За „Изреченото нè прогонува“ од Никола Маџиров

Поезијата, како начин за наоѓање нови превозни средства меѓу реалноста..

Поезијата, како начин за наоѓање нови превозни средства меѓу реалноста, кога ќе успее да исткае ткаенина од метафори и слики што воспоставува незнајни и нечуени врски помеѓу разни полиња, ни допушта да ја перципираме реалноста со необјаснива виталност. На овој терен со брилијантност се движи Никола Маџиров (Струмица, 1973), кој има добиено бројни признанија на национално и меѓународно ниво за своите три објавени стихозбирки и кој е веќе објавен на триесетина јазици. Во својата поезија брилијантно и постојано создава мрежа од метафори и споредби со секојдневни, блиски елементи, кои создаваат атмосфера на голема лирска тензија.

Nikola Madzirov

Прогонството, губењето на невиноста, постоењето под трајна закана се константни аспекти во делата собрани во оваа антологија. Од своја страна, непрестано е присуството, копнежот или сеќавањето на домот, на семејството или на партнерот. Всушност, љубовта и дијалогот со љубената во книгата постепено стекнуваат најмногу тежина, станувајќи, на тој начин, белег на текстовите. Така, Маџиров успева да пресоздаде личен универзум што постојано се појавува како нападнат. Во таа смисла, алудира на живот што бил ограбен: „живи сме/како термометар кој е точен само тогаш кога/ќе погледнеме кон него“. Како тематски оски, исто така се важни и заборавот и минатото, во тензијата од разделбата. Оттаму, сеќавањето избива како конфликтна територија (неохрабрена од носталгијата). Постојано е и замислувањето на она што ќе се случи кога множинскиот субјект што е исцртан во песните ќе исчезне или ќе си замине од сегашното место. На тој начин се појавува блискоста или потврдувањето на загубата; иако треба да се истакне дека не фигурира од сожалувачка или самосожалувачка гледна точка.

никола1Содржината на оваа стихозбирка не е содржина на личност во старост. Тој спој од метафори, барем во преводот на Јоланда Кастањо и Марија Петровска, постигнува свеж тон, кој изненадува со десонанција со третираното. И, навистина, се чини дека импулсот што ги движи овие песни не е носталгијата, туку грижата за она што останува или за она што истрајало кога загубата го придружувала лирското „јас“ од детството. Всушност, она што го турка се однесува на виталистички копнеж, поплака за животот, кој не му било допуштено да го живее, за животот, кој му бил зграбен. Сепак, се потврдува еден проглас на постоењето како колективно случување: „Постоиме кога ќе се отворат прозорците“.

Песните од Изреченото нè прогонува (Lo que dijimos nos persigue) произлегуваат од еден внимателен поглед кон опкружувањето. Авторот се врти кон малото, кон блиското, но понатаму оттаму, како метонимија и како симболичка платформа, се откриваат големите случувања. Според тоа, Историјата се прикажува преку поетскиот дискурс и од перспектива на внатрешната, личната историја.

Природата исто така зазема евидентно присуство во овие стихови. Во повеќе наврати, се појавува како втор поим од споредбата, како помошен елемент на централниот мотив на песната, за да се заплете таа толку извонредна лирска атмосфера од текстовите на Маџиров.

За крај, мора да ѝ се заблагодариме на издавачката куќа за облогот вреден за пофалба, што ни дозволи да ѕирнеме една одвај преведувана на кастилјски јазик книжевна традиција (се потсетуваме на антлогијата Четири македонски поети, од 2012-та) и покрај географската како и културната блискост. Уште повеќе кога така ја добиваме можноста да уживаме во делото на поети од толкав квалитет како Никола Маџиров.

Накратко, Изреченото нè прогонува е извонредна, моќна и привлечна стихозбирка со преинтересна работа со споредбите и со исклучително создавање атмосфери.

 

Превод од шпански: Фросина Стојковска

Напишано од
More from РЕПЕР
Начинот за справување со ужасот на љубовта
Се согласувам со философот Георг Вилхелм Фридрих Хегел – дека комедијата е...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *