Џесика Хотен Вилсон: Mодерната верзија на палење книги

Непристојните книги моментално ставени на метафоричка клада се класици, драми од Шекспир, Софокле, модерна поезија или било кое друго дело во хуманистичките и либералните уметнички сфери.

Во 1933 година, нацистите спалиле илјадници книги во масовен пожар што требало да го претставува заминувањето на старото движење во пламен и создавање на новото „од пламенот во нашите срца“, пропагандата на министерот Џозеф Гебелс.
Наместо да направат спектакл од „палењето книги“, американските институции во 1940тите и 1950тите години ги расчистија полиците во библиотеките од субверзивни содржини, цензорираа книги од државните училишта, и сега, децении подоцна, ги убедуваат луѓето за бескорисноста од читањето. Она што започна како антифашизам стана нова форма на фашизам, иако тајно и умно конструирано. Како што предвидуваше Хјуи Лонг: „Се разбира, ќе имаме фашизам во оваа земја, а ние ќе го наречеме антифашизам.“ Непристојните книги моментално ставени на метафоричка клада се класици, драми од Шекспир, Софокле, модерна поезија или кое било друго дело во хуманистичките и либералните уметнички сфери. Мораме да го жртвуваме старото за да се направи место за новото.
Поетот на дваесеттиот век В.Х.Оден стравуваше дека Америка ќе оди по патот на фашистите и во неговите песни и говори, тој постојано користеше сатира за нашата каприциозна наклонетост. Кога Оден се пресели во Америка во 1939 година, во екот на Втората светска војна, тој го објави The Unknown Citizen во Њујоркер, поема која го опишува бесмислениот, верен живот на анонимен американец. Во секој поглед, песната звучи како да се потсмева на тоталитарните режими на Европа и окупираните земји во Советскиот Сојуз; сепак, Оден покажа со прст кон нас. Референците за „Унија“ на „Fudge Motors, Inc.“ (т.е Форд Моторс), автомобили, „Installment Plan“ (претходник на кредитни картички), и, за жал „Eugenicist“ (веројатно мислејќи на Д-р Кларинс Гембл од медицинското училиште на Харвард), сите укажуваат на тоа дека пародијата е насочена кон Америка. Да не спомнуваме, дека насловот е извлечен од гробот на „Непознатиот војник“, американскиот спомен на неидентификуваните паднати војници од Првата светска војна.
Песната завршува со овој двостих:

„Дали беше слободен? Дали беше среќен? Прашањето е апсурдно: Ако нешто не е во ред, сигурно ќе слушнавме.“

Како што потврдуваат овие последни реченици, она што недостасува од идентитетот на овој верен граѓанин е слобода, среќа и, најважно, глас. Читателот се прашува дали непознатиот граѓанин знаел дека бил поробен и несреќен, или дали би бил замолчен ако протестирал.
На 15 јануари 1934 година, Оден одржа говор на Харвард на тема „Vocation and Society“, во кој тврдеше дека, во фашистичкиот систем, да се биде продуктивен граѓанин е највисок повик. Вие ја вршите работата што ја бараат од вас, како и неговиот „непознат граѓанин“ кој „ги задволувал неговите работодавци“. Вие соодветно реагирате на рекламирањето со аплицирање за кредити и конзумирање „сè што му е потребно за современиот човек“. И, пред сè, поетот забележува: „Никогаш не се мешај во образованието (на твоите деца)“. Создавањето модерна тоталитарна држава зависи од граѓаните, што значи едукација од многу рана возраст за да ги сакаат работите со кои ги снабдува државата – материјална акумулација.
Исто како што нацистите и советските почнаа да го перат мозокот на своите деца да заземат улога во развојот на нивните тоталитарни утопии, така што ова неименувано, но навидум американско општество го фали граѓанинот кој не се меѓа во програмирањето на младите. Од гимназијата, децата мора да се формираат како работници, работна сила, кои најмногу сакаат да заработат и да трошат пари. Оден тврди дека фашизмот бара објективна професија наметната од државата, така што субјективното стручно водство станува револуционерен потег. Рефлексија на тврдењето на Оден, Алан Џејкобс пишува: „Со други зборови, хуманистичкото образование кое ги охрабрува студентите да размислуваат стручно е само по себе одбивање на фашизмот – можеби една од потрајните моќни побивања што може да се замислат.“ Хуманистичко образование како моќен протест.
Кога Оден го предаде овој говор во публиката беше претседателот на Харвард, Џејмс Брајан Конант, поранешен професор по хемија кој го советуваше претседателот Труман да се ослободи од атомските бомби на крајот од Втората светска војна. Џејкобс споменува дека Конан „ги декласирал хуманитарните науки, верувајќи дека немаат доволно придонес во поствоениот pax Americana“. Многу малку е потребна имагинација за да се види поврзаноста на Џејкобс, меѓу посветеноста на Конант во уништувањето на Хирошима и Нагасаки и неговото откажување од либералните уметности. Не е изненадување што Оден Конант го нарече „вистинскиот непријател.“

    Програмата „ОТПОР“

Кога Оден предаваше на колеџот наУниверзитетот во Мичиген (1941-1942), тој вовел наставен план насловен како „Судбината и поединецот во европската книжевност“, кој стана познат по својата опсежна листа книги: 6.000 страници, вклучувајќи ја Боженствената комедија на Данте, Исповеди на Августин, Моби Дик од Мелвил, Браќата Карамазови од Достоевски и четири оперски дела меѓу останатите. Оден ги предаваше овие класици затоа што веруваше дека образованието во хуманистичките науки е најсигурниот начин да се соочи со фашизмот, да се бори против идеологијата на полицијата на тоталитарните режими и да се заштити од секое општесво кое само се обидува личноста да ја направи потрошувач. За среќа, Универзитетот во Оклахома ја реактуелизираше листата за читање на Оден за студентите за која се смета дека е најтешкиот курс што некогаш го имале.
Сепак, мнозинството од колеџите и универзитети низ Америка го следат патот на Конант, намалувајќи ги нивните опции за либерални уметности за да направат просто за државно одобрени вокации. На пример, во 2019 на Универзитетот во Тулса, првата институција за либерални уметности усвои радикален пресек за отстранување на 40% од своите хуманитарни програми. Професорот по филозофија во Тулса, Јакоб Хауланд, објаснува: „Многу институции се бореле да одговорат на колапсот на високообразовниот меур со отфрлање на либералните уметности и пумпање на практичните: здравство, компјутерски науки, бизнис и други технички области кои ветуваат работни места веднаш по дипломирањето.
Како што предвиде Оден, кога едно лице „се запишува на колеџ, / Вистината е заменета со Корисно знаење“. Американците се фокусираат на практични работни места кои произведуваат економско трудољубиви граѓани, а не на оние кои ја познаваат и ја сакаат вистината. Со тоа, можеме да го пропагираме фашизмот.

    Добри прекини

На крајот на април, завршив со предавање на еден годишен курс кој започна со трилогијата Едип на Софокле и заврши со современи дела (како и курсот на Оден). За крајот, студентите имаа триминутна презентација за да ја пренесат мудроста. Една од моите бизнис специјализанти почна да зборува на овој начин: „Сакам да бидам свесна. Сакам да размислувам за она што го конзумирам и апсорбирам однадвор, наместо бездушно да го прифаќам сето она што ми го кажува светот.“ Студентот потоа призна дека учествувала на концерт на Мowgli каде бендот тврдел дека верува во љубовта кон другите, но потоа пееле песна со стиховите „I’m good, I’m good… Living life just like I should.“ Мојот студент застана и ризна, „Јас се чувствував како да слушам рок верзија од песната на Волт Витман Song of Myself.“ Поезијата што ја дискутиравме на час го прекина нејзиниот живот. Таа веќе не може да ужива во музиката што претходно ја слушаше, без да размислува за тоа како песните ги обликуваат нејзините желби.
Во дваесет и првиот век веќе не треба да палиме книги, бидејќи поголемиот дел од културата, особено нашите образовни институции, нѐ убедија да го отфрлиме читањето на несакани текстови! Но, ако сакаме да бидеме слободни и среќни, мора да останеме свесни. Треба да читаме книги кои не се бестселери. Независно дали книгите се класици или нови, треба да ги читаме книгите што ги оспоруваат современите обичаи, кои се справат со трајни прашања и кои не го игнорираат нашиот длабок немир. Повеќе од кога и да е, ние треба да се мешаме во образованието, особено кога родителите ги охрабруваат своите деца го промовираат лажното чувство на сигурност на работното место, или кога наставниците ги советуваат учениците да добијат сертификати и поминуваат повеќе време за градење на резимеа отколку ангажирање во литература, филозофија и уметноста.
Оден се грижеше дека американската култура е исполнета со она што тој го нарекува „middlebrow“, група која „не сака да стане мудра, само за да биде мудра“. Што добива таквиот човек стекнувајќи наслови и признанија додека стои на работ од цивилизацијата?
Имам голема надеж дека, покрај и над богатството, ќе научиме да наградуваме мудрост.

    Есеј на: Џесика Хотен Вилсон. Вонреден професор по книжевност и креативно пишување на Универзитетот Џон Браун, каде исто така работи и како помошник директор. Таа е автор на три книги: Giving the Devil His Due: Demonic Authority in the Fiction of Flannery O’Connor and Fyodor Dostoevsky, Walker Percy, Dostoevsky, and the Search for Influence и Reading Walker Percy’s Novels.

Извор:
www.isi.org/

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
За „Пазарот Барселó“ – прво дело на Алмудена Грандес преведено на македонски јазик
За „Пазарот Барселó“ - прво дело од Алмудена Грандес преведено на македонски...
Повеќе
0 replies on “Џесика Хотен Вилсон: Mодерната верзија на палење книги”