Кон стихоѕбирката Немир кој немаше име ( Nemir koji nije imao ime)
Љерка Тот Наумова е една зрела поетеса,која слободно владее со својот талент претопувајќи ја целата животна филозофија во поетски израз.Нејзиниот поетски јазик и доминантните расположенија се потпираат на нјадобрите места во традицијата на хрватската поезија, на онаа која би можела да се вброи во редот на поетските светилници , како што беа великаните на поетската поезија: Крањчевиќ,Ујевиќ, Михалиќ.Она што претставува женска нота на тој вид поезија е- заобиколувањето на некои фундаментални прашања , кои нејзините претходници ги концентрираа околу поимите на егзистенција , за апсалутната смисла и постоење на Господ Бог.Оваа поезија на прецизен израз и економична артикулација, не се расфрла со пресилни зборови ; сликата ја користи како стегнат израз , како апстрактивна врска на поимите, која ја воочува парадоксалноста ,бессмислата и неподмитливата преодност, и тоа првествено кај постоечките фрагменти.Човековата егзистенција како целина, како општ поим, воопшто не е во прашање.Причината е во тоа што зад матријалното , зад појмовното, не само што се насетува, туку и се дефинира метафизичката димензија.
Љерка Тот Наумова не ја преиспитува религиозноста, таа тука е присутна како нишка од верата, а таа вера всушност , е својственост на нејзиниот свет и на човекот. Но, конзистентноста на тој поетски свет не гарантира ведрина.Поетесата, како битно својство на човекот, го чувствува ранливиот сензибилитет и аналитичката свест која, соочена со недостижноста на крајната смисла во рамките на секојдневието , на смислата во рамките на материјалнито постоење , го враќа посматрачот кон неговата излезна точка на носталгија , како темелно доживување , и на светот, и на поезијата.
Носталгијата ги обвива спомените, го допира изгубениот детски и младешки свет, родниот крај, но и она недофатливото, она што може да се претчувствува и да се сака , она што е надвор од човекот и во човекот , а би било идеално да може да се изрази со молчење,кое е своевиден недофатлив идеал, кој, исто така, ја разбранува носталгијата.
Оваа поезија, на тоа ниво , се ослободува од визуелното, на нивото на зборови и реченици, и опипливото.Единствено звуците се нејзините конкретни потпирачи, а поимите кои можат да се сфатат како делови од искинати слики, како молња, сонце, темница,празни куќи,хоризонт или облак, тие првенствено имаат тежина на посредник на смислата ,речеси договорени симболи , како што е во позијата на родоначалникот на слободниот стих Валт Витман (Walt Whitmann).
Значењето на тие симболи , на првото ниво на рецепирање можеме да ги држиме како препознатливи , во најмала рака, како наслутувани , но сложените значења скриени зад таквите поими се разоткриваат со енергија на поетските целини.Среќна околност е што тоа разоткривање никогаш не е довршено; тука нема некои едноставни смисловни клучеви, па таа мерка на недостижност , на оваа поезија и дава посебна вредност.
Со своето носталгично и меланхолично преиспитување на човечкиот живот како целина , од детството па до смртта, поетесата и покрај наметнувачките темни тонови на својата визура , не го одбира песимизмот. Споменатата вера претставува цврста потпора ; доволно е таа да се повика, да се артикулира, да се искаже.Не затварајќи ги очите пред сложениот живот , понекогаш апсурден,понекогаш обесхрабрувачки – оваа поезија , без колебање, насочена е кон она што не е во прашање , она што се вредности над нас и над се: вистината, љубовта.
Во оваа изразито рефлексивна поезија се е Господ Бог , и совладувањето на сите беспаќа вреди онолку колку што се приближуваме кон врвот и вечното.Сосема во христијански дух, излегува, дека животот во најголема мерка е подготовка, време на етичко преиспитување кое престанува со смртта , но, смрта , сепак не е крај.
( Превод од хрватски на македонски јазик : Славка Арсова)