ЧЕСТИТАЈТЕ ЈА НОВАТА ГОДИНА, СО ПОДАРОК ОД „АНТОЛОГ“

 

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство најавува дека акцијата „Нова година доаѓа порано!“ продолжува и во текот на декември. Поради големата заинтересираност од страна на нашите читатели, продолжуваме со бонусот од 100 денари за секој купувач, а за сметка над 1000 денари ви ја подаруваме стотата книга од едицијата „Бранови“ – Жените на Лазар.

 

За да ви ги разубавиме претстојните празници, ви подготвивме и други новогодишни понуди и намалувања. Честитајте им ја новата 2016 година на своите сакани со некој од нашите новогодишни пакети книги:

 

За љубителите на класичната литература, одберете го пакетот класици за само 699 денари. Пакетот ги содржи: Америка од Франц  Кафка, Центурија од Џорџо Манганели, Го имам служено англискиот крал од Бохумил Храбал и Долкиската архива од Флан О’Брајан. Четири врвни дела на светската литература со новогодишно намалување од дури 40%.

 

На своите љубени подарете им пакет од прекрасни љубовни книги, за само 799 денари. Пакетот ги содржи: Зарем плачеше? од Даче Рукшане, Челик од Силвија Авалоне, Петте годишни времиња на љубовта од Жоао Алмино и Брик лејн од Моника Али. Најубавите љубовни романи со специјален новогодишен попуст од 32%.

 

Обожавателите на трилерите изненадете ги со пакетот трилери за само 799 денари. Пакетот ги содржи: Мементо за Истанбул од Ахмет Умит, Алцхајмеровиот случај од Жеф Герартс, Ноќно нуркање од Ким Смоге и Јас бев тука од Сас Хено. Четири возбудливи романи со попуст од дури 36%.

 

Ако вашите блиски ги претпочитаат руските автори, совршен подарок за нив е пакетот руска душа, кој чини само 599 денари, а ги содржи книгите: Жените на Лазар од Марина Степнова, Енциклопедија на руската душа од Виктор Ерофеев и Враќањето во Панџруд од Андреј Волос. Три прекрасни руски дела со неверојатен попуст од 41%.

 

За најмалите ви го препорачуваме пакетот со детски книги за само 599 денари. Пакетот ги содржи: Тино од мојот влез од Жарко Кујунџиски, Јас, Дедо Мраз и Новогодишна честитка од Александар Кујунџиски и Стариот ковчег од Михо Атанасовски. Пренесете им ја на своите деца љубовта кон читањето со овие четири интересни детски книги, кои може да ги добиете со попуст од 25%.

 

Филмуваните книги секогаш се одличен избор за подарок, па затоа ви подготвивме пакет од пет врвни романи за само 799 денари. Пакетот ги содржи: Појадок кај Тифани од Труман Капоти, Растењето на Лулу од Алмудена Грандес, Родители и деца од Емил Хакл, 101 Рејкјавик од Халгримур Халгасон и Мажите не можеш да ги силуваш од Мерта Тиканен. Сите тие со специјално новогодишно намалување од 39%.

 

Колкционерите на антологии израдувајте ги со пакетот антологии за 599 денари. Намален за дури 50%, овој пакет ги содржи: Јас имам сон (антологија на врвните говори од Македонија и од светот), Беднија и виденија (антологија на македонската песна во проза) и Мисловно досие (антологија на најубавите мисли од значајни личности од Македонија).

 

Поминете го најубавиот период од годината со најубавите дела од македонската и од светската литература, а ние ви ветуваме и други новогодишни изненадувања само за вас.

 

Акцијата важи само во просториите на Книжевен центар „Антолог“, улица „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок. 1

 

Напишано од
More from РЕПЕР
Проект рак: Приказната позади филмот
„Филмот започна кога се јави и кажа дека има рак“ - Дамјан...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *