Тој уште е тука. На врвот на топ листата на бестселери на „Spiegel“, пред Адлер-Олсен, или Коелјо или Фолет, стои името Тимур Вермеш со црвени букви. И тоа веќе со месеци.
Тој уште е тука. На врвот на топ листата на бестселери на „Spiegel“, пред Адлер-Олсен, или Коелјо или Фолет, стои името Тимур Вермеш со црвени букви. И тоа веќе со месеци. Делото со работен наслов „Види кој се врати“ на минхенскиот автор во повеќе наврати постигна изненадувачки успех во тековната сезона која почна минатата есен со Саемот на книгата во Франкфурт.
За некои тоа се само голи бројки. Изминатите пет месеци се продадоа речиси 400.000 книги со карактеристичниот тврд повез и со фризурата на патец. Се очекува бројката да достигне половина милион, плус 150.000 примероци на аудиокнигата, во изведба на Кристоф Марија Хербст, и многуте симнувањата од интернет. Во моментов книгата се преведува на 27 јазици од македонски до кинески.
Наскоро се очекува филм
Во разговор со „Абендцајтунг“, Вермеш потврди дека се продадени и правата за филмско сценарио, но ништо повеќе не зборуваше околу тоа.
Повторно темата е Хитлер, не мртвиот туку Хитлер кој летото 2011 се разбудил жив среде Берлин и Хитлер-демагог – кој прави телевизиска кариера.
Дали читателот успеа да ја проголта логичката грешка дека Хитлер 66 години ги поминал некаде недопрен и непроменет или е растрган помеѓу опасниот вртлог на забавното и на одвратното, со заморна дистанца или принудна близина? Тимур Вермеш раскажува во прво лице.
Читателот се приземјува во главата на Хитлер, ги чита неговите мисли, ги знае неговите чувства, дури се фаќа себеси како сочувствува со него, го исмева но понекогаш и се смее со него и во најдобар случај ќе се засрами поради тоа.
Веќе со месеци се дискутира за книгата
Што се однесува до реакциите објавени за оваа книга на почетокот: не беа лоши, нив едноставно ги немаше.
Откако романот почна да се искачува на топ листите на читаност германската медиумска јавност се воздржуваше од коментари. Најпрво Истфорт Фолкер од „Абендцајтунг“ и Оливер Јунген од „ФАЦ“ сметаа дека книгата е релативно смешна но и прилично долга.
„Штерн“ пак ја откри книгата три месеци по нејзиното појавување и сметаше дека е „невкусна“. „Зидојче Цајтунг“ молчеше уште три недели а потоа клубот на етичари пресуди: „понижувачки“ и „изненадувачки политички наивно“. Четири недели пред ова книгата за прв пат се искачи на првото место на листата на „Шпигел“. Но кога е во прашање Хитлер и националсоцијализмот секогаш постои извесен сомнеж да се изнесе јавното мислење.
Првиот роман на поранешниот новинар на „Абендцајтунг“
Најголемо изненадување овде сепак е што Види кој се врати е прв роман на 45-годишниот Тимур Вермеш. Очигледно родениот нирнбернжанец научил како да пишува.
Најпрво во „Абендцајтунг“, каде израсна во уредник, во келнски „Експрес“ пишуваше социјално-политички прашања за едно женско списание како и за „Шпигел онлајн“.
Понатаму како коавтор или гоустрајтер, како што го нарекуваат, се грижеше за животните приказни на Михаел Хирте, човекот со усната хармоника, или Пенимен Амин, човекот со модели. Но да се пишува биографии за денешните познати фаци не е исто како да се пишува биографија за најголемиот убиец на дваесеттиот век, во роман од речиси 400 страни.
„Контролата доаѓа малку задоцнета“
Тоа го мисли Тимур Вермеш. Се прашува зошто печатот долго време го остави без интерес. „Требаше многу порано да ме имаат на нишан“ изјави тој за “Абендцајтунг’ на договорената средба во едно кафуле во Минхен. “Овде не зборуваме за крими-роман, мојата книга раскажува за Хитлер и за Третиот Рајх. Ако треба да чекам предупредување откако се продадоа 400.000 примероци, тогаш контролата малку задоцни.“ велеше налутено новинарот нарекувајќи го ова „непрофесионалност“.
И тоа е далеку од шега. После Тимур Вермеш хуморот ќе се сфаќа многу сериозно. Токму хуморот во оваа книга е тоа што го прави читателот да се чувствува колку самиот е политички заробеник.
Ако додека читате не ви застане насмевката в грло, помислувајќи да не ве гледа некој од тајната полиција, вели Вермеш, тогаш во книгата има многу места каде човек ќе се затекне како навива за Хитлер. Најперфидно од сѐ е кога Хитлер го среќава шефот на денешната националдемократска партија во Германија, Холгер Апфел, и кога во себе ќе си каже „Фирерот нагази на мина во салонот на фашистите.“ Точно е, овој текст не е фер, вели Вермеш.