Животот на поетот

Тешко е со една реченица да се окарактеризира некој поет или писател-великан. Но рускиот писател Сергеј Сумин се решава на еден таков книжевен експеримент. Се чини успешно го изведе тоа. Ова е само избор од неговиот обид.

Anastassia-Elias-diorama3

Се разбира дека е тешко со една реченица да се окарактеризира некој поет или писател-великан. Сепак, решив да се обидам. Методата е мошне едноставна – да се запише првата асоцијација, биографски факт или стих што ќе ми падне наум при споменувањето на некој автор. Сомнежи за точноста на нивното „дефинирање“ постојат и ќе постојат. Има многу варијанти на оваа тема, меѓутоа како најточни обично ми се јавуваа првите реченици-асоцијации што ги претставувам пред вас.

Напомена: во оригиналниот текст се изоставени имињата ставени во заграда. Сепак, преведувачот сметаше дека со нивно вметнување во текстот читателите полесно ќе сфатат за кој автор станува збор.

1. (Роберт) Валзер изјавува дека не му е толку битна репутацијата колку поентата.

2. (Петер) Хандке проповеда учење на планинскиот венец.

3. (Владимир) Набоков конструира кристална купола на својот текст.

4. (Данил) Хармс се обидува да полета.

5. Едгар (Алан) По ги злоупотребува алкохолот и живата.

6. (Фридрих) Ниче во читателот го разгорува пламенот на индивидуалното творештво.

7. (Ана) Ахматова седи свртена со половината кон нас.

8. (Михаил) Лермонтов е прогонет на Земјата.

9. (Кларис) Лиспектор сочувствува со сиот живот на Земјата.

10. (Франц) Кафка бавно сраснува во книжевноста.

11. (Артур) Рембо мечтае да изгради Божиќ на Земјата.

12. (Јосиф) Бродски умира со своето срце.

13. (Александар) Веденски изјавува: „Бог постои во кругот“.

14. (Александар) Пушкин се измачува од љубомора.

15. (Анри) Мишо ги истражува внатрешните далечини.

16. (Милорад) Павич пишува со рака што во себе содржи седум исти – само малку помали – раце.

17. (Итало) Калвино црта воздушни градови од сеќавањата.

18. (Дино) Буцати го опишува очекувањето како тајни морници.

19. Сигизмунд Кржижановски ја заборава азбуката.

20. Ошо благословува сè наоколу.

general

21. (Марина) Цветаева одбива да завива со волците на плоштад.

22. (Алберто) Савинио се расправа со својата машина за пишување.

23. (Сергеј) Есенин како јаболко паѓа пред туѓи нозе.

24. (Владимир) Мајаковски става точка од куршум на крајот.

25. (Џон) Китс верува дека поезијата на Земјата никогаш нема да изумре.

26. Новалис гризе сино цветче.

27. (Хајнрих фон) Клајст се откажува од воената кариера.

28. (Јохан Кристијан Фридрих)Хелдерлин потонува во мрак.

29. (Натаниел) Хоторн талка низ лавиринтите на пуританизмот.

30. (Хорхе Луис) Борхес сака да умре во целост.

31. (Хулио) Кортасар признава дека сè што напишал е освоено од страна на мракот.

32. (Мишел) Уелбек го опишува светот како супермаркет.

33. Анџелика Картер го проверува законот на телесните желби.

34. (Рјуносуке) Акутагава се смета себеси за Пигмеец.

35. (Леонид) Добичин влегува во река.

36. (Андреј) Платонов проникнува во материјалното постоење.

37. (Генадиј) Ајги му се поклонува на ветерот.

38. (Вилијам) Блејк ги длаби своите пророштва на бакарни таблички.

39. (Омар) Хајам не брза да одбие чаша вино.

40. (Борис) Патернак го нарекува животот своја сестра.

41. (Пол) Валери се буди во шест часот наутро.

42. Жуан Ци безгрижно пие вино.

43. (Марк) Харитонов се наоѓа во домашен притвор.

44. (Андре) Малро загинува од удар со кинжал (вид кама).

45. (Вилијам) Шекспир игра на штиците од лондонските театри.

46. (Џон) Ешбери се наоѓа во автопортрет, кој, пак, се наоѓа во сферично огледало.

47. (Артур) Шопенхауер зборува за ништожноста на постоењето.

48. Самјуел Тејлор (Колриџ) во сон го гледа дворецот на Кублај-кан.

49. Овидиј обземен од тага талка по бреговите на Дунав.

50. (Чезаре) Павезе пишува новела во полупразен летен град.

51. (Алехандро) Ходоровски го опишува вкусот на изгледот.

Илустрации: Анастасија Елајас

Превод од руски: Ѓорѓи Крстевски

Напишано од
More from РЕПЕР
СЛАВЕНКА ДРАКУЛИЌ ГО ОТВОРА „БУКСТАР 4“
Пред македонската публика оваа година ќе бидат претставени дури седум докажани и...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *