број 95-96
СЛАВЕНКА ДРАКУЛИЌ ГО ОТВОРА „БУКСТАР 4“
од РЕПЕРПред македонската публика оваа година ќе бидат претставени дури седум докажани и признати писатели од самиот книжевен врв на Европа, и тоа: Славенка Дракулиќ (Хрватска/Шведска), Џамал Уаријачи (Холандија), Офејгур Сигурдсон (Исланд), Михал Ајваз (Чешка), Антон Баев (Бугарија), Рику Корхонен (Финска), Енес Халиловиќ (Србија), како и домашните Живко Грозданоски и Јосип Коцев (Македонија).
ЗА НЕКОИ ЛИКОВИ КАЈ ТОМАС МАН, ГУСТАВ ФОН АШЕНБАХ – ОД МАН ДО ВИСКОНТИ
од Александар ПрокопиевФизичките аспекти на главниот лик во „Смрт во Венеција“, како што кажав, се погодени во изборот на актерот Дирк Богарт како Ашенбах. Но затоа Висконти ја менува професијата на Ашенбах – од писател во композитор. Сврхата на ваквата промена е суштинска за филмската приказна: музиката е мошне важен сојузник во емотивниот колорит и течение на „Смртта во Венеција“. Со Адаџието од Петтата симфонија на Густав Малер филмот отпочнува и завршува.
Беседа на Лидија Танушевска за добитникот на „Златниот венец“ на СВП за 2018 година
од Лидија ТанушевскаПоетот знае дека каде и да се пресели, ќе живее во извесна внатрешност, во јазикот на детството, во детските спомени. Пишувајќи за различни места, ќе рече: „градовите се видливи модели на човечкиот колектив, кој има две димензии: она што е видливо и она што е невидливо. Архитектурата на градовите секогаш останува во врска со духовноста на луѓето што живеат во нив“.