Доселеници од мочуриштето


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/echqdumm/public_html/reper.net.mk/wp-content/themes/simplemag/formats/format-standard.php on line 28
Романот Settlers of the Marsh прв пат е објавен во 1925 година и веднаш добива статус на контроверзен. Некои критичари го карактеризираат какороман со“непристоен” и “недоличен” тематски пристап.

CP000030Романот Settlers of the Marsh првпат е објавен во 1925 година и веднаш добива статус на контроверзен. Некои критичари го карактеризираат како роман со „непристоен“ и „недоличен“ тематски пристап. Црквите во тоа време праќаат предупредувања до своите членови за скандалозната содржина, за само неколку децении подоцна книгата да биде признаена како значајно обележје во развојот на канадскиот роман.

Романот припаѓа на канадскиот реализам, односно е претставник на прерискиот реализам. Во центарот на романот се космополитски прашања како: љубов и романса, секс и сексуалност, убиство, дваесеттиот век, деветнаесеттиот век, брак, проституција, рурален или селски живот, фарми и фармерство, Канада и Канаѓаните, амбиција, работа, домаќинства, куќи и палати, животот на границата, односно пионерскиот живот на „границата“. Во таа смисла, романот е психолошки портрет на животот во канадскиот запад. Тоа е приказна за млад шведски доселеник што доаѓа во „новиот свет“ да започне нов живот и да ги оствари своите соништа. Приказната за неговиот живот ги прикажува вистинските тешкотии со кои се соочува еден млад доселеник во канадските мочурливи предели и ја следи шемата од пет мотиви: исчекување и подготовка, одбивање, дегенерација, простување и регенерација.

Како и секој друг емигрант, Нилс Линдштет се обидува да си ги оствари соништата и надежите да стане дел од доселеничката заедница. Тој и неговиот пријател се заробени во сурова прериска клима, каде што ги преминуваат и буквалната и виртуелната граница. И покрај тоа, тие се цврсто решени да се населат и таму да започнат нов живот. Секој контакт со дивата природа и со реткото население остава силен впечаток врз младиот човек.

Двајцата пријатели најпрвин почнуваат да копаат бунари за семејствата што веќе се населиле таму. Нилс и неговиот пријател Нелсон зборуваат само шведски и малку германски јазик. Луѓето што ги среќаваат таму се или со шведско, или со германско или со исландско потекло. На мочуриштата, младоста и желбата за живот се испреплетуваат со традицијата и со искуството на населниците. Тие се втората генерација доселеници во регионот. Така го запознаваат семејството на господин Амудсен, неговата болна жена и неговата вредна ќерка. За двајцата пријатели животот на ова семејство станува интересен, а особено ќе им го привлече вниманието послушната, но повлечена ќерка. Потоа среќаваат друго, поживо семејство, иако обременето со товар од минатото како и секое друго семејство. Господин и госпоѓа Лунд имаат ќерка, Олга, и син, Боби, кого го посвоиле откако нивниот син се удавил кога бил мал. Во животот на прериите сè се врти околу работата и фармата. Многу малку останува за социјален живот и за забава. Единствениот лик што го среќаваат, а е поразличен од вообичаените емигрантски семејства, е младата вдовица госпоѓа Клара Фогел. Таа исто така ќе го привлече вниманието на младиот човек. Бргу по пристигнувањето на мочуриштата, Нелсон се жени со ќерката на Лунд, Олга, и си гради свое место за одгледување добиток. Нилс исто така си основа свое место и станува доста успешен. Во почетокот негов најголем помошник е господин Сигурдсен. Подоцна го најмува младиот Боби Лунд и двајцата создаваат просперитетен бизнис. Сепак, овие луѓе се единствените со кои Нилс има контакт во надворешниот свет.

Неговиот дух продолжува да биде немирен, сè додека не го најде мирот покрај ќерката на Амудсен, Елен. Сè што тој прави околу куќата го прави само со една мисла, мислата за неа. Топлиот дом и таа до него е она што тој отсекогаш го посакувал, уште кога бил младо момче во Шведска. Тешкиот живот на неговото семејство таму го тера да ја искористи секоја можност што му се нуди за да има сè што неговото семејство не можело. Во меѓувреме, родителите на Елен умираат. Таа останува сама, но продолжува да се грижи за куќата и за имотот. Ги работи сите машки работи. Во текот на работата, поради фактот што се далечни соседи, тие остваруваат само неколку средби. И покрај тоа што едвај разменуваат понекој збор, мислата за Елен е единственото нешто што го одржува Нилс и што му дава сила да продолжи. Во текот на неколку години, ситуацијата се менува. Почнуваат да се чувствуваат повеќе како пријатели, иако сè уште со доза резервираност. Нилс не може да го разбере нејзиното однесување. Тој конечно прави обид да ѝ се доближи, но таа го прекинува. Изнесувајќи ги причините, таа кажува дека не сака никогаш да се омажи. Таа израснала гледајќи го тешкиот живот на една емигрантска жена и е решена дека не сака да го преживее тоа. Сè што може да му понуди е пријателство, кое нејзе многу ѝ значи. Длабоко разочаран, Нилс решава да ја остави сама. Тој продолжува понатаму со својот осаменички живот целосно посветен на работата без никакво искуство со градскиот живот ниту претстава за тоа како младите луѓе се забавуваат таму. Еден ден во градот, тој наидува на заводливата вдовица госпоѓа Фогел и по една ноќ помината со неа ја бара за жена. Таа е единствената жена што тој ја допрел и се чувствува должен да се ожени со неа. Тој ѝ станува драг уште од првиот момент, но не толку многу за да го заведе да се ожени со неа. Таа доаѓа на неговиот имот како градска девојка. Нема никакви задолженија во врска со фармата освен да се грижи за куќата. На почетокот го прави тоа, но потоа престанува. Се јавува празнина помеѓу двајцата. На почетокот, Нилс толерира сè. Индиферентноста помеѓу нив станува сè посилна и се претвора во нетрпеливост. Работите стануваат уште полоши откако тој сфаќа дека никој не ги посетува, а неговата жена сè почесто оди во градот и се задржува подолго време таму. Наскоро тој дознава што прави таа во градот, односно дека е локалната проститутка. Тој не сака да ја пушти да оди, но таа се заканува дека ќе му го претвори животот во уште поголем пекол. Еден ден тој лично ја затекува со друг маж недалеку од имотот. Во тој момент, се разбеснува и почнува да се самоизмачува. Го зема пиштолот и ја застрелува жена си. Се пријавува сам очекувајќи смртна казна, но луѓето и судиите му пресудуваат само седум години. За тој период тој добива шанса да размисли за многу работи и да научи за животот. Кога излегува од затворот, Боби, неговиот помошник, кој му е како син, е веќе оженет, но продолжува да се грижи за имотот на својот господар и успева двојно да го зголеми богатството. Нилс се враќа во својата куќа во веќе изменетите мочуришта. Го обземаат измешани чувства. Она што го изненадува е малата нишка нова надеж што се јавува кај него, и тоа пак во форма на само една личност, макар само како пријател. Исполнет со вина и со каење, тој се среќава со неа. И таа бара прошка од него. Тие се разбираат и, без да изговорат ниту еден збор, конечно започнуваат да делат некои заеднички надежи.

Приказната за Нилс ни дава можност да нурнеме во маките со кои се соочувале европските емигранти и нивните први чекори во започнувањето живот таму. Ни покажува како европските вредности и морални правила се дел од новосоздадената заедница. Од една страна, романот претставува портрет на преживувачкиот инстинкт на луѓето во природата, додека од друга страна – ја прикажува социјалната страна на животот. Во средината на ова, низ карактерот на Нилс, може да се видат одделните етапи низ кои минува еден маж додека да созрее и да започне семеен живот.Губењето на невиноста и моралноста се најголемите битки за него кога тој ги запознава двете крајни точки во моралноста преку две различни жени, двете претставнички на различни начини по кои се третираат жените во тоа време. Проституцијата постои и е осудена, но тешкиот живот на обичната домаќинка ја спречува младата девојка да се омажи. Нилс е доведен до моментот да изврши убиство. Потоа започнува созревањето. Тој станува свесен за своите постапки и за последиците од нив. Неговата казна го рефлектира ставот на луѓето и на законите во тоа време. Бракот е исто така прикажан во книгата, што тој претставувал во минатото и што претставува за младите во новата заедница. Тоа е нов вид живеење за повеќето од нив, но бракот помеѓу Клара и Нилс сведочи за сè уште традиционалните вредности. Се разгледуваат и пријателството и важната улога што тоа ја има во новата заедница. Партнерството помеѓу Нилс и Нелсон што преминува во вистинско пријателство или пак врската татко-син помеѓу Нилс и Боби. Тоа покажува дека искрената посветеност и доверба траат вечно и покрај сè. Друга тема е темата за љубовта. Прикажана е на многу романтичен начин и покрај суровата околина и станува основниот водич во животите на ликовите. Љубовта е тоа што го одржува животот таму. Елен, љубовта на Нилс, е олицетворение на сè што тој посакувал: парче земја, свој дом со жена и деца покрај себе. Settlers of the Marsh е напишан во стилот на Хардиевиот реализам. Од друга страна, романот дава поинакво претставување на заселувањето на „новиот свет“ од она на Маркес во Сто години самотија, каде што универзалните прашања се третираат различно во однос на различното потекло на заселниците, како и на различните географски региони кон кои тие се упатуваат.

Библиографија:
1. Frederick. Philip Grove,Settlers of the Marsh (2009) Penguin Canada

1
Напишано од
More from РЕПЕР
Телото како психосоматски атлас
(Психосоматските аспекти во делата „Заменети глави“ од Томас Ман и „Тело“ од...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *