Кога пишувам за тоа денес, мислам дека во тој час за последен пат сум се обидел да ја исправам таа ситна почетна штета нанесена со намерниот излет во ренесансата. Но нема да се оддалечам многу.
Во нашата западна култура чинот на тргнување на пат беше чин на слободата. Филијас Фог е слободен човек. Како слободен човек прифаќа облог и се нафаќа на предизвик, а со самото тоа одлучува за сопствениот живот.
Поезијата на Шунтаро Таникава патува како неуловена птица низ омеѓените простори на јазиците, како семе посеано во ноќта што нечујно се преобразува во музика,…
Факт е дека за човек заробен во ресентиман перцепцијата на времето е свртена навнатре. Излезот од таа состојба тој ја бара во две невозможни нешта: или во враќањето на неповратно загубеното минато, или во негирањето на тоа што се случило.
Во една декемвриска ноќ, кога малиот Јаков не сака да заспие, на сестричката Илина ѝ поставува едно колку неочекувано, толку повеќе чудно прашање: „Како се родила зимата?“.
Секојдневно вежбавме по подруми и гаражи, свиревме по месни заедници, ресторани и гимназиски фискултурни сали, на „бувљакот“ во Земун продававме стрипови со Загор, Југотон сингл плочи…
Редарот во киносалата ми впери во лицето силен сноп светлина од батериската ламба. И покрај тоа што се намуртив и подзамижав, не забележав извинувачки тон во неговите зборови: – Местово не е ваше!
Шумот на ветрот, небото, ѕвездите, изгревот, залезот, самракот, звуците на шумата, трагите на патот, сето она што упатува на еден свет зад гранците на овој видливиот. Како да постојат еден во друг и еден за друг.