Ленинградскиот Јасновидец


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/echqdumm/public_html/reper.net.mk/wp-content/themes/simplemag/formats/format-standard.php on line 28
Пренесуваме расказ од книгата „Во својот дом“ на Сузана Тратник во превод на Драгана Ефтимова

1980 година. Летни празници. Со Мија и Флавија седам во градината на оној стар локал и се пијанчиме како и секоја вечер. Понекогаш ни се придружува по некој. Понекогаш со нас доаѓаат соучениците од класот или седнуваат непознати. Понекогаш некој ни плаќа и пијачка. Како, на пример, стариот пијаница Зеко, кој нѐ убедува дека се има родено во Ленинград.
Му се смееме. Секогаш му се смееме. Од џебот на излитениот капут, кој го носи и во зима и во лето, го вади својот пасош и ни го покажува местото на раѓање: Ленинград. Нарачува нова тура.

„Како знаеше дека сме жедни? Можеби си видовит или?“, го прашува Мија.

„Да, секако. Јас сум видовит.“

Му се смееме.

„Па кажи ни нешто ако си видовит“, му велам.

Зеко ги собира широките веѓи и сериозно ни кажува:

„Во ред. Ќе ви кажам нешто за сексот. На секого ќе му кажам по една подробност од неговиот живот. Сокриен детаљ.“ Ни се
закани со прстот, на кој цветаше валканиот нокт. „Валкан детаљ!“

„Е па, кажи ми нешто! Баш ме интересира“, вели Флавија.

„Ти, Флавија, дома имаш своја соба. На ѕидовите имаш постери од убави пејачи. Понекогаш се заклучуваш во собата и ги гледаш. Потоа почнуваш да се допираш. Си ги галиш градите и замислуваш дека тие убави момчиња од постерите се до тебе.“

„А што друго би кажал!“, се смее Флавија.

„Ти веќе целосно си се пореметил од премногу алкохол.“

Одеднаш почнува да ме нервира. Сакам да си замине и да нѐ остави на мира да се запиваме.

„А ти, Мија“, продолжува пијаниот јасновидец, „ти немаш своја соба. Имаш само свој кревет. Собата ја делиш со брат ти. Навечер го набљудуваш во постелата. Сакаш да те научи да се бакнуваш, но сакаш да лежи врз тебе.“

„Оффф! Со брат ми?! Бљак!“, вреска Мија и повторно гласно се смее. „Делириум тременс!

Стари, тебе стварно ти се измешале работите.“

„Не ми се измешале!“, луто вика и ја пие чашата на екс. „Знам што зборувам! И обично тоа не го правам бесплатно.“ Ги протрива прстите и така очигледно покажува дека заработува. „Не сакате да признаете, знам.

Ама Зеко го гледа тоа. И тебе ќе ти кажам уште!“

Го вперува во мене показалецот пожолтен од никотин.

„Кога си била мала, си хранела кокошки.“

Кимнувам со главата. Флавија и Мија прснуваат од смеа.

„Си ги хранела и си се грижела за нив.

Понекогаш и си ги тепала. Тоа сексуално те возбудувало.“

Флавија и Мија со гадење правеа гримаси, јас се фаќам за главата и само одмавнувам.

„Овој тип е целосно мрднат!“, вели Мија.

„Стари, замолчи и плати ни го пивото или губи се. Кој може да ги слуша твоите свињарии!“

„Ебете се, мрсулки. Сѐ што кажав е вистина!“

Пак му се смееме во лице. Сега навистина ни е доста од неговите зборови.

А потоа често се прашував дали на Мија и Флавија им ја кажа тајната за која не се зборува. Но, никогаш не ги прашав.

Превод: Драгана Евтимова

Тагови од објавата
0
Напишано од
More from РЕПЕР
Проектот Quiet Hiroshima
Quiet Hiroshima е проект што датира од 2013 година и е соработка...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *