Ренесансата – точка во која се спојуваат минатото и иднината

Англија уште од XVI век била моќна поп-култура, кога публиката ги следела претставите на Шекспир стоејќи пред сцената, исто како што 500 години подоцна, публиката ги следи концертите на музичките ѕвезди. Шекспировата традиција ја следеле и четири момчиња од Ливерпул, познати како Битлси.

Филмската индустрија создавала слики и модели по познати примери. Спектаклот можел да биде форма на главна забава. Но можел да биде и алатка за моќ, како во Версајскиот дворец. Сето тоа било една огромна сцена со богати сценографии и реквизити, апсолутизам на Луј XIV. Префинетоста била дел од дворскиот репертоар, а елеганцијата во сѐ била од клучно значење.
Луј XIV бил можеби најголемиот патрон на уметноста во светот. За време на неговото владеење цутеле сликарството и музиката. Претставителните и монументалните стилови биле водечки. Моќта, уметноста и занаетчиството биле здружени. Дворецот станал машина на културата. Ова била една од причините зошто и самото име „Франција“ денес се поврзува со убавината и естетската префинетост.
Версај требал да се претвори во политички театар, но амбициозните мажи и жени на власт биле заедно со играчите. Во 1682 година, палатата го заменила Лувр во Париз како седиште на владата. Министрите, службениците и благородничките семејства живееле и работеле во Версајската палата, окупирајќи повеќе од 2.000 соби во кои биле сместени до 20.000 луѓе. Луј XIV ги собрал најмоќните поданици на едно место и така ги контролирал. Војводата од Сен-Симон го опишал принципот велејќи дека кралот сакал раскош, луксуз и изобилство во сѐ. Ги поттикнувал другите да се препуштат на желбите за да го имитираат на некој начин. Оваа негова желба била распространета низ целиот дворец. Неговата милост можела да се стекне со екстравагантноста на масата, со облеката, опремата, домаќинството и игрите. Луксузот станал прашање на чест.
Еден пример за ова бил ритуалот познат како „гледање на кралот“. Во овој период, јадењето на кралот во дворецот добило ново значење. Ниеден друг европски дворец не бил поважен од Версајскиот. Луѓето околу Луј XIV посакувале да ги имаат неговите манири. Еден век порано, италијанската благородничка Катерина де Медичи се обидела да ги научи Французите на убавите манири за време на јадењето, обичаи чии корени потекнуваат од Италија. Стилот на кралот-сонце бил многу популарен во Европа.
Владетелите, посебно Германците, не само што ги прошириле градовите, туку и граделе палати со геометриски француски градини. Кон крајот на XVII век, многу европски кралеви ја гледале Франција со восхит и со завист, истовремено. Го имитирале францускиот стил на мебел и облека. Во францускиот дворец се развила луксузна индустрија во која Франција и денес е водечка сила. Француските луксузни производи биле масовно извезувани во XVII век. Сѐ што имало француско потекло се сметало за висока елеганција. Најновите креации биле претставувани на мали кукли во каталози, а потоа предметите биле испраќани низ цела Европа.
Европејците кои ја следеле модата биле воодушевени маѓепсани од Франција во тој период. Го обожавале префинетиот стил од саемот на суетата во Версај, а негови имитатори имало низ целиот континент. Француската облека, француските фризури, па дури и францускиот јазик бил копиран во Европа. Француските поими како „висока мода“, „манекен“ и „прет-а-порте“ и денес се користат во модната индустрија. Во XX век, талентите како Коко Шанел и Кристијан Диор од модата направија уметност со помош на нивните модни дизајни.
Една работа која не се променила од времето на Луј XIV е фактот дека Париз сѐ уште е неприкосновен моден град во Европа и светот. Градот изобилува со уметнички вештини и креативност, можеби заради тоа Париз секоја година ги произведува најактуелните модни трендови.
На исток, во Русија, можеле да се забележат траги од оваа просперитетна култура. Само неколку благородници биле свесни за животот во другите земји, а можноста за патување им покажала што имало надвор од нивните дворци. Петар Велики бил еден од малкуте кои ја имале оваа привилегија. Во 1697 година, тој тргнал на една голема обиколка. Тоа не било самостојно патување. Свита од 300 луѓе го следела Петар Велики на неговото патување низ Европа. Патувањето траело 18 месеци, при што тој ги посетил Полска, Прусија, Нидерланд, Англија, Саксонија и Австрија. Неговата цел била да се израмни со западните сили на континентот. Од Нидерланѓаните ја учел бродоградбата, од Прусите ја учел изработката на топови, додека Англичаните го учеле за финансиите.
По враќањето, Петар Велики ја започнал модернизацијата на неговата земја, следејќи ги примерите од европските држави. Првото нешто што го направил било издавањето официјален декрет со кој традиционалните бради ги прогласил за незаконски затоа што за него тие биле симбол на руската заостанатост. Самиот тој бил пример за спроведување на забраната, по што ги пратил берберите да ги избричат сите мажи. Од оваа забрана немало исклучоци, освен ако некој не добиел дозвола за својата брада. Петар Велики сакал да влезе во нова ера на раст и напредок на царството, да создаде општество со западноевропски стандарди. Ја реструктуирал власта, иницирал реформи, го промовирал образованието. Сето тоа што го видел и научил на Запад, сакал да го примени во својата земја.
Русија се приближувала до Европа и во географска смисла. Царот инсистирал на главен град со пристаниште и со пристап до морето. Поради тоа заминал од Москва и ја нарачал изградбата на Санкт Петербург, односно на „прозорецот кон Европа“. Тоа што можеби не изгледа дека Санкт Петербург е четврти најголем град во Европа, е резултат на неговиот тежок старт. Местото било мочурливо и немало доволно градежен камен. Петар Велики добил поддршка од Италија, Германија, Нидерланд и Франција. Народите од овие земји му го дале европското лице на градот. Нивната работа во архитектурата и денес е восхитувачка.
Петар Велики го поттикнал својот народ да погледне кон Запад. Ги натерал Русите да ги имитираат европските модни обичаи на драматичен начин. Целта била трансформација на рускиот живот, барем кај повисоките класи. Богатите Руси увезувале разни производи, а со тие стоки пристигнала и западната европска култура. Трговците, инженерите, архитектите, музичарите и драматурзите од Германија, Нидерланд, Англија, Италија и Франција се вклопиле на еден типичен европски начин. Но таквото барање било порачано одозгора, а поделените Руси требале да се усогласат со Западот. На тоа мислел и Достоевски кога напишал дека имаме две татковини, Русија и Европа, а кој и самиот се преселил во Санкт Петербург. На едната страна бил просветлениот, софистициран Запад, а на другата била Русија која можеби малку заостанувала во некои аспекти, но сепак била во склад со духот на луѓето. Така се случила врската на љубов и омраза меѓу Русија и Западот, врска од која произлегле денешната привлечност и недоверба.
Рускиот автократски систем се задржал и денес. Прво се случило владеењето на царевите, па Октомвриската револуција во 1917 година ставила крај на таквата власт. Потоа се појавил комунизмот, а Сталин со бруталност спровел диктатура над пролетеријатот.
Во тој период, односно во 1960-тите, во Западна Европа се случила експанзија на популарната забава. Англија уште од XVI век била моќна поп-култура, кога публиката ги следела претставите на Шекспир стоејќи пред сцената, исто како што 500 години подоцна, публиката ги следи концертите на музичките ѕвезди. Шекспировата традиција ја следеле и четири момчиња од Ливерпул, познати како Битлси. Неверојатната четворка продала повеќе од една милијарда плочи со што Битлси станале најуспешните музичари во европската историја. Звукот и стилот на Битлси оставиле белег врз целата генерација. Подоцна, со појавата на Ролинг Стоунс, се формирале двата столба врз кои се развивала поп-музиката во шеесеттите години. Од една страна биле Битлси, убаво облечени момчиња со добро однесување, а од другата страна биле Ролинг Стоунс, диви, непредвидливи и песимистички момци. Нивните стилови биле крајно спротивни; Love, love, love наспроти I can’t get no satisfaction.
На 26 јуни 1966 година, Битлси дошле на турнеја во Хамбург, а нивните обожавател(к)и полуделе од возбуда. Оттогаш обожавателската култура станала составен дел од ваквите настани. Веднаш по почетокот на концертот почнале и обидите за одржување на пристојноста, но набрзо сите полуделе. Лудилото било толку гласно што дури ни бендот, ни публиката не можеле да ја слушнат музиката.
Но, 150 години пред Битлси, низ Европа се ширел друг вид музичка револуција која овојпат почнала од Австрија и Германија. Политички, на почетокот на XIX век, Виена била прилично конзервативна, но од музички аспект, таа била во центарот на револуцијата. Додека делегатите во Виена во 1815 година ги играле истите валцери, Бетовен ја создавал неговата деветта и последна симфонија. Лудвиг ван Бетовен, роден во Бон, нашол патрони во Виена кои ја финансирале неговата музика, но и неговиот живот.
Во Виена денес има споменик кој го прикажува Бетовен како полубог, додека ангелите во подножјето на споменикот ги симболизираат деветте симфонии. Исто како што Фиренца имала сликари и скулптори, така Виена станала инкубатор на музички дела со трансцедентна вредност.
Бетовен ја завршил композицијата која подоцна станала негово најпознато дело – „Деветтата симфонија“, која по речиси една деценија станала мало чудо затоа што до тогаш Бетовен речиси целосно оглувел. Тој едвај можел да ја замисли извонредната резонанца што ја имале неговите дела.
Берлинскиот хор на бегалци, во кој бегалците од Сирија, Авганистан и Ирак пеат заедно со Германците, направил химна од Бетовеновата „Ода на радоста“. Од 1985 година, „Ода на радоста“ станала химна на Европската унија. На Божиќ, 1989 година, еден месец по падот на Берлинскиот ѕид, „Деветтата симфонија“ на Бетовен била изведена во „Концертхаус“ и „Гендарменмаркт“, под раководство на Леонард Бернштајн. Но изведбата била со мала промена на текстот во последниот стих кој не почнува со зборот „радост“, туку со „слобода, убавата искра на боговите“. Таа била пресвртната точка во историјата на Европа и многумина кои пеат имаат подобра причина за спознавањето на вредноста на слободата. Заради тоа и дојдоа во Европа, каде што слободата е основно право.
Европската химна се пее низ целиот свет на својот оригинален јазик. Оваа музика е водечка за визијата на светот во однос на Европа. Обединувањето на Европа во препознавањето на заедничките одговорности и вонејзиното дејствување е сѐ поважно.

(крај)

Тагови од објавата
Напишано од
More from Кристофер Кларк
Ренесансата – точка во која се спојуваат минатото и иднината
Полскиот математичар и астроном, Никола Коперник, забележал дека Земјата се врти околу...
Повеќе
0 replies on “Ренесансата – точка во која се спојуваат минатото и иднината”