Есеј
ЗА НЕКОИ ЛИКОВИ КАЈ ТОМАС МАН, ГУСТАВ ФОН АШЕНБАХ – ОД МАН ДО ВИСКОНТИ
од Александар ПрокопиевФизичките аспекти на главниот лик во „Смрт во Венеција“, како што кажав, се погодени во изборот на актерот Дирк Богарт како Ашенбах. Но затоа Висконти ја менува професијата на Ашенбах – од писател во композитор. Сврхата на ваквата промена е суштинска за филмската приказна: музиката е мошне важен сојузник во емотивниот колорит и течение на „Смртта во Венеција“. Со Адаџието од Петтата симфонија на Густав Малер филмот отпочнува и завршува.