Дождот и таа
Врне дожд. Тивок и магичен.
Таа е сама и нежно заспива
на креветот од спомени.
Таа е убавина без граничен премин
кој продира со светлината
на времето.
Таа е патоказ кон просторот
на соврешната љубов
кој не успева да го забележи секој.
Таа е …
Зимска прегратка
Го слушам нежниот звук на птиците
Скриени помеѓу густите борови гранчиња и малите смреки.
Но, тука нешто сепак си самува, гувее
А има слобода да вишнее угоре синото небо.
Снеговите веќе успешно
ја покрија земјата
Претходно ја беше соголила есента
И таа ќе не израдува дури
в рана пролет
Кога првите кокичиња и качунки
Ќе го украсуваат снегот низ полињата.
До тогаш се’ ќе биде исто, само не и ние.
Јас ќе имам потреба се повеќе да ти испратам прегратка.
Од оние со кој се споделува чиста интенција на беспрекорна љубов
Но и прошка
За убав, нов живот, и почеток кој ветува.
Повик од срцето
Деноноќно врне а ние еве
Гледајќи како милиони капки
Исчезнуваат во сувата земја
Само долго молчиме. Исчезнуваат..
Оваа ноќ пред да заминам
в кревет
прозорецот е се’ уште отворен.
Моето срце сака да го слуша оној
Неприкнат такт на волшебното пиење.
Те имам во мислите
Твојот лик е толку прозрачен,
Тој вишнее во пурпурните небесни височини
И ме носи во сонот кој го љубам.
Кога на срцето му треба љубов
Чаша со вино само ги отвора
портите до него
И покрај сите стигми, ти влези!
Има љубов и убавини во ова срце.
