Музиката прикажана низ филм

Кон Skopje Cinema City – Фестивал на музички документарни филмови, 15-19 јуни, Кинотека на Македонија

Скопје во последно време, во музички поглед, е препознатлив по концерти на бајати бендови/артисти кој со залезот на својата кариера треба да ја задоволи жедта за забава на локалната публика. Како слепо црево на Европа отсекогаш сме биле заобиколувани, можеби и тенденциозно избегнувани, од сериозните и свежи бендови при нивните турнеи. Последната дестинација секогаш била, евентуално, Љубљана. Зошто е тоа така, од социјално/економски/политички аспект, нема да анализираме сега (што не значи дека не треба да се анализира посериозно во некоја следна анализа), но значајно е да го споменеме за потребите на овој есеј, каде фокусот е на едукативните аспекти и создавање на културно обликувана публика.

Музички, на ниво на сцена, можеби вслед сериозните политички турбуленции (уште една опстојна тема за анализа), сме прилично слаби, во смисол на комункација и соработка. Поединечните изблици кои комуницираат спрема надвор, не ја прават силна и локалната сцена. И покрај, квантитативно, извесниот број на настани, филмски/уметнички/музички, квалитaтивно, ретко што може да се издвои како нешто над просекот.

Тука секако не гледајќи се сами за себе, како изолирана средина, туку пред се компарирајќи се со регионот, што единствено може да ни даде малку пореална рефлексија за тоа каде се наоѓаме во моментов по однос на овие прашања. За медиумите кои би претставувале соодветна музика или би создавале критичка културна едукација, не само нужна, туку и пресудна за создавањето на здрава културна свест, не може ни да дискутираме.

Тогаш, од каде потребата за еден ваков настан, фестивал фокусуран на филм, и тоа на филм со музичка содржна? Нешто не само насочено, туку и специфицирано, само за одредена публика со одредени културни преференци или истенчени потреби. Колку имаме капацитет сето тоа да го сфариме како средина? Ненад Георгиевски, организаторот на овој фестивал, ни одгатнува:

  • Фестивалот си има свој концепт и историја. Се организира по трет пат, плус репризните изданија во февруари. После три изданија кога ќе се погледне програмата што поминала и посетеноста која расте ќе се увиди дека постои потреба за вакво нешто. Сега постои тренд каде има насочени филмски фестивали кои обработуваат филмови од една област. На пример, се сеќавам дека во Белград постоеше фестивал исклучиво за подводни филмови. Во Македонија веќе постои фестивал за планинарски филмови, потоа за кратки филмови или за анимирани филмови. Сега во околните земји почна и овој тренд со филмски фестивали за музички документарни филмови каде секој си ја насочува програмата сходно вкусовите во својата средина и во склад со можностите.
  • Публиката и покрај својата редуцираност, покажа соодветен интерес, но секако варирајќи. Како помодарски град, Скопје покажува интерес на отворањето или на некој филм со помодерна содржина, нешто актуелно во моментот или поврзано со моменталниот контекст. Потоа се’ спласнува, а така беше и со овој фестивал, за кој публиката едноставно нема капацитет да го следи во текот на своите пет дена траење.

  • Фестивалот си има убава посетеност која варира од филм до филм. Доаѓаат најразлични профили на луѓе кои ги спојува една работа – љубовта кон музиката и кон убавите културни вредности. Ова не е само прикажување на музички биографии туку се филмови кои на било каков начин, директен или индиректен, обработуваат теми поврзани со музика. Тоа се теми со социјална содржина, патешествија, тематски филмови, анимирани филмови, покрај портретите. Верувам дека неговата вредност ќе се покаже во должина односно со претставување на интересни содржини, идеи и концепти. Верувам дека инвестирањето во квалитетот на програмата – разновидноста, непредвидливоста, гости, интересни концепти и содржини ќе помогнат да се одржи интересот за ваков настан . Скопје има публика за секакви настани, но публика и редовна посетеност се градат со тек на време. Не постои краток пат кон тоа. – вели Ненад.
  • ССС е фестивал чија главна тема е музиката прикажана низ филм, каде без оглед на жанрот или годината на продукција, целта е да создаде музичко искуство и патешествие, низ приказ на богатството на музичкиот свет навлегувајќи во поединости и детали. Филм посветен на клучната година во џез музиката – 1959 – година кога се појавуваат најзначајните албуми во рамките на жанрот; непознати или ретки животни перспективи за добро познати артисти, кој можеби ете и не сте ги знаеле, како детали за дизајнерот на каверите на Крафтверк или пак раната артистичка фаза на Дејвид Боуви; или можеби случајностите кој ја одредуваат иднината на цел еден правец како боса новата т.е. која е “Девојката од Ипанема” која во клучниот момент, 1962та, поминува по бразилските плажи. Теми кои, како музички слдокусци би ве заинтересирале дури и доколку темата или музичарот/стилот не ви се толку блиски.

    Сепак која е идејата позади Skopje Cinema City? Целта нешто да се промени, дали има единствено забавен карактер или интенција да информира или едуцира?

  • ССС е филмски фестивал за музички документарни филмови и како таков стои помеѓу два светови – филмскиот и музичкиот. Тој го зема најдоброто од двата светови и го презентира преку својата програма. Тој си има свои концепти и некоја своја логика како овие филмови се презентирани. Не го гледам само како изложба на подвижни слики со популарни имиња и нивните музики туку и како една платформа каде се прикажува богатството и длабочината на современата музика. На директен начин, фестивалот е продолжение на моите активности како музички новинар и затоа на ова гледам и како еден вид на часопис за музика и филм – документаристиката е нов вид на новинарство но на еден поинаков, подиректен начин. Од друга страна, не сакам моето дете да израсне во средина каде исклучиво доминира турбофолкот. Во можност сум да не го дозволам тоа. Сето ова укажува на различните карактери кои фестивалот ги има – забавен, информативен и едукативен.
  • На крај и еден пријателски совет до организаторот: мај/јуни се месеци кога во Скопје (освен во септември/октомври), се случуваат сите можни културни збиднувања. Во недостаток од истите во текот на годината и со цел фокусирање на публиката и вниманието кон фестивал со ваков возбудлив концепт, сепак попрепорачливо би било доколку се одвојат овие пет дена во порелаксирана сезона. Во секој случај, потребата од еден ваков фестивал, за развојот на едно здраво музичко/филмско милје во локалниот културен контекст е неспорен. Во нетрпеливо исчекување на репризното издание некаде во февруари.

    Тагови од објавата
    , ,
    Напишано од
    More from Тони Димитров
    За работникот низ историјата и генезата на „Капиталот“
    Кон Младиот Карл Маркс Режија: Raoul Peck Сценарио: Raoul Peck, Pascal Bonitzer,...
    Повеќе
    0 replies on “Музиката прикажана низ филм”