Дарвин продолжил да истражува дали пред милиони години се развивал живот во она што е денес. Видовите какви што ги знаеме не биле создадени од Господ, туку биле резултат на еволуцијата, развојот, по што следувало дека човеколиките мајмуни се нашите најблиски роднини. Ова биле скандалозни тврдења. Случајот на Дарвин не бил научното набљудување што ги затресло темелите на религијата, туку го претставувал поместувањето на божественото откритие од историјата. Дарвин бил историчар кој го трансформирал современиот свет. Оттогаш, Дарвиновата теорија била многупати потврдена, иако не успеала во убедувањето со буквален опис на создавањето. Од античките Грци, потрагата по рационално објаснување и намалување на простите формули станала основа на научната мисла. А така е и денес.
Полскиот математичар и астроном, Никола Коперник, забележал дека Земјата се врти околу Сонцето. Италијанецот Галилео Галилеј дал дополнителни аргументи. Англичанецот Исак Њутн ја открил гравитацијата. Алберт Ајнштајн работел на неговата теорија за релативитет. Тоа била европска трка низ вековите. Од древните Грци, потрагата по едноставна, сеопфатна формула ја формира основата на научната мисла. И денес е така.
Што е човекот? Што не е? Од што е направен светот? Древната Грција била театар на интелектуална револуција. Имала многубројни школи на мислата, архипелаг на мали академии чии филозофи постојано се натпреварувале. Некои забележувале и коментирале, а други барале филозофски одговори. Херон бил грчки мислител, љубопитен и креативен истовремено. Дури 1.400 години пред Леонардо да Винчи, овој инженер и математичар веќе градел комплексни машини, како што се машината за вино или млеко, ветерницата и претходникот на парната машина. Филозофот Демокрит имал идеја дека тој, во теорија, го сечел јаболкото на мали парчиња. Но, би можел ли засекогаш да го прави тоа? Демокрит се сомневал дека одговорот е „не“. Тој мислел дека на крајот ќе стигне до неуништливи мали делови што најпосле не ќе може да се поделат. Овие делови ги нарекол „атоми“, според грчкиот збор atomos, што значи неделлив. По 2.400 години, сѐ уште ја туркаме оваа граница во срцето на Европа.
Во истражувачкиот центар на ЦЕРН во Женева продолжува истрагата почната од Демокрит. Околу 13.000 истражувачи од 85 земји ги ловат најмалите делчиња, покажувајќи дека античките принципи сѐ уште се применуваат. Поставуваат теорија која понатаму ја тестираат со експерименти. Се занимаваат со прашања кои не се помалку важни од основните принципи. Тоа е фундаментална наука, управувана од љубопитност. Најголемата машина служи за проучување на најмалите честички. Таа има огромен акцелератор на честички, долг околу 27 километри. Тоа е тунел до најдалечните граници на нашето разбирање, а во него е најбрзиот акцелератор на честички во светот. Со оваа машинерија може да се добие одговорот на основните прашања што некогаш постоеле. Кои сме ние? Од каде доаѓаме? Каде одиме? Кога ЦЕРН била основана во 1954 година, Европејците заедно го почнале истражувањето, а денес ова истражување сѐ повеќе ѝ помага на науката.
Поевтиниот акцелератор „Демокрит епл“ чини колку 20 фудбалски стадиони и е подолг од најдолгата патека за Формула 1. Физичарите планираат да ја користат оваа машина само за една работа – да најдат ситни честички. Во Европа се отвора вратата на една нова димензија на физиката.
Како и да е, партнерствата на европско ниво не биле новитет. Галилеј се допишувал со европските соработници, меѓу кои бил и младиот обожавател, Јоханес Кеплер, кој бил особено фасциниран од Месечината. Галилеј ја изработил првата карта на Месечината. На статуата на слонот, изработена од Бернини, во центарот на Рим, пишува: „Кој и да си, гледај го овој споменик како лекција“, сакајќи да каже дека внатре може да биде моќен само еден робустен дух. Тоа било иронично затоа што во 1633 година, веднаш зад денешниот споменик, Галилеј бил присилен пред инквизицијата да го негира тврдењето дека Земјата се врти околу Сонцето. Тој го докажал тоа во „Дијалогот на двата светски системи“, книга која до 1825 година била на листата на забранети текстови во Ватикан, иако науката одамна докажа дека Земјата навистина се врти околу Сонцето, а не обратно. Ренесансата ја променила Европа во речиси секој домен.
Во наредните 300 години, Римската црква продолжила да тврди дека хелиоцентризмот бил еретичка доктрина. Инквизицијата го принудила Галилеј да ги отфрли теориите. Црквата не ја признала својата грешка сѐ до 1992 година, кога Галилеј конечно бил оправдан од папата Јован Павле Втори.
Откритијата на Галилеј го поттикнале развојот и на модерната ера. Во 1960-тите, луѓето за првпат слетаа на Месечината, поради перцепцијата на истражувачите кои развија ракетна технологија во Втората светска војна. Одењето на Месечината би било незамисливо за Галилеј. Но тој покажал како објектите би се однесувале во свет без атмосфера, односно, дека сите тела паѓаат на иста стапка како астронаутите од Аполо 15. Денес, нашето знаење за универзумот е сѐ попрецизно. Го наследивме процесот на учење што започнал во Европа пред 500 години.
Во ренесансата, вниманието се свртело не само кон Бог и небото, туку и кон самиот човек. Еден од најсоодветните примери за вакви поединци може да се најде во Фиренца. Тоа бил Леонардо да Винчи. Бил познат по неговите таленти, бил еден вид пионер. Фројд за него рекол дека Да Винчи бил човек кој прерано се разбудил во темнината, додека сите други сѐ уште спиеле. Да Винчи дизајнирал многу механизми, нуркачка опрема, подморници и летечки машини. Повеќето негови пронајдоци сигурно изгледале чудно за тоа време, но тој всушност бил далеку пред своето време.
Не само што Да Винчи бил сликар и пронаоѓач, туку и го трасирал патот на анатомијата. Не се ограничувал на површните набљудувања на човечкото тело и во текот на неговата научна и уметничка кариера дисецирал вкупно 30 трупови. Неговите истражувања дале нови и прецизни согледувања во внатрешноста на човековото тело. Тие биле голем придонес за науката и за уметничкиот свет. Како и многу други големи мајстори, така и Да Винчи верувал дека анатомијата била важен предуслов за сликање на човечка форма на платното. Неговото најпознато дело, славната „Мона Лиза“, ја започнал во 1503 година и ја чувал во работилницата сѐ до смртта во 1519 година, велејќи дека не е завршена.
„Мона Лиза“ на Да Винчи и денес е врвна слика. Во XIX век, критичарот Валтер Патер за оваа слика рекол дека во неа ја гледал историјата на Европа. Тука биле анимализмот на Грција, страста на Рим, мистицизмот на средниот век, враќањето на паганскиот свет и гревовите на Борџии. „Мона Лиза“ била типично олицетворение на Европа. Таа е веројатно најреномираната слика која некогаш била создадена. Секоја година, милиони луѓе ѝ се восхитуваат во Лувр.
Уште еден главен град се посветил на забавувањето на масите, традиција која постои и денес. Во 1599 година, во Лондон се родил нов вид на јавна забава – театарот „Глобус“. Во тркалезната зграда, еден човек со право бил наречен најголемиот драматург на Европа. Меѓу театарот и самите изведби постоела уникатна уметничка синтеза. Оние кои барале задоволство, можеле да го најдат таму.
Но што се сметало за забава во тоа време? Јавни погубувања, борби на петли, разни мамки, или мистерии, драми со ѓаволи, демони и алегориски фигури. А потоа се појавил човек кој добил инспирација од овие извори, дух на гениј кој овој турбулентен свет го претворил во уметничко дело. Драмите на Вилијам Шекспир ја вознемириле публиката. Невозможно било да се објасни богатството на неговиот свет без да се разбере „Вавилондон“ од неговата ера, големиот град покрај реката, дружењето со дворјаните, занаетчиите, проститутките, питачите и крадците.
Во Шекспировиот тркалезен театар „Глобус“, сѐ се вртело околу драматичниот емиоционален живот на луѓето. Публиката стоела пред сцената. Шекспировиот театар го опфаќал целото човечко постоење. Целиот свет е сцена, а сите мажи и жени се само глумци. Во тоа време, еден маж играл повеќе улоги. Древните Грци го измислиле театарот како култ кон боговите. Нивните драми биле наменети за едуцирање на луѓето. Шекспир учел од нив, но примарната цел му била да држи огледало пред општеството, да ја забавува публиката со визијата за светот во кој живееле. Ниеден друг драматург немал толку големо влијание врз еволуцијата на театарот.
Со демонска енергија, Шекспир пишувал комедии и трагедии кои ги осветлувале сите сенки на постоењето. Тој ни дал увид зад сцените на моќта и светот полн со инцест и магија. Делата како „Сон на летната ноќ“, „Како што милувате“, „Хамлет“, „Отело“ и „Ромео и Јулија“ се трогателни и по 500 години. Над сѐ, пишувањето на Шекспир одразувало пресврт и културно будење во Европа. Неговите дела се огледало на новото време, доба на немир во која глобализацијата предводена од Европа земала сѐ поголем замав.
Шекспир бил роден во 1564 година, исто како Галилеј, човекот кој открил дека Земјата постојано се движи околу Сонцето. И Шекспир бил трансформатор. Тој ги револуционизирал светот на драмата и приказните на сцената. Сепак, Шекспир бил дворски забавувач. Кралицата Елизабета Прва била негов прв патрон, а нејзиниот наследник продолжил да го поддржува. Елизабета Прва го сакала театарот. Пред неа, театарот бил наменет само за благородништвото, но таа го направила достапен за секого. Членовите од сите општествени класи доаѓале во театар. На сцената се прикажувале селаните, буржоазијата и благородништвото, групи кои биле претставени во публиката. Тоа бил нов феномен. Новиот социјален простор на театарот бил за масовна забава.
Тешко било да се следи Шекспир. Но многу европски писатели и изведувачи подоцна го усовршиле и прошириле спектарот на јавната забава, споделувајќи свои форми на уметничко изразување. Браќата Складановски од Берлин ги објавиле првите филмски проекции на 1 ноември 1895 година. Во исто време, француските браќа Лимиер ја изненадиле париската публика со подвижни слики. Филмот почнал како карневалска атракција, но се претвори во седма уметност. И во големата Шекспирова традиција, публиката доживеала еден вид неверување и брза промена на силни емоции. Брзиот подем на британскиот изведувач Чарли Чаплин почнал во 1914 година со улогата на скитник. И други ѕвезди, како Марлен Дитрих, имале меѓународна кариера. Дури по Втората светска војна, Европа се искачила на второто место во светот на екранизацијата, веднаш зад Холивуд. Сепак, Европејците и натаму имаат витална улога во златното време. Били Вајлдер, роден во денешна Полска, Шкотланѓанецот Шон Конери, Англичанецот Кери Грант, Австриецот Кристоф Валц и Британката Кејт Винслет се само неколку од легендарните Европејци во Холивуд.
(продолжува)
Превод: Елена Јошеска