Во бурите на пустината


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/echqdumm/public_html/reper.net.mk/wp-content/themes/simplemag/formats/format-standard.php on line 28
Панде Манојлов - поезија

sto

Панде Манојлов

СЕ ПЛАШАМ

Мислев:
заедно со мене,
со мојата старост,
одвеана е и печалбата
од мојот роден крај,
одвеана со виорот
на црвената
ѕвезда петокрака…
Мина еден век,
мина и друг
а третиот е на прагот
и ете,
пак некој бран,
некој ветер,
некој виор
што не корне
до непостоење!
Се плашам
од небиднината
од селидбите,
се плашам од авионите,
од бродовите
што го разнесуваат
и денес
мојот народ,
се плашам од ветриштата
што не разлетуваат
како диви гулаби,
како штркови
да сме без гнезда,
се плашам
да не ни остане ништо
и од она
што малку ни останало!

13 јуни 2013 г.

ВО БУРИТЕ НА ПУСТИНАТА

Години
низ пустини
и пустински ветрови талкаме
како камилари
без камили
и како сеедно да ни е
што мислат за нас
и денес
во некој нов Букурешт.

Години
ветришта дуваат
и од запад и од исток
ветришта
и од север и од југ
ветришта на неспокој
букурештки ветришта
на пустошот
и стравот.

Еден ден
еден суден ден
можеби ќе се засолниме
како патници намерници
во некој ан
во некоја станица за изгубени
прашувајќи ги непознатите
каде е татковината
на протераните од Македонија.

Сигурно ќе ни кажат
дека тука
некогаш наминал
некој си Павел Шатев
со бисаги полни динамит
со една карта
на една Земја
што ја носел в срце
картата на Македонија!

Ќе ни кажат
дека атентаторот носел
и икона од Свети Павле
и дека Павловден
бил негов сведен
и сведен на неговата земја,
ќе ни шепнат дека „Гладакавир“
сеуште не е потопен
за во него да не потопат нас.

Затоа треба да се истрае
оваа нова букурештка бура
овој пустински ветер
за некогаш
да си ги ставиме
нашите глави
на наши рамена
за патот да го пронајдеме
патот
до следното востание во нас.

14 јуни 2013 г.

Меѓународната поетска манифестација „Читајќи го Мажит Гафури“ која се одржа во главниот град на Република Башкортостан Уфа (Руската Федерација) го прогласи македонскиот поет Панде Манојлов за лауреат и му го додели највисокото признание „Медал на лауреат“.

Тагови од објавата
, ,
1
Напишано од
More from РЕПЕР
Куманово, град на писатели
На 4 ноември од 19.30 часот, во НУ Центар за култура „Трајко...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *