„Крст од топола“ – избор слики

Никола Пијанманов – роден во 1981 година. КРСТ ОД ТОПОЛА – избор слики.

36977_132013596830985_6512770_n

Никола Пијанманов – роден во 1981 година. Средно уметничко училиште завршил во 2000 година, додека Факултет за ликовни уметности во Скопје – во 2005 година. Досега реализирал четири самостојни изложби:

  • Изложба на слики „ИЛУМИНАЦИИ“ (на поезијата на Михаил Ренџов), во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје, 2008 год. – „илуминациите“ се сега дел од постојаната поставка на библиотеката;
  • Изложба на слики „КРСТ ОД ТОПОЛА“, поставена во МКЦ, Скопје, во 2008 год.;
  • Изложба на слики „МИРИСОТ НА ВЕНЕЦОТ“, поставена во Мала станица, Скопје, 2009 год.;
  • Изложба на слики „ИСЧЕЗЛИВО“, поставена во Отворено графичко студио, Музеј на град Скопје, Скопје, 2012 год.

Учествувал со сликарски проекти во претставите: „Досие Стриндберг“ во режија на Владо Цветановски, 2010 година, во Струмичкиот театар „Антон Панов“ и „Бесови” во режија на Златко Славенски, 2011 година, во МНТ Скопје. Учесник на колонијата „Папрадишки мајстори“ во 2008 година, на Меѓународната струмичка ликовна колонија во 2008 година и на Колонијата посветена на холокаустот во „Молика“, Пелистер, 2011 година.

Во фоајето на Македонската опера и балет ја поставил монументалната слика „СЕКИРА“ во 2010 година (дел од постојаната поставка на МОБ).

[nggallery id=8]
Напишано од
More from РЕПЕР
Песочниот мастер-план
Калифорнискиот дизајнер и уметник Чад Врајт (Chad Writh) неодамна создаде детски песочни...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *