Утре

Утре! Каков збор / бодар и напрегнат / со душа и со розово месо...

УТРЕ

 

„Утре“. Зборот
лунѕаше слободен,
бестежински, низ воздухот,
толку без душа и без тело,
толку без боја и без бакнеж,
што го пуштив да помине
покрај мене денеска.
Нона еднаш ти рече
„Јас утре…“
и сѐ се насели
со плот и со знамиња.
Врз мене се разлејаа
ветувањата за шестотини бои
со весела облека,
голи, но сите
набрекнати со милувања.
Со возови ми доаѓаа или на газели
пристигнуваа до мене – остри
звуци на виолини –
кревки надежи
на девствени усни.
Или брзи или големи
како бродови надалеку,
или како китови
од далечни мориња,
незимерни надежи
на љубов без крај.
Утре! Каков збор
бодар и напрегнат
со душа и со розово месо,
јаже од лак каде што
ти го стави острото
оружје од дваесет години,
твојата најсигурна стрела
кога ми рече: „Јас…“

 

Препев од шпански: Наташа Сарџоска

Тагови од објавата
Напишано од
0 replies on “Утре”