Органски влезови во природата

Еден од правците во кои почна да се развива современата уметност е и органската концептуална уметност или уште наречена land art.

vlez1

Последните неколку години концептуалната уметност почна да добива нова суштина, проектите и делата да добиваат нова форма, авторите да користат различни методи и пристапи, а целта, пораката и целината да станува повеќеслојна.

Еден од правците во кои почна да се развива современата уметност е и органската концептуална уметност или уште наречена land art. За создавање на оваа специфична форма уметниците најчесто користат материјали кои се наоѓаат во околината каде и ги градат и поставуваат самите објекти, изборот е најчесто на елементи кои се одржливи и асоцираат на просторот кој се ангажира. Темите кои се избираат се со широк дијапазон, но најчесто обработуваат наслови поврзани со историјата на одредено место, со (ре)анимација на просторот и осветлување на конкретни креативни визии и идеи. Ленд артот станува сè поинтересна и попровокативна дисциплина во современата уметност која претставува предизвик за специфично ангажирање на најразлични природни простори.

vlez2

Уметноста треба да изненадува, да фасцинира, да остава прашалници, но и да дава одговори кои ги побиваат досегашните дефиниции. Да ја разбие колективната свест за постоечката уметност и да даде нов модел. Уметноста која се создава на отворено, органската или концептуалната уметност за која се користат природни материјали ја отвора димензијата на природата која досега била непозната. Оваа уметност ги редифинира пејсажите на светот, создава амбивалентен однос со реципиентот.

Германскиот уметник Корнелија Конрадс (Cornelia Konrads) создава умствено искривена перцепција на објекти кои се специфични за јавниот простор во кој таа дејствува. Како слободен уметник на сцената се појавува во 1998 година, оттогаш до денес таа е овластена за неколку постојани и повремени јавни уметнички дела. Нејзините специфични инсталации во јавните простори станаа препознатливи за многу кратко време, таа најчесто за локација на нивните дела избира паркови и приватни градини ширум светот. Секако дел од проектите припаѓаат на познати приватни колекции монтирани во паркови полни со скулптури и приватни градини. Нејзината работа е често испрекината, навестува илузија на бестежинска состојба, каде предмети кои таа умно ги подредува даваат идеја дека одредени логови, огради и влезови се рушат или испаруваат пред вашите очи. Нејзините објекти си поигруваат со гравитацијата, тие како да левитираат во средината на воздухот. Како автор се обидува да ја зајакне дефиницијата за привремената природа на нештата, нивната минливост и краткотрајност.

vlez3

Доколку се фокусираме на нејзините дела поставени на отворено, на концепот со кој пристапува во обработката на таа загатлива тема слободно можеме да заклучиме дека станува збор за дела кои ги побиваат досегашните примери на (анти)гравитациони скулптури и инсталации, објектите во нејзините проекти добиваат форма која како да лебди пред вашите очи. Доколку се доближиме поблиску до делата ќе видиме дека таа користи метална тенка жица или рибарски конец со кои се обидува да ги оддели елементите од основата, со што ја добива главната цел во нејзината работа, ако се посматраат од подалеку да имаат во себе доза на мистичност, магичност, надреалност, особено во баланс со фактот дека речиси секогаш тие се поставени во прекрасна околина која секогаш го има својството на надополнување на нејзината идеја.

Ако веќе подолго време ја истражувате концептуалната уметност или land art-от како една од постоечките дисциплини сигурно во нејзините дела ќе ја препознаете работата на Енди Голдсворти (Andy Goldsworthy), таа најпрво ја истражува околината, ги истражува локалните природни материјали, потоа од истите ги создава нејзините уметнички дела. Користи гранки, камења и други природни објекти, и на зашематувачки начин ги доближува нејзините инсталации до публиката. За некои овие дела изгледаат нестабилно, како привремено поставени таму, некои си помислуваат дека се направени само за да бидат фотографирани и архивирани, но некои од делата се навистина стабилни и трајно поставени, таа им пркоси на законите на Њутн, а за разлика од повеќето уметници кои полека се појавуваат во светот создаде пристап кој е уникатен и препознатлив. Нејзината работа допира во срцето на природата, можеби изгледа минливо затоа што таа користи природни елементи кои изгледаат како изедени од забот на времето, но за да се постигне таков ефект потребно е и визијата да биде временски минлива, одделена од историјата, да функционира во некое паралелно време, одразувајќи една паралелна димензија, еден процес кој се постига единствено доколку самиот резулат трансцедентира и се сплотува со околината. Експлицитнатата интерскулпуралност во јадрото на нејзината идеја, нежноста со која се приближува на објектите и релацијата која се создава помеѓу веќе постоечките објекти го прават нејзиното дело, генерално, документаристички оригинално, типолошки препознатливо и недвосмислено обликотворно.

vlez4

Делата на Корнелија Конрадс се истовремено смирувачки и движечки, разделени и споени, ја играат гравитацијата, но и ја надминуваат, создаваат нова реалност, но и посебна симулација, култот кој го поставува како прашање е: дали камењата (најчесто), но и другите елементи летаат нагоре или всушност паѓаат надолу?

vlez5

vlez6

Кога се наоѓаме во ситуација да дефинираме дали нешто лебди нагоре или паѓа надолу се наоѓаме во ситуацијата помеѓу, некој би рекол ни на небо, ни на земја, а моментот на неодлучноста е тоа што ги прави нејзините дела истовремено иритирачки и фасцинантни.

Напишано од
More from РЕПЕР
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *