Кон „Сигурен ризик“ од Анде Јанков

Патот до врвот може да биде многу скап. Некого го чини углед, некого слобода, а некого врвот може да го чини и живот.

Патот до врвот може да биде многу скап. Некого го чини углед, некого слобода, а некого врвот може да го чини и живот. Во борбата за поголем престиж и повисока позиција лесно се достигнува дното, во каква и да е смисла.

Драгана, млада новинарка, е пронајдена мртва во багажникот од нејзиниот автомобил. Еден повик, еден поглед кон жртвата и низа траги кои што водат во ќорсокак ќе ја засилат мигрената на инспектор Николов. Вртоглаво брзото трчање на полицијата по скопските улици во пресрет на претседателските избори ќе ги разниша односите во партијата на омилениот кандидат за иден татко на државата. И токму кога убиецот ќе биде зад решетки следува откровение. Само една реченица ќе го однесе Виктор до соочување со демонот и до нова димензија од истрагата – доказ и признание.

Многу жртви, многу ликови убаво изградени, многу авторитет, сѐ на место, сѐ со вкус, сѐ скоцкано по моја мерка.

Преплет од акција, трилер, секојдневие, истрага, загуба, убиства, амбиција, лаги и чуден фетиш. Мала сексуална игра како кобна завршница. 

И овој пат Анде раскажуваше, јас уживав. Во деталите, во прецизноста, во веродостојноста на секој збор. Доживеав едно поинакво Скопје, уште еднаш го засакав градот под Кале и ги почувствував дождот и ветрот во миговите кога срцето на главниот јунак и на читателот чукаа во ист ритам. 

 

Тагови од објавата
Напишано од
More from Моникa Палоска
Кон „Шардоне и шпагети карбонара“ од Марта Димитров
Зрелоста и животните одлуки некогаш не се поврзани.
Повеќе
0 replies on “Кон „Сигурен ризик“ од Анде Јанков”