Сонот и смртта

Моштите на влечугите

Скриени сме под мушамата со две дупчиња.
Прстите на секое новороденче-гостинче
ги зголемуваат тие дупчиња
(по потреба),
а како дални верници,
ние ѕиркаме низ нив
и праќаме незбрчкани насмевки
со полуисклештена уста.

Предизвик сме за другиот свет
во којшто наѕираме,
со погледите правиме да испарат
остатоците од идеалот,
и како доказ за неговото постоење
замирисуваат моштите на влечугите,
од чиј мирис
се плашат
сонот и смртта.

Нацртана душа

Кога исцртуваш нечие тело,
тој цртеж станува поезија
и ја чува душата на телото
по смртта.

Цртежот е жив: ене го,
трча низ дланките,
детето во него се вратило,
пак да гради
спомени во песокот.

Килави долгови

Наплатните рампи кријат многу повеќе
од борци за здив.
Средбите со семејствата што патуваат
спротивно од првозапалениот оган
се наивна рутина
што им ги длаби коските
во ревносните мечти
заглавени над очите.

При застој, извиците ги предводат
трнливи самогласки
и наместо игли им ги пробушуваат
ушните тапанчиња,
а потоа скришно бегаат назад,
да не останат забележани во метежот.

Оддалеку, мракот им ползи
кон занишаната свест.

Грамофон

Ѕидот ми гребе по грбот,
прави линии
полни со ситни заби
што чекаат игла да ги погали,
да испеат мелодија.
Засега, се слуша
дотраен шуштеж.

Нека биде едноставно

Страшното е цинизам за
реалноста.

Анархија на работникот
против системот
и слабите корени
на тапите секири.

Тапите секири заспиваат
во острите камења,
под доблеста на затупените
и зад неколку претпријатија
со вработени
и луѓе.

Луѓето се плашат од
вработените.
Луѓето се плашат од
луѓе.

Се молат во храмот на
утринските аларми,
без да ги разберат пораките
на нивните бранови
и уцени.

Тагови од објавата
Напишано од
More from Пепи Стамков
Лирскиот пат непресушен
(кон стихозбирката Жените и буквите од Ерол Туфан) Туфан ги поставува темелите...
Повеќе
0 replies on “Сонот и смртта”