побегнал, на пример, во Аргентина?

Според моите сознанија, живее на темната страна на Месечината и таму сади компири и рен.

Дали мислите дека (некој) Хитлер може навистина да се врати и да тргне во покорување на светот? 

Секогаш ќе има некој подготвен да стори нешто страшно. Не ќе мора да го покори светот. Самиот свет го прави тоа доброволно предавајќи му се на господинот Епл.

Што е најсмешното нешто што го имате слушнато за Хитлер? 

Дека живее во Аргентина.

Дали ќе има филм според книгата и колку промени ќе претрпи текстот? 

Timur-Vermes-007sЌе има филм. Измените се разбирливи: во филмот, на пример, не може да го оставиме Хитлер „да пљампа“ цело време, така ќе ни заспијат гледачите.

Што се чита повеќе – аудиокнигата или самата книга? 

Книгата, сè уште. Аудиокнигата се продава како сензација во Германија. Нешто во сооднос 1:3 (вообичаено е 1:10).

„Види кој се врати“ поведе голема јавната дебата во Германија, а сама по себе е белетристика. Дали мислите дека литературата уште ја има моќта да менува? 

Ова за дебатата не ми е познато. Имаше критики, но практично не се дебатираше. 1,3 милиони Германци ја имаат книгата на своите полици, но дебата како онаа кај „Нијансите сиво“ („Што се случува со нашиве жени?“) немаше.

Хуморот отсекогаш бил критичен кон едно општество. Кои се „фалинките“ што ги наоѓате во денешна Германија и дали имаше такви што се навредија од темата и од критиката? 

Курт Тухолски рече: „Кога некој кај нас ќе каже добар политички виц, тогаш половина Германци се навредени“. Тоа важи и тука.

Дали пишувате нова книга и на која тема? 

Да, ама нема да откријам.

Би дошле во Македонија да ја испромовирате книгата? 

Да, се разбира, сè зависи од терминот.

Напишано од
More from РЕПЕР
Кон „Часовничарот“ од Михаела Гашпар
Часовничарството е прецизен занает. Занает на ситни федери и запченици, шрафчиња што...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *