НОЌВА

Две песни од досега необјавуван поет.

МОСТОВИ

Бетонските мостови се нашите огледала,
нашите лица,
нашите души,
нашите животи.

Бетонските мостови,
ладни, сиви, тврди,
совршено пропорционални и мрачни,
како нас,
како овој народ.

Тажни лица, испотени чела,
калливи чизми и гуми од камиони и автобуси,
и души калливи,
минуваат везден низ тие мостови,
заштитени со силните странични железни огради.

Такви сме ние,
овој народ.
Како мостовите,
ладни, сиви, трвди,
совршено пропорционални и мрачни,
низ кои минува сето сивило на животот,
и ретко понекогаш некое виножито над нив.

Но, сепак тука сме,
заштитени со силната железна ограда,
околу нашите срца.

australia-1823985_1280

НОЌВА

Ноќва врне силно,
капките дожд се посилни од земјата.
Стрелките од часовникот на ѕидот,
чукаат гласно.
Најавуваат нешто.
А јас, потпрен на прозорецот,
хухкам на стаклото и цртам со малиот прст,
твој портрет.
Дојдено е време,
јас да си одам
од тука.

Тагови од објавата
,
Напишано од
One reply on “НОЌВА”