Кон книгата „Зборообразувајќи ги местата“ од Ирен Ниг

Кон книгата „Зборообразувајќи ги местата“ од Ирен Ниг (Лихтенштајн), добитник на Наградата за литература на ЕУза 2011, издание „Вермилион“ 2013

Кон книгата „Зборообразувајќи ги местата“ од Ирен Ниг (Лихтенштајн), добитник на Наградата за литература на ЕУза 2011, издание „Вермилион“ 2013

ЗВУЧНА КНИГА НА ИГРАТА


ЗБОРООБРАЗУВАЈЌИ ГИ МЕСТАТА е книга-игра, авторката Ирен Ниг игра најпрвин со зборовите, со нивната звучна страна, со нивната моќ, ритамот и мелодијата, со звучната слика што тие ја обрзуваат наредени еден до друг, секој подложен на посебна интонација, секој врзан со посебен интерпункциски знак. Таков е и преводот на македонски јазик (преведувач Ксенија Чочкова), во кој е зачувана оригиналната интерпункција, што пак на книгата и’ дава и посебен визуелен изглед – среќавате запрки, прашалници, точки и најчесто од се’ извичници, на места на кои најмалку ги очекувате. Тие ќе ве изненадат, на моменти ќе ве натераат да го повторите она што го читате или да го прочитате на глас, се’ доедека не сфатите дека всушност, ништо не е случајно.

Имено, за делото на Ниг вообичаеното читање какво што го знаеме и практикуваме онака во себе и за себе тука не поминува! Со оваа книга мора и треба да играте, како што прави и авторката. Затоа кога во едно интервју со неа, направено по повод наградата за литература на ЕУ видов дека наместо да одговара на прашањето на новинарот – таа пее, -многу се израдував и некако ми олесна затоа што ЗБОРООБРАЗУВАЈЌИ ГО МЕСТАТА не може да се чита поинаку, ниту да се поима поинаку, освен како предизвик и поттик за гласовна интерпретација, за танц и/или она што е актуелно денес – перформанс!

iren_nigg-eu_info_centar-480x319

Како фрагмент

„а не знам колку ѕвездички стојат. Април, ти Сезаме, отвори се! Покажи ги твоите богатства, ти невидлив, пушти глас. Повторно мириса. Некои ставаат дрвени цвеќиња во своите саксии, можеби затоа што се убави? Цвеќињата на одекот! Дали светот е одек? И не знам колку светови има. Април, април! И гулабите на Пепелашка се вредни. Повик на прослава, брезите и иглолисните дрвја зрачат….

Интерпретацијата на книгата во секојможен сегмет е предизвик, исто како и уште еден битен елемент, а тоа е како што е и во самиот наслов стои зборообразувањето на ги местата, односно на нештата. Ирен Ниг трага по збоовите со кои може да ги означи нештата и работите и притоа да ги слушне, да ги чуе и дури потоа да им даде посебно значење. Таа како и многу креативци, поети, „Човек си ги зборообразува местата…човек си го одредува местото преку сопствените зборови…“-  што пак на целата верба и дава и магиска димензија.

Така доколку се сфати таа дефиниција, ќе го прифатиме и следниов совет дека – Кога би имал човек два, три збора, би можел да напише кикиритково писменце, би можел да изеде куп јатки.

Зборообрзувањето кај Ирен Ниг е алхемија и преку неа може да се добие уште еден , 13 месец, полн љубов и љубопитност, полн специфичен мирис. Читателот може да се обиде сам да го направи, добие тој месец доколку изговори зборови како: „шумоодење“, „соносеќавање“…или  доколку дозволи нешто „да му јоргованува“ во носот.

aleksandraУште еден вохитувачки момент е восхитот, фасцинацијата од природата – целата книга просто шуми, се бранува, мириса на лисја, дрвја, цветови, жерави, птици и море. Ниг има еден поклоненички однос кон природата, нараторот или гласот што раскажува, а кој не е тешко да се поврзе со самата авторка, често, во прво лице еднина, вели „јас сум мај, и сонце и ливче и цвеќе“. Истиот тој глас на секоја страница, во секој нов текст излегува од зад некое дрво, некое ветре, или облаче, бидејќи природата е дел од играта во ЗБОРООБРАЗУВАЈЌИ ГИ МЕСТАТА.

Играта е весела, ненаметлива, поттикнувачка и природна, како што им е природна само на децата. Токму таква игра пишува Ирен Ниг, притоа претворајќи го и самиот процес на пишување во игра, најчесто во танц и тоа онаков убав, отворен, наивен, блесав и детски.

Всушност доаѓаме до тоа дека детката перспектива е можеби клучна и најважна при читањето на ЗБОРООБРАЗУВАЈЌИ ГИ МЕСТАТА, односно при интеракцијата со оваа книга. Авторката градејќи ги текстовите ја користи токму таа детска визура, детска наивност и детското гледање на нештата, и пред читателите отвора свет на кој му се потребни детски очи. За книгата може да се каже и дека е волшебна, потсетува на бајките и сказните, има дел од нивните клучни елементи, но „волшебно“ може да биде и епитет , како степенот на возбудливост и убавина што читањето го носи.

Го споменав зборот дете, споменат и во самата книга многу пати,  тука е и назнаката дека книгата е продукт од издавачка куќа која се занимава со литература за деца и млади, но тука е и мојата дилема – јас и понатаму не сум сигурна дали ЗБОРООБРАЗУВАЈЌИ ГИ МЕСТАТА е книга за деца или за возрасни, ќе оставам тоасекој читател да го одлучи, но сум сигурна дека за да се прочита  и целосно да се ужива во неа, читателот мора да порасне колку едно дете.

 

Александра Јуруковска

Напишано од
More from РЕПЕР
Istanblues
Истанбул е град на кој со голема радост му се враќам. Го...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *