Критичност, но со политичка неутралност

Ве уверувам дека навистина постојат такви неутрални, особено меѓу уметниците, такви кои си ја гледаат својата работа и дејствуваат во областа за која се образовале.
durlovski
(илустрација: Вилхелм Штале)

 

Ми причинува особено задоволство што ми е укажана честа да ја напишам првата колумна за новиот е-весник „Репер“. Иако по вокација не сум ниту колумнист ниту каков било музички писател, ќе се обидам да изнесам некои свои ставови за актуелната состојба на музичката култура во Македонија, се разбира, од своја перспектива.

Искрено се надевам дека овој весник/магазин ќе даде барем мал придонес во медиумскиот простор, но и простор за музичката култура, и дека токму на ова место ќе можеме во иднина да ги читаме ставовите на нашите значајни уметници, музиколози, музички критичари и колумнисти.

За македонската музичка култура може да се говори многу. Може да се критикува (негативно и позитивно), може да се говори за различни прашања и теми што ги засегаат нашите уметници и нивната дејност, за концертните сцени и за нивните услови, за фестивалите и за нивните програми, за организациите и за нивната културна политика, за државата и за нејзините механизми за поттикнување на културата и за уште многу други. Но се чини дека најтешкиот дел при искажувањето на личните ставови е да се остави впечаток на политичка неутралност, бидејќи во ваква динамична политичка атмосфера, особено во период на локални избори, ретко кој читател ќе остане со рамнодушен политички став. Се чини дека политичкото тагирање е неминовно. Ве уверувам дека навистина постојат такви „неутрални“, особено меѓу уметниците, такви кои си ја гледаат својата работа и дејствуваат во областа за која се образовале и не потпаѓаат под никакви политички притисоци, провокации и манипулации. Политичарите треба самите да ја водат својата борба, онака како што и ние самите ја водиме во културата. Меѓусебната соработка е добредојдена, дури и пожелна, но само ако таа е резултат на повисоки културни и национални цели што придонесуваат за општото добро на македонската култура. Верувам дека тоа е заедничка цел на сите наши граѓани.

Откако се обидов да ве убедам дека сум политички неутрален, сепак ќе си дозволам да искажам определени лични ставови поврзани со нашата култура. Навистина посакувам мојата земја да биде значаен културен центар, но се чини дека таа сè уште е далеку од светската културна мапа. Притоа, не алудирам на квалитетот на македонските уметници, бидејќи такви ги имаме во доволен број. [pullquote align=”left”]Далеку сме од светската мапа поради неколку факти. Пред сè, понудата на културните настани е исклучително мала, но и нивната „дистрибуција“ во текот на годината е несоодветено распределена[/pullquote]Далеку сме од светската мапа поради неколку факти. Пред сè, понудата на културните настани е исклучително мала, но и нивната „дистрибуција“ во текот на годината е несоодветено распределена (доволно е да се сетиме колку концертни настани, покрај редовната програма на националните установи, имало од почетокот на годината до сега). Овој факт говори за некаков дисконтинуитет кај сите фактори што ја креираат концертната политика. Таквиот дисконтинуитет влијае негативно врз редовната публика на ваквите настани и, наместо да се поттикнува и да се развива публиката, ние сè уште преговараме, договараме, планираме, се одмораме од претходната, се загреваме за новата, а една четвртина од годината веќе одминува.

Бројот на годишни концертни активности во еден од најзначајните европски културни центри, Виена, се движи околу 15.000 (вклучувајќи ги сите музички жанри). Тоа се четириесетина концерти дневно во просек. Импозантна бројка. Од концерти на студенти (бесплатни), клупски свирки или концерти во кафетерии каде што може да се ужива и со некој пијалак, концерти на аматерски или на црковни хорови, камерни ансамбли, до оркестри, мјузикли, музички театри. Всушност, има сè, за секого и за секоја цена. Големата понуда создала природна диференцијација меѓу концертните активности, а со тоа и во цената на билетот, што, пак, влијае врз цената на уметникот. Можеби овој модел изгледа недостижен за Скопје, но сигурно ќе ни покаже во која состојба е нашата културна понуда, а можеби и ќе нè поттикне барем малку да се приближиме кон тој модел. Иако квантитетот не е сојузник на квалитетот, во овој случај несомнено ќе придонесе кон развојот на публиката и на целокупната музичка култура и ќе ни даде основа да зборуваме за квалитет. Сè дотогаш останува сите ние да го дадеме својот влог и придонес и да создадеме некаков контекст, за кој ќе можеме да говориме, да споредуваме, да критикуваме и да се рамниме со големите културни центри.

Авторот е оперски пејач

Напишано од
More from РЕПЕР
Книжен молец
Патрик Котер е роден во Корк, Ирска, 1963 година, каде што и...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *