Мексиканска сензација

Бетонските плочи на Давила ѝ пркосат на гравитацијата

Jose-Davila-Installation-Yellowtrace-18

Мексиканскиот уметник Хозе Давила (Jose Dávila) стана сензација поради своите фотографски кадри од најпознатите архитектонски значајни згради во светот. Во својата скулпторска изложба, пак, “Состојба на мирување,” изложена во Galeria OMR во Мексико Сити, Давила го насочи својот фокус на основните градежни блокови, потребни во архитектурата за изградба на поголемите објекти.

“Состојба на мирување“ е физички термин кој го опишува објектот кога сите сили се применети за да ја неутрализираат состојбата и односот на едни со други. Давила ги инсталира правоаголните плочи од мермер и гранит од по половина тон, (и не само нив) низ разните простории на галериите. Уметникот овие формации ги закачува и стабилизира со помош на користење на портокалови, црвени и жолти класични, комерцијални ремени за затегање кои го елиминираат каменот, како позната содржина, посебно неговата стандардна поставеност и очекувана гравитациона поврзаност со просторот и формираат коси агли, што на некој начин претставуваат референца за она што значат линиите во делата на Барнет Њуман и скулптурите на Фред Сендбек.

Како да се замрзнати во времето, скулптурите прикажуваат кревок деликт на спротивставените сили со тоа што “сите елементи во скулптурите работат едни против други во секое време, против гравитацијата, во однос на тежината на камените плочи.”

Навидум “cool” структурите на Жозе Давила се ослободени од било каков одреден контекст или историја за една од најголемите противречности меѓу обидите на нео-авангардата да ги закрепне социјалните утопии и машинеријата на модерните системи за производство во рамките на полето на архитектурата. Елегантните структури кои ги претставува во раната фаза на неговата кариера, со посредство на фотографии или прикажани како тридимензионални објекти или инсталации можеби немаат за цел да ја соберат и прикажат генеалогијата на изградената архитектонска средина или да послужат за прикажување на било која друга специфична средина или функција, ниту пак тие се обидуваат да одразат гест се фрла светло на моменталната инфраструктурална прогресија, некаков “препев“ на досегашната архитектура, на земјиштето и територијата во глобалниот капитализам.

Обучен како архитект кој мапира и се провлекува помеѓу периферниот модернизам кој го изразува незадоволството и неуспесите, генерлно, Жозе Давила е еден од основачите на групата ОПА (Oficina de Proyectos де Арте), една карактеристична група на транс-дисциплинарни уметници кои создадоа простор за современа уметност во Гвадалахара, кога Мексико Сити беше повторно во процес на себедефинирање како меѓународен центар за современа уметност.

Во текот на тој период Давила го посветува своето време за истражување на дијагоналните приказни и визуелните идиоми во модернистичката архитектура на територијата на Северна и Јужна Америка: нео-бетонска уметност, мексикански минимализм креиран врз основа на примитивните уметност, како и на мексиканската народна култура. Од тогаш, Давила развива длабок интерес за фотографијата како маркер, навигатор низ матната вода на уметноста, посебно во носењето на одлуки во време кога делата кои се презентираат како понуда на уметничкиот пазар кој има изместена линија на поделба помеѓу документација и сериозна уметничка работа.

Давила првенствено е познат по своите збирови – просторни истраги и хибриди на обоено дрво, пронајдени објекти и пластика што личат на макети или квази – функционални структури, миксед-медија интервенциите, фотографијата и инсталациите.

Официјалниот пристап на Давила често изјавува поетска загриженост поврзана со основната функција на градбеното, секако, на крај со јазик како тавтологијата, кој ја прави симболиката на неговото творешто цврсто нужна за историјата на уметноста и нејзината основна поврзаност со другите гранки.

Неговите минималистички објекти носат некоја меланхолија во просторот, можеби имаат некое чувство кое ја нагласува потребата за конзумеризам, но ете како се чувствува и одразува неуспехот на утопискиот, модернистички архитектонски принцип.

Минималистичкиот пристап е негова особена карактеристика, во тоа е суштината на неговите дела, Давила скулптурира со високо ангажирање на елементите и просторот, соодносот е волшебен. Неговото истражување на геометријата, материјалноста и целосното непочитување на силите на гравитација нè тера да се чувствуваме возбудени. Едноставно, баш така.

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Ја одбрав Македонија за светската премиера на својот најнов филм
„Сè исчезнува, така што, ако сè уште сакаме да направиме нешто, мора...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *