Почитувани Еписторијанови

Писмо од промоцијата на „Се гледаме наскоро. Е.“, 14.6.2017, „Ла кања“.
  • Писмо од промоцијата на „Се гледаме наскоро. Е.“, 14.6.2017, „Ла кања“.
  • Добивме писмо од гласноговорник на здружението на читатели на книгата „Се гледаме наскоро. Е.“, прочитано на 14.06.2017. во „Ла кања“. Со дозвола од генералштабот на романот, решивме да го приложиме во целост.

    Ние сме здружение на читатели на „Се гледаме наскоро. Е.“ кои сакајќи да ви пишеме, сфативме дека ќе мора да отпатуваме. Зашто, за да се пишува писмо, мора да се биде или предалеку или преблизу. Се решивме за првото, зашто сите до еден имаме важечки книжевни пасоши. А и лето е. Претопло е за преблизу. Ако Еписторија патуваше во првиот дел од романот, Еписторие во вториот, нам ни беше ред да заминеме во третиот дел.
    Еписторија Глаголаевна (еднаш и Гладодаевна) е и Епи, Епика, Епист, Епија, Епикурејка, Епижама, Епепевка, Епилепсија и Епистофанија во романот. Еписторие Никифоровен е и Епистофание, Епитафсторие, Еп., Е(х), Епис и Епигеј. Затоа и ние себеси, освен Читатели Разбираевни (еднаш и Зачудаевни), милуваме да се нарекуваме и Читантели, Чирактели, Чин-чин-татели, понекогаш и Чуритатели.
    Уплативме егзотична тура во германскиот среден век. Но, во Гутенберговиот музеј, додека го разгледувавме најзначајниот експонат – Гутенберговата Библија, една од најубавите отпечатени книги на светот, вратите на музејот се затворија. Заробени сме. За нашата слобода, неопходно е да објавите што побрзо нова книга и да ни ја пратите. Една или две. Заедно или посебно. Како сакате, само побрзо. Дотогаш нѐ хранат само со две традиционални сирења наизменично: еднаш Handkäse, другапат со Handkäse mit Musik. Првото е жолто киселкасто сирење маринирано во оцет, второто маринирано во музика. Пратете нова книга што поскоро, сакаме да се вратиме во домашната книжевност и во домашните сирења макар без музика.

    Срдечен поздрав во име на заробеното здружение на читатели на „Се гледаме наскоро. Е.“ во Гутенберговиот музеј во Мајнц:
    Силјана Штрковска
    Мона Самоникова
    Рацо Кочин
    Цепенка Маркова
    Небеска Скопјановна

    Тагови од објавата
    More from Оливера Ќорвезироска
    Црвени вистини
    Во левата рака држи црвено пенкало и одвреме-навреме подвлекува. Внимателно, бавно и...
    Повеќе
    0 replies on “Почитувани Еписторијанови”