Сентиментални будали!

Дваесет Фејсбук статуси од еден страстен набљудувач на македонските прилики и неприлики, за кои одговорно тврдиме дека ќе измамат насмевка на вашите лица.

KBB-10

Најпопуларна игра на среќа и знаење во Македонија не е веќе Квискотека, туку хипотека.

Чоколада – врска во која без разлика колку и да е ладна, на крај ќе се стопи во твоите раце.

Најбрзо се слабее ако ги вртиш наназад сликите на Фејсбук.

Ајде веќе кога се фалиме, јас да си кажам дека ми фали одмор.

Во Скопје ако сакаш да го видиш градот и луѓето од висина имаш две опции, да се качиш на Водно или на маса во кафана. Секој викенд секој си ја бира својата перспектива…

На Британците им починал бивши премиер, па на сите медиуми јавуваат. Нам демократијата ни е на смртна постела, па ниеден државен медиум не јавува. Сентиментални будали!

Сè додека има повеќе луѓе на Саем за мебел отколку на протести, ќе си останеме со исти гарнитури, само со различен тапацир.

Викенд – сите го сонуваат, многу го преспиваат.

Веќе нема колнење во револвер и кама, сега само во револвинг кредит и камата.

Џабе – единица мерка за очекувања во Македонија.

KBB-11

Атеист е тврдоглав човек што колку и да го тепаш не можеш да го убедиш дека ќотекот е излезен од рајот.

Фејсбук и град – двете места каде што те лајкаат заради статусот без да те знаат.

Да се каже дека сега е подобро зошто барем нешто се работи е како Ное да кажал после поплавата дека сега барем има доволно вода.

Собрание, место каде што демократијата се случува надвор од неговите ѕидини.

Предлог кој очекувам наскоро некој да го даде во Скопје: двокатен трамвај со безжичен интернет и штекери за полнење на мобилни.

Утопија – течна агрегатна состојба која е резултат на вербата дека ќе завршиш брзо работа на шалтер.

Никој во Македонија не бара објаснување, сите бараат само платформа за викање.

Параноја – состојба на два ноеви кои мислат дека другиот го краде додека и двајцата се со глава во песок.

Денеска Крсте Петков Мисирков да ја пишуваше, ќе се викаше За македонц,ц,ц,ц,ц,ките работи.

Лето – 20 дена кога Скопје и скопјани се одмoраат еден од друг.

 

Милан Дамјаноски, по звање магистер по англиска книжевност, по хоби набљудувач на македонската и скопската реалност, со прилепски коментаторски гени и скопски животни искуства.

Илустрации: Кејт Бингаман-Барт

Напишано од
More from РЕПЕР
Размисли и совети за чинот на пишување од Ернест Хемингвеј
Кога пишував, ми беше неопходно да прочитам што сум напишал. Ако продолжите...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *