Драга Сеси

Писмо од промоцијата на „Се гледаме наскоро. Е.“, 14.6.2017, „Ла кања“.
  • Писмо од промоцијата на „Се гледаме наскоро. Е.“, 14.6.2017, „Ла кања“.
  • Драга Сеси,

    Почнав да пишувам неколку писма како одговор на твоето, но надвор истураше и небото ми ги бришеше зборовите. Затоа станав, го отворив прозорецот од мојата кујна, и внатре влегоа сите ликови кои некогаш сум ги сонувал. Им сварив кафе и само се гледавме во тишина. Еден од ликовите предложи да си ги собуеме чевлите и да трчаме во кујната, и ние го послушавме. Откако се изморивме, почнаа да ми роварат по фрижидерот. Извадија кромид, лук, целер, моркови и спанаќ и сето тоа сакаа да го зготват на светлината од светулките кои летаа низ мојот двор и пееја лустративни песнички. „Сакате да ви го прочитам писмото на Сеси?“, ги прашав, и тие седнаа на масата како послушни забавачиња и внимателно слушаа. Збунети од писмото, ликовите од моите сништа почнаа да го пречекоруваат прагот од кујната и на сиот глас плачеа како никогаш нема да станат вселени кои можат да живеат во еден човек. Ги тешев со тоа дека ако ги преиспитаат своите одлуки, можат да бидат сè што ќе посакаат, но тие не можеа да посакаат ништо. „Сони ни едно посакување!“, ми наредија и јас заспав, но сонував дека сум плажа, сите зрнца песок на една плажа, и чекав да дојде плимата, додека месечината трепкаше како вљубена тинејџерка. Се разбудив и им го раскажав сонот, и тие, воодушевени, се престорија во град со модровиолетово тело, кое не знае да ја изговори буквата А.

    Убава вечер, и се гледаме во среда,
    Еписторие

    Тагови од објавата
    Напишано од
    More from Владимир Лукаш
    Точки на изгрејсонце / И така натаму / Тапетно лето
    „Вечен мир? Каков подмолен рекламен трик“, ѝ рече Ц (упокоен 1976) на...
    Повеќе
    0 replies on “Драга Сеси”