СРЦЕ ВО ОБЛАЦИТЕ

Срцето е моето најголемо оружје.

Се пријавив на огласот за вработување на еден новинар во редакцијата. Бараа без искуство. Првиот ден на работа требаше да пишувам за славниот репортер од Првата светска војна-Арчибалд Рајс, кој пред точно сто години од Македонија известувал за воените злосторства на австроунгарската војска. Во меѓувреме, мојата жена се разболе од алцхајмерова болест.
Го затворив лаптопот и заедно со мојот фоторепортер заминав на пат. За миг, се најдов помеѓу непрегледни обработливи полиња, насади со пченка и покосено жито. Се најдов на подножјето на големата планина-Ниџе. Тука, додека беснеела големата војна и се случувала најголемата светска кланица, швајцарскиот форензичар и воен криминолог пишувал дневник кој претставува значајно сведоштво за настаните кои се случиле на линијата на Солунскиот фронт.
Пристигнав до Скочивир, последното село до цивилизација пред да почне дивината. Во близина искршена табла со предупредување-овде патот завршува! А започнува густата шума и ливади кои се протегаа до недоглед се до мистичниот врв скриен во облаците.

prica-2

Само тивкиот и чист водух ми беа вистински сопатници. Понекоја напуштена зграда од социјализмот, задруга или погранична караула. Со фоторепортерот, решивме да преноќиме во манстирот над живописното село и долината на Црна река. Веќе следното утро, во маглата тргнавме по патеката. Како што ветарот ја расчистуваше маглата, така чистинката покажуваше нови контури-ограден споменик, ров до ров, дупки од гранати, разурнати ѕидини од некогаш големи згради и капела на самиот врв. Кајмакчалан. Додека одев, забележував чудни, природни, камени облици и кули од разурнати воени објекти со споменици и јами. И едните и другите беа од ист зелено-сив камен со чуден интензивен сјај и мистичност. И едните и другите сведочеа за еден невиден човечки масакр. Го извадив тефтерот почнав да пишувам.
Тогаш, добив порака на мојот мобилен. Од лекарот.
Мојата жена доби мозочен удар и беше хоспитализирана!

prica-4

Тагови од објавата
Напишано од
More from Огнен Коцевски
ПАВЛОВНИЈА
А павловнијата имаше своја приказна.
Повеќе
0 replies on “СРЦЕ ВО ОБЛАЦИТЕ”