„100 илјади поети за промена“ низ фотографии


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/echqdumm/public_html/reper.net.mk/wp-content/themes/simplemag/formats/format-standard.php on line 28
Коментари од дел од учесниците.

Манифестацијата „100 илјади поети за промена“, во саботата по трет пат се одржа во Струмица, овој пат во Центарот за култура „Антон Панов“.

Дваесетина поети од повеќе градови во државата, ги презентираа своите поетски творби пред љубителите на поезијата во Струмица, на третата по ред манифестација „100 илјади поети за промена“. Меѓу учесниците со свои песни се претставија Жаклина Свеќаровска, Бобан Богатиновски, Тихомир Јанчовски, Афрофита Николова, Филип Димкоски, Василка Кортошева, Даниел Карески, Златкова Мануела, Иван Вета, Мирна Трпкова, Катерина Диманова и многу други.

a55

– Целта и мисија на ова движење е јавно да проговориме, преку нашиот ракопис, т.е. создавањето и креирањето на поезија, поточно социјално ангажирана поезија. Да проговориме јавно за сите оние промени кои сакаме да ги видиме, а се однесуваат како на оние материјалните аспекти, така и на оние духовните аспекти, но, најмногу сакаме да зборуваме за тоа дека не сакаме да има повеќе војни, геноцид, сакаме да има толеранција, разбирање, прифаќање на различностите и всушност ширење на она генерална, основна порака на луѓето, т.е. повеќе љубов, повеќе разбирање и прифаќање на луѓето такви какви што се, рече за Нова Македонија Митко Гогов, млад поет, организатор и претставник на движењето „100 илјади поети за промена“ за Македонија, во Струмица.

Коментари:

Бобан Богатиновски: Родена е нова манифестација што ги поддржува младите поети кои допрва доаѓаат на поетската сцена. Понекогаш најискрените стихови од тетратките повеќе вредат од бледите стихови во најлуксузните книги. Сум присуствувал на многу поетски читања, но она што се случи вчера во Струмица беше неповторливо!

Катерина Диманова: Ја испреплетуваш фантазијата со реалноста, ја интерпретираш истата, па таа започнува да станува сечија реалност. Пламен од поетските срца одекна низ просторот на Центарот за култура „Антон Панов“ – Струмица вчера, па се претвори во наша утопија. Да се соединат мислите и да се слушне нашата мечта за утре да се разбудиме во подобар свет. Нишаневме директно во сржта на проблемите, пакувавме куфери полни со зборови и ги испративме директно во светот. Поетите мораат да успеат да ја смират игривоста на тлото под вашите нозе!

Мирна Трпкова: Споделениот стих е некому вредно злато, некому паднат камен од рамо. А за мене и едното и другото. Несподеленото е речиси непостоечко. Голема благодарност за можноста да споделам!

Филип Димкоски: Чувството дека во истиот ден, се случуваат уште 575 настани во 100 држави во светот, ти дава сила и верба дека она што го правиш е убаво и добро. Дневното читање во Струмица овозможи да им се даде простор на младите литературни творци, а вечерното читање имаше посебна хармонија за која освен стиховите, придонесоа и звуците на гитарата. Чинам дека со успешното читање во Струмица придонесовме за магијата што треба да предизвика позитивни промени. Со нашиот зборотек придонесовме да се разубави човечкиот светоглед. Честитки до организаторот со желба и во иднина да постои оваа манифестација и да се шири.

Василка Кортошева: Жеднееме да патуваме, зашто патувањето е еликсир за нашата душа. Да патуваме низ просторот, да патуваме низ страниците на книгите и фантазијата, да патуваме заедно со луѓето за кои “штиците живот значат’ и еден ден да стасаме на станицата на успехот – синтезата од овие копнежи. Во центарот за култура “Антон Панов” ,вчера во Струмица завладеа духовен мир, соединети, поетите ја гасневме својата жед, ја споделивме неисцрпанта мисла во нас. За момент надвладеавме, создадовме заедничка хармонија и радост.

КалиОпи Босиланова (посетител): И по трет пат поети од различни градови застанаа зад микрофонот и проговорија за промена која сакаат да ја видат. Остро, интригантно, мелодично, самоуверено, секој во свој стил, најдобро што може. А публиката следејќи го секој нивни стих, ги награди со долго ракоплескање.

1
Напишано од
More from РЕПЕР
Армада што ќе ве потресе и вознемири
Сепак кулминацијата на оваа книга е во вознемирувачките описи на бедата и...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *