Во оваа книга се зборува за еден важен но многу трауматичен настан во историјата на Шведска, настан кој секогаш се сромнува по убиството на Олаф Палме. Зборуваме за убиството во семејството Фон Сидорф каде е убиен судијата Фон Сидорф и неговите две слугинки, дело направено од никој друг освен неговиот син Фредерик, што е последното што некој би го очекувал од него. Навидум е едноставен настан на син што си го убива таткото, но само површно. Вистината е дека тоа е само последниот чин на драма што се случува со години за која откако ке се дознаат повеке факти Фредерик би бил законски сметан за неспособен и трајно сместен во ментална установа. Неговата приказна и таа на неговата сопруга Софи се проткајани со неправда и безчуствителност, постаменти на воспитниот процес во Шведска во минатото и тој воспитен процес довел до стварање на две дисфункционални личности. Ова се двајца луѓе растени без љубов и под строг режим на авторитет од кои настануваат два различни карактера, Фредерик е депресивен и многу брзо менува расположение. Татко му во замена за љубовта и вниманието и сопственото присуство му дава пристап до пари, многу пари но тоа не е никаква замена за него или неговата болна сопруга навлечена на морфиум и опијати. Кога ќе види дека возот му излегува од шините т.е неговиот син од контрола малце е касно за превоспитување. Според тоа што Фредерик го покажува како симптоми има голема шанса да страда од одредена форма на биполарно нарушување, но не може со сигурност да знаеме и во тоа време да имаш било каков психолошки проблем е срам, како и вонбрачно дете или абортус.
Софи доаѓа од семејство во кое мајката го напушта семејството за друг маж и од тој момент веке не постои. Нејзините браќа и сестри го преживуваат моментот затоа што се помали, но Софи тешко го прифаќа ова целосно исчезнување на мајка и од нејзиниот живот и празната чинија на масата. Ги превзема нејзините семејни обврски кога станува доволно голема и станува партнер на нејзиниот татко и во тоа ја наоѓа смислата на животот, се до момемтот кога татко и се решава на идејата дека на нејзе и на другите им треба мајка и се преженува со Габи. Од тој момент ја нема загубено само мајката ама и таткото. Габи се сели во нивниот дом денот на роденденот на Софи, кој ако еден од синовите не го потсети татко му би бил целосно заборавен. За тоа време Габи ја фрла облеката на нејзината претходничка во отпад, и тоа е првото нешто што Софи го гледа кога се врака од училиште таа вечер. Од тој ден натаму нејзиниот живот се менува од корен. Таа никогаш нема да биде во добри односи со својата макеа и во конфликт татко и секогаш ке биде на страната на својата млада сопруга. Софи создава потсвесна желба да биде некому потребна и наоѓа на кого да му биде се, на Фредерик. Се среќаваат еден ден на островот каде што двете фамилии имаат викендички и еден во друг го пронаоѓаат тоа што им фали, стануваат неразделни. Софи е добра за Фредерик, но Фредерик не е за Софи. Додека двајцата се малолетни Софи забременува а бракот не е одобрен од двете страни. Фамилијата ја праќа Софи во странство со тетка и за да го роди детето и да го остави таму на посвојување. Збогувањето со детето додатно ја удира Софи, но си го добива назад откако Фредерик станува полнолетен и ја зема за жена. Отприлика ова е периодот кога другиот дел од личноста на нејзиниот сопруг се појавува на видик за нејзе. Фредерик станува зависник на алхохол и дроги, не живеат заедно и тој спорадично добива и губи интетес за своето семејство, но и натаму го сака и ке го сака до крајот што ке биде краток. По убиството кога ќе го најде полицијата ќе и испука куршум пред да се убие самиот и да стави крај на маките.
Мајката на Софи самата била амбициозна жена која без своја кривица завршува во брак брз љубов, каде што завршуваат и нејзините амбиции за кариера. По четири деца и години брак среќава романски музичар и заминува со него, барајки го тоа што го изгубила пред да се омажи. Добива развод и се премажува но го губи правото на децата од првиот брак. Кога вториот брак и пропаѓа и останува сама до две деца, првиот сопруг и излегува во пресрет со месечна издршка под услов никогаш да не ги гледа неговите деца. Нема избор освен да прифати. Ја гледа само Софи и тоа тајно додека и таа не престане да ја посетува. Општрствените последици од воспитувањето и овде играат улога и можеме да се враќаме наназад и наназад со генерации, ке се повторува се. Затоа мислам дека овие општествени околности придонеле во создавањето на личноста на Фредерик и не треба да биде етикетиран како единствен виновник за несреќата која ја предизвикал. Посебно ме погоди третманот на немажените мајки кои оделе во странство за да ги родат и предадат децата а во кореспонденција да пишува дека се на лекување за грбот или ногата. За срамот никогаш не се зборува.
Но ова убиство има тешки последици и по семејствата на Фредерик и Софи, кои целосно ги исклучуваат од сеќавањата, ги вадат сликите од албумите. За ова убиство не се зборува никогаш исто како да не се случило. Но не е така. Оваа случка менува животи и во иднината. Со цел да побегне од срамот, од сеќавањата, спомените или самата себе мајката на Хелена го напушта сопругот и три од своите деца и се сели во Данска, каде нема Ван Сидорф и никој со тоа име не е убиец. Целта на Хелена Хеншен со оваа книга е да го пробие тој ѕид на тишината и на семејството и на себе да им даде завршница и заздравување, како и постхумно да им пружи одбрана на нејзините предци Фредерик и Софи. Треба да се научат лекциите од минатото и да се каже своето, зборовите на сонце сила имаат.
Се среќаваат еден ден на островот каде што двете фамилии имаат викендички и еден во друг го пронаоѓаат тоа што им фали, стануваат неразделни. Софи е добра за Фредерик, но Фредерик не е за Софи. Додека двајцата се малолетни Софи забременува а бракот не е одобрен од двете страни.
Тагови од објавата
Број 117-118