ЌЕ ТЕ САКААТ ВО БЕЛФАСТ

сум се возел во кенедиевка, како и во горбачовка, сум се возел во многу американски локомитиви. има во кенедиевките некоја гризлиевска, ала средензапад, искон, издржливост, неуморст, посебно ја љубам таа темно зелена боја, со таа тајновита жолта линија, кога испушта пареа, кога го гледам кондуктерот со смешната капа, се ме потсеќа на “строго контролирани возови“. највеќе посакував кога ќе испуштеше пареа, но никогаш не беше тоа филмско, или чувство немав дека сум некаде на друго место, или друга земја, ништо не можеше да ме залажи дека сум тука, во македонија, на неколку стотици километри од мојот дом на улицата на ѕвончарите. мене пареата која ја испушташе, во таа бујна богомилска вегетација, секогаш ми изгледаше ко неуспешни специјални ефекти. никаде не можев да побегнам од неумоливата реалистичност, никаде во надвор, во безбројните познати слики, не можев да сретнам, фантазија, фантазијата беше исклучиво внатре. илјадници пати се акав, во возовите, не развив некоја посебна љубов, кон вагоните, купеата, огледалата, смрдените вецеа, шините, ништо, освен, да, тој тресокот на шините помеѓу, тие удари, само тоа додаваше некоја драматика, засилено пумпање на аортата исто како пред секоја стварна, или замислена средба со тебе.
не може да ми зборуваш за возови, како што не може да ми зборуваш за љубови, не знам за што може да ми зборуваш, но сеедно, не застанувај со зборување. еднаш возот ме носеше 6–7 саати, лежев, крахирав, што се вика кај прилеп, бев готов, баш во прилеп, во жолтеникава железничка станица, но потоа се погледнав во оние огледала помеѓу решетките… и ми се зададе нова сила, во недостатокот, во ксенофобичноста на просторот, го лигавев шишето со минерална вода, во обидот да симулирам активност. не ја вадев главата надвор да ми го дува лицето ветрот како во раните студентски денови, за да ми ги отвора порите, да ми се разнесува косите, без разлика колку е ладно надвор. ми дојде нова сила, нова енергија, од никаде изникна, и си реков во себе, издржи ја уште оваа етапа. и го сакам тоа лизгање надолу од прилеп до битола, кога раскантаната локомотива час се ниша налево, час надесно, свирката квичи како улично куче, кога замислуваш пет мускулести ложачи, исфрлаат ќумур во алчната стара курва кенедиевска. која никогаш не откажува, и не те остава, и кога ќе те остави, како да ти се смее, како да ти вели: тоа дека сакам, дека сакам да скиташ по коприви среде пустелијата заедно со групата да побараш такси или автобус за да се довлечкаш во градот во кој си тргнал. само тогаш се сили, кенедиевката, на таа траса, и ми се случува да помислам, од тоа што таа раскантана, ненашминката, прегорена локомотива, шибаше, мислиш се откачила од вагоните, од се. е тогаш ми се случува…да помислам, дека секоја станица е битола, а битола не е и…тоа е некоја игра со времето. битола се одлага, или не сакам да пристигнам во битола зошто возот е најбрз, а веќе сум истоштен, желбата да пристигнам е преголема, а сум заглавен во купето, или само со по еден најчесто намуртен преостанат битолчанец. а, вечерва…се појави твојот сурогат. твојот двојник. од никаде од ништо…се појави холанѓанецот и ми кажа дека е во битола по една година. ме седна во хераклеа на неговата лимонада во пластичните столици.
и ти ќе ме наречеш 19 вековен фантаст, ти која барем се влечкаш по гробовите на револуционерите од раниот 20 век, да си ја повратиш верата што никогаш не си ја стекнала, ти која мене ќе ми пререкуваш дека ти треба идеализам, романтицизам…ќе ми кажеш дека по една година странецот се враќа во мојот живот и ме носи на пиво. седиме кај цане боксерот, заедно со ќелав ирец, кој сака да ме посвои во ирска, и седиме му расположен пијам “скопско“ му раскажувам некоја верзија за себе. се појави сигурно како дел од програмата, поради некои обврски, но зошто само по толку кусо време откако ми текна на него. и утре ќе оди во пелистер. (не ме зема копилето, но глупо му е да речам) вечерта сјаеше масата на цане боксерот, заедно со дебелата глупа фамилија што не прислушкуваше додека јас му давав опширни политички анализи, а, повремено ги густирам со приказни за моите скопски ескапади. а ирецот ми говори за интегритет, и цело време мислам на тебе. мислам како да зборувам пред тебе, зборувам како ти да си ми публика двајцата окезени странци, со “скопско“ ги слушаат моите ескапади, скопски, битолски, дебармалските теткици кои пробале да ме патернализираат, скаутите на разните центри на моќ кои се обиделе да ме припитомат… а, јас престанав да пливам, престанам да веслам во барата со хлор и манијаци, и со секое навртување на лопатката да помислувам баш дека нема да престанам да те сакам без разлика на се, и престанав да излегувам со владе и престанав да одам кај русинот и престанав да одам на стрижење иако сум закажан кај моронот бербер и веселите тетките што ги спрема за свадба. и престанав да му одговорам на шекспир и му затвор во два сабајле, престанав да зборувам со моите, само сестра ми љубезно ја поздравив, за да не изгледам наполно скршено после сите твои глупи реплики, за чии последици претпоставувам премногу си размислувала, а тоа е секогаш, колку помалку сакаш да звучиш навредивливо дотолку полошо. и дојде во тие услови холандезот. и ирецот кој ме покани, во ирска, сега, се повторувам во овие монолози. и може ќе одам во ирските прерии, за да не морам да те читам како ти ќе останеш сталожената постдипломка која пребарува, разместува цвеќиња по гробовите на старите револуционери. и појдов и кај русинот, и кај владе, и отидов кај саат кулата таму ме закажа, едгар алан по од фризија, да му ебам матер, но не се сретнавме таму зошто тоа место сега е веќе проклето, па мораше да се сретнеме кај епинал. и утре може ќе одам на стрижење заради тоа што армиецот од јна да не се возбуди дека не изгледам пристојно. но, ќе заспијам со онаа реченица што ми ја рече ќелавиот ирец: „ќе те сакаат во белфаст.“ п.с. во кафаната кога отидовме на едно пиво. наеднаш се стемна, и почна да изгледа свечено, како ретроспективните сцени во „шајнинг“, таму каде што пред некоја година францускиот режисер, кои овде го викаа годар, а јас поради тоа што локаше во истата кафаничка, ракија, го завикав „ракијар“…смешки.пијан ексцентрик, кој на некој необичен начин, пиеше цело време, додека јас и ковачевски зборавме ми треба камера, јас ми треба посебна соба, ми треба посебна пичка што ќе инспирира, ковачевски ми треба посебни леќи, јас ми треба саглам, лаптоп, не овој што ми трепка, ковачевски ми требаа автономија во работата, јас, ми треба да побегнам од родителите, ковачевски ми треба посебно светло… ракијар, за малку ќе ми ја збараше тогашната девојка, а може и ми ја залапа, што ќе правиш, ракијар, ја земаше камерата и снимаше и не му ја мислеше многу… во кафаната на ракијар, помислив дека нема да се сретнеме повторно, не знам зошто, си викам, боже имаш 33 години и не може постојат некои норми, не може да бидеш безобразен, толку многу сакав да станам да те бакнам, но помислив на сета лоша репутација, помислив дека морам да покажам на самоконтрола, помислив дека си зацртав што и да се случи да не се препуштам на моментот. но, осетив кога еден момент зборовите беа излишни, и кога сакав од зборови да преминеме на нешто друго, ако треба да го извадам чаршафот само за да дојдам до тебе. беше тоа момент, мошне насилен момент. тоа стана жестоко насилство, бакнежот врел, што сакав да ти го упатам ќе означуваше само болежлив крик на пробудено животно, „види што ми направи“ или “види што правиш од мене“, но помислив дека нема тука што секогаш да испаѓам негативец. ќе се лишам од идејата за бакнеж, ке ти покажам дека сум имун на твоите продорни погледи, твоето ренгентско око. во екот на шумот на кафанската музика, знаев дека тоа е неповторлива ситуација, дека изгубениот бакнеж секогаш ќе ме боли, без разлика дали после безбројпати ќе се ебеме. и тогаш помислив, дека кога некој ти станува драг, го стекнуваш чувството како да го познаваш од секогаш. и тогаш го видов падот на индивидуализмот, колку е болна езгистенцијата на самецот. помислив како во средношколските девојки кога на некоја кретенка ќе и изјавиш љубов, дека ќе ја трансформираш во хероина од драмите на ибзен. и тогаш помислив колку живееме соголен живот,или колку јас живеам соголен живот, со моето голо тело, на креветот во кој лежам додека татко ми ми приносува сливи и сладоледи, додека слушам подкасти, радиодрами на ббц3, или сурф рок што ја иритира мајка ми.
колку пати тонам во вертигото на креветот, и велејќи како е можно ова да се случува, одамна убеден дека бедата на егзистенцијата подобро се носи сам. и си викам во кафаната, да и признаам, колку ми е мила, и кога ги поднаместува наочарите, како ревизорка од ујп, кога твоето гласче, на детинести моменти, кога ги галкаш цвеќињата кои не ги знаеш, и кои се живи за разлика од цвеќињата кај мртвите револуционери, си викам да и признаам, одма, веднаш, овде и сега, доста се овие обиди да импресионирам со референци, набилдано знаење, меморабилија, и википедија, и југоносталгија и некои полуанегдоти и прераскажувања на средбите со јаловите активисти. да и признаам одма помислувам, но, како? и ми станува страв и ми се лоши, врти, повраќа, може во секој момент како кени од саутпарк, сите љубовни изјави да ги расипам со едно повраќање на мојот зовриен стомак. зошто нема да дотуркаш подалеку од твоите претходнички, дека ќе сакаш најпосле само да си обична девојка некому, да те носи на кино, диско и пиво, без да ти зборува многу, без да те оптоварува со сопствените демони, кои вешто ќе ги камуфлира во концепт на љубовно писмо. истовремено ми се лоши, ми се лоши, посегнувам по пивото ми дотураш, би пиел, буре, цистерна што и да е, дали да и признаам, сеуште додека симулирам разговори, дали да ја намамам, дали да ја фатам за “јакни“ и да бакнам дивјачки, агресивно, во кафаната, кај што доликува. зошто ноќе е, светлата ме заслепуваат, зборовите ми излетуваат од устите, сакам само да те бакнам, но истовремено, мислам дека не сум подготвен за ова, не сум подготвен за тебе, не сум подготвен да излезам од грегорсамса положбата на мојата соба. но, како што би рекол, мојот нов ирски пријател, што, искрено мн ми пријаеше на Светиот Нарцис: „ќе те сакаат во белфаст“. бидејќи, убаво и брзо прочита, тероризмот ми е единствена и вистинска вокација. и нејќам да заврши вечерта, додека го слушам овој лош ебен сурф рок бенд, Tijuana Panthers, кој се овие копилиња, ко да се од баирот. и ништо не може да испорачам, и ништо не може да напишам добро, само нарцистичко мастурбирање, и како во лоша поп песна, “тебе“; “твоите очи“, јас сум лоша споменарска поезија, јас немам длабочина, јас немам прецизен израз, немам свежи метафори, немам силна реченица, немам вистински интерес за тебе, го сакам само провевот на енергии во кафаната, ноќта, тогаш, којзнае што се ми се смешало, уелбек, “дневник“; lithub, pornhub, тома здравковиќ, да и тихана пантерс, мада фака. но кој е виновен зошто ми страдал изразот сиве овие години, додека лежев, во исусовски положби, додека татко ми приносуваше, парчиња од удината што се крчка во ручекот да кажам дали е добро испечено, додека јас читав, читав, дуејќи се ко меур, во обидот, да напишам пар добри зборови. да не ми притребаат на следната јавна средба, на некој иден љубовен состанок, во земја во која не сакаш никого да сретнеш, во кој како во конц-логор гледаш низ годиниве како безочно се мамат, за парче бајат леб со побајат мармалад и секогаш мислев од ова ќе излеземе неверојатно понижени што нема да сакаме да се погледнеме искрено, нема да сакаме да се дружиме, ебиме и љубиме. затоа може ќе сакаш некој кој се конзервирал надвор ко ти, но тој ќе си најде ист, таков конзервиран примерок ко ти, тоа највеќе ќе ти одговара. зошто нема да сакаш да примиш од оваа терапија, нема да сакаш да знаеш за халуцинациите, мислите и сништата на нас изгубените бастарди на бившата потоната цивилизација. но, да не заборавиме, “ќе те сакаат во белфаст“. чудо е вистинско кога разговарам со странци, како преживеав во овој мавзолеј на исчезнатите евреи, во овој град, со луѓе кои кога ќе седнам кај мара, да пијам некој глуп ладен чај, кога не слушам лош сурф рок, е да не можам да поднесам да ги слушам случајните муабети. за момент, во кафаната, да не забораваме, сакав да те бакнам, и додека пливам помислувам дека не можам да издржам повеќе да ти пишувам, сакам да те допрам, да ја осетам топлината на твојот здив, да ги провирам прстите низ твоите коси, да ти ги лизнам цицињата и сл банални овоземски ситни задоволства. но на крајот знам што ќе одбереш и што ќе ти налага твојата немилосрдна кантовштина, во прво ќе се убедиш детермираноста на класата. и подобро е што е така, само што не стана ти да ме бакнеш во кафаната, додека јас се сомневам во себеси, тоа не знам дали ќе ти го опростам некогаш. може да ти ги опростам и оние погорни реченици, може се, но тоа не знам, иако, не знам може се сакам да силувам, може се сакам да забрзам како што мисли другар ми шекспир, зошто не знам, можеби тоа што ми дотури од твоето пиво, тој ситен гест, може беше доволно да ме нарани, тоа беше доволно, кога ќе почнам да се заситувам со ситни пројави на грижа и внимание за себе. се разденува, I hate saturday night се слуша на сурф рок линијата. птиците гракаат, ќе сакаш татко ми да ја укине претплатата на интернет, за да не ти пишувам вакви долги фејсбук писма. и секогаш ќе стојам помеѓу тоа некое распетие, помеѓу непомирливиот индивидуализам, да, ранет, и помеѓу тоа што навистина ми треба, иако, со неолиберален речник, како ќе ми се исплати сета инвестиција, зошто одамна знам дека љубовта не е само погледи, бакнежи, можеби тоа е најмалиот дел. не знам дали ми треба театарот на грозната љубов, не знам дали сум способен на садомазохизмите на една врска која секогаш е репресивна, ограничувачка, не знам дали ми требаш тоа е непознаница за мене. зошто мамката на љубовта е дека како некоја библија, како „една книга со илјада одговори“ а мене ми требаат многу други работи…не знам, ќе гледаме ли некогаш повторно цвеќиња и чаеви, ќе гледаме ли возови, проточни реки, и хоризонти на бескрајот. и тогаш во кафаната помислив, не го сакам љубовниот делериум, не го сакам поместување на распоред, од моето пливање, читање конспиративни трилери, гледање сф серии, кукања со шекспир дваj саати по телефон. или дали, конечно, ќе заврши моето детство, у пичку матер. затоа мораш да ми ветиш дека нема да бидеш мелодраматична дека може ќе го одвлечкаш твоето газе на некој Wizz Air, вети ми кога ќе почнам да се губам, дека ти, како покултивирана нема да учествуваш. остави ми мене моите возови, за кои кире василев еднаш ми рече; „е, шо, скопје-битола“. да, тоа се моите возови.

Нарачај ја книгата „Анархистички манифест“ тука:
https://www.amazon.com/s?k=bukarski&ref=nb_sb_noss

Тагови од објавата
Напишано од
More from Алекс Букарски
Оливера Ќирковиќ „Јас Пинк Пантер“: Една Брехтовска Сага
Не знам каде ми отиде стикерчето со налепница за цени на која...
Повеќе
0 replies on “ЌЕ ТЕ САКААТ ВО БЕЛФАСТ”