Новите генерации писатели и Вирџинија Вулф

Нејзината фикција е населена со ликови чие чувство за себе е неизвесно, нивните внатрешни животи се во судир со личноста што ја претставуваат кон надворешниот свет.

„Ако сме жени, ние размислуваме преку нашите мајки“, пишува Вирџинија Вулф во „Сопствена соба“ потенцирајќи го отсуството на жените од книжевниот канон и книгите низ историјата. Но, по нејзиното самоубиство во 1941 година, Вулф станува икона: нејзиниот живот и работа се предмет на вистинска почит, од академски студии и биографии до романи, телевизиски серии и неодамнешна балетска изведба. Во 2018 година, беше отворена голема изложба инспирирана од нејзината работа во Tate St Ives која патуваше до Сасекс и Кембриџ (места силно поврзани со Вулф), додека пак филмот Вита и Вирџинија кој ја обработува темата на нејзината афера со Вита Саквил-Вест ќе биде промовиран овој месец. Вирџинија Вулф и понатаму останува моќна личност за сите генерации жени.
Самата Вулф поминувала значајно време размислувајќи за тоа како потомците ќе гледаат на неа и на нејзините пријатели. Најголемиот дел од својот живот го поминала во Лондон, зајадливо забележувајќи дека градскиот пејзаж постојано ја потсетувал, на секој чекор, за исклучувањето на жените од јавната сфера: скитајќи по улиците, украсени со слики од побелени политичари славејќи ја нивната служба во Британската Империја, таа била заинтригирана од реткото појавување статуи на жени, што веројатно ja претставува алтернативната историја во која би можела да се најде и таа. Неодамнешните кампањи за подигнување на статуа на Милисент Фосет пред парламентот, или појавување на ликот на Џејн Остин на банкнота, исто така, ја потенцираат важноста на таквата застапеност (помалку од 3% од статуите во Велика Британија се од жени кои не припаѓаат на кралското семејство), беше во сооднос со сопствениот повик на Вулф за жените да го заземат своето заслужено место не само во институциите во својата земја, туку да бидат видливи и во физичкиот пејзаж.
Денес, Вулф е запаметена и заштитена од National Trust како и нејзиниот дом во Сасекс, куќата на Монк и бистата на Стивен Томлин на плоштадот Тависток во Блумсбери, нејзинат адреса на живеење помеѓу 1924 и 1939 година. Локалната уметничка добротворна организација Aurora Metro, започна кампања за собирање 50.000 фунти за инсталација на статуа на Вирџинија Вулф во Ричмонд, градчето каде што живеела во периодот од 1914 до 1924 година. Ако ги исполнат целите за финансирање, Вулф засекогаш ќе седне на клупа, мирно гледајќи кон реката Темза.

Во неговата кратка книга, објавена во соработка со кампањата, Питер Фулагар сакаше да се спротивстави на општото гледиште дека Вулф не го сакала Ричмонд. Тој твдри дека фикцијата, претставена во филмот The Hours во Мајкл Канингхем во 2002 година, во кој ликот на Никол Кидман вели „ако треба да избирам помеѓу Ричмонд и смртта, избирам смрт“. Зборови што не ги кажала Вирџинија Вулф туку сценаристот. Напротив, тој објаснува, деценијата на Вулф во Ричмонд била исклучително продуктивна и исполнета.
Живиот портрет на Фулагар се реактуелизира и издвојува од другите биографии и автобиографското пишување на Вулф: нејзиниот ран очај да избега од својот семеен дом во Кенсингтон за ветувањето за независност на Блумсбери, нејзините блиски пријателства со колеги писатели и уметници, повторливата периодичност на „ментална нестабилност“ што ја огорчуваше. Во 1914 година, доведена до точка на колапс поради написот на нејзиниот деби роман The Voyage Out, таа и нејзиниот сопруг Леондард се преселиле во Ричмонд, за да ѝ обезбедат мирно засолниште во кое треба да се опорави. Куќата Хогарт, за Вулф, за неа беше место за мир и затворање. Сепак, таму напиша неколку значајни дела, вклучувајќи ја и Jacob’s Room и Mrs Dalloway.
Ако книгата на Фулагар е слаба за анализа, тоа е затоа што навистина некои проширени, контекстуализирани фрагменти од нејзините дневници и писма од тоа време, ја прикажуваат Вулф во нејзините најсјани времиња, пробувајќи техники кои подоцна ќе ги адаптира во својата фикција, анализирајќи се себе и оние околу неа, и таргетирајќи детали од секојдневјето со остро и љубопитно око. Тој заклучува дека „животот во Ричмонд ѝ дава слобода на Вирџинија во нејзиното пишување, слобода да порасне како личност и повторно слободна да размислува за себеси.“ – достојна основа на која треба да се повика статуата.
Но, посилното и нијансирано наследство на Вулф живее не само на статични предмети, туку и во нематеријалното таа продолжува да влијае и на писателите и на читателите. Во последните години се забележува појавата на популарниот жанр на non-fiction, понекогаш нарекуван bibliomemoir: интимна мешавина од мемоар и литературна критика која истражува, на повеќе или помалко лично откривачки начин, влијанието на одреден писател или книга врз авторот, и (често) терапевтски придобивки од постојаниот однос со саканата литертура. Меѓу последните примери се My Life in Middlemarch од Ребека Мид, Mrs Gaskell and Me од Нил Стивенс и The Reading Cure од Лаура Фримен.
Тоа е тежок жанр, навлегувањето на биографот и субјектот во лична врска ризикува да се издигнат значителни разлики, додека потрагата по современи паралели може да чини ригорозен ангажман кога е во прашање работата. Сепак, во најдобар случај жанрот може да понуди радикален увид во чинот на читање и пишување, испитувајќи како нашиот ангажман со книгите е длабоко погоден од околностите на нашето читање, како и начинот на кој материјалните услови под кои се напишани книгите неизбришливо ја обликува нивната текстура.

„Можеби постои по една книга за секој живот“, вели Кетрин Смит во нејзиниот предговор во All the Lives We Ever Lived. За Смит, Кон светилникот од Вулф е роман кој, според неа, „раскажува приказната за сè“. По смртта на нејзиниот татко, Смит романот на Вулф го гледа како објектив преку кој се соочува со нејзините конфликтни спомени за нивната врска и како помош за процесирање на тагата за неговата прерана смрт. Смртта на родителите на Вулф во формативна возраст – нејзината мајка умрела кога Вирџинија била 13 години, нејзиниот татко, кога имала 22, тие биле од суштинско значење за нејзиното чувство за себе, и таа останала опседната со сеќавањата за нив. Подоцна таа го пишува романот Кон светилникот, преку портрет на архетипската мајка, г-ѓа Ремзи: „направи го за себе она што психоаналитичарите го прават за своите пациенти“. До 1939 година, кога таа почнала да го чита Фројд, со што Вулф успеала да ги опише нејзините емоции околу нејзиниот татко: „дека овој насилно вознемирувачки конфликт на љубов и омраза е заедничко чувство; и се нарекува амбивалентност.“
Иако Смит не прави експлицитни споредби меѓу нејзиниот татко и таткото на Вулф, амбивалентноста може да ги карактеризира и нејзините чувства. Како дете, таа во него гледала херој, сметајќи се себеси за „ќерка на бог“. Сепак, по неговата дијагноза на рак, кога Кетрин бил 11, нејзините сеќавања за совршеното детство се заменуваат со адолесценција и зрелост обележани со редовни посети во болниците, и бесот и беспомошноста кога го гледала дека продолжува да пие и пуши додека неговото здравје се влошувало.
Нејзиниот татко ѝ се чинел „неверојатно мудар“; гледајќи со возрасни очи, Смит ја става во сурова проза неможноста да се помири со идеализираната слика за човекот пред неа, алкохоличар чија рамнодушност кон сопствениот живот врши неподнослива жртва на оние што го сакаат. „За да тагувам“, пишува Смит, „да се биде совладен, повторно и повторно, од серија епифании, кои, ставани на хартија, звучат болно банални.“ Прогресијата на долгата болест на нејзиниот татко е прикажана во сеопфатен детаљ што е болно за читање, но не банално: Смит е елегантна и моќна писателка, нејзините реченици се преполнети со внимание на детали и богати со самоиспитување.
Сепак, премисата на книгата е нешто како црвена харинга: се до последната третина, по смртта на нејзиниот татко, врските меѓу нејзината приказна и Вулф почнуваат да се забележуваат, па дури и тогаш тие остануваат малку коси, ако не и слаби. Како што Смит го гради портрет на својот татко преку мешавина на долги и кратки вињети, паралелите се навестуваат со ликовите на Вулф, само за да се повлечат: дали Џефри е неспособен патријарх; г-дин Ремзи, парализиран од неговото чувство на неуспех? Кога Смит разговара за бракот на нејзините родители, накратко може да биде Паул, младиот љубовник во кого г-ѓа Ремзи ги вложува своите надежи за иднината; по неговата смрт, на возраст од 59 години (исто како и Вулф), тој станува верзија на самата г-ѓа Ремзи, утешна мајка со доза на темнина, која го држи семејството заедно и чија смрт ги остава „срушени“. Но, навистина ова не е приказна на Вулф, туку само на Смит: не само истражувањето на тагата и семејството, туку обид да се разбере сложеноста на искуството и односите и да се следи Вулф во нејзината „тековна борба да се најде вистината и значењето во еден свет каде што и двете се бескрајно менливи.“

На некој начин, улогата на Смит е слична на онаа на Лили Бриско во Кон светилникот – уметникот кој се обидува да ја разбере својата тага преку нејзиното сликарство, за да ја разбере г-ѓа Ремзи, за да ја оживее, некако, преку уметноста. Смит гради впечаток на нејзиниот татко преку слики од меморијата од детството: палење оган, играње тенис, мраз, пливање и едрење. Нивната летна куќа на островот Род е складиштето на поголемиот дел од најсреќните сеќавања на Смит, исто како што Таландската куќа во Св. Ив (Светилник на Господ, видлив од крајот на градината) претставена од Вулф, како совршенството на деновите со нејзината мајка, пред да почне трагедијата во семејството. Подоцна, Смит од пријателите дознава за очајниот живот на татко ѝ, пред да стане нејзин татко, за патувањата низ Америка, формирајќи влијателно списание за архитектура. Но, позначајни се уште се деловите на неговото битие, до кои Смит нема пристап: скриените истории и тајни. Таа е свесна дека не може целосно да го запознае својот татко; не може да биде сигурна што нејзиниот татко им значел на старите пријатели кои зборувале на неговиот погреб, чија почит одвај ја препознава или ги разбира врските на мизеријата и поврзаноста што го карактеризирале бракот на нејзините родители.
Овие прашања – како можеме да ги запознаеме другите, или себеси Вулф ги практикува длабоко: нејзината фикција е населена со ликови чие чувство за себе е неизвесно, нивните внатрешни животи се во судир со личноста што ја претставуваат кон надворешниот свет. Како што Лили Бриско на крајот се откажува да ги разбере другите, и Смит си бара копнеж „за ритуал, за структура, за некој организациски принцип со кој би се спротивставил на ужасната бескрајност на загубата“ – пишувањето на ова книга, и препрочитувањето на „Кон светилникот“, формираат сидра во овој бурен подарок.Поднасловот на книгата е „барање утеха во Вирџинија Вулф“, но олеснувањето што Смит го наоѓа во нејзиното читање не е толку добро чувство како потврда на солидарноста. Без оглед дали на Вирџинија Вулф ќе ѝ биде доделена нова статуа, таа живее насилно од начинот на кој сè уште може да влезе во нашата (не)свесност, со нејзината неверојатна способност да резонира во најнеочекуваните моменти.

Извор:
www.prospectmagazine.com

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Заминувањето/патувањето како тема во дел од помладата македонска поезија
(Ќе од Мане Манушев и куќичка за птици-преселници од Ѓоко Здравески)
Повеќе
0 replies on “Новите генерации писатели и Вирџинија Вулф”