Книга за сите од 9 до 99 години

„Зебер, види каде ни се шетка фирерот“.

 

Христоф Марија-Хербст е еден од најголемите германски актери и комичари. Во 1986 година ги основал приватниот театар во Кроненберг и својата актерска школа. Уште е активен, како во германските театри и комичарски сцени така и во различни телевизиски серии и играни филмови. Последниот ангажман му беше позајмувањето на гласот на звучната книга (audiobook) за бестселерот „Види кој се врати“ од Тимур Вермеш, кој буквално направи ‘ршум меѓу германските читатели. Во ова интервју, од кое на македонски пренесуваме само делови, меѓу другото, зборува за своите погледи на книжевната верзија на диктаторот Адолф Хитлер.

Дали во сатирата е дозволено сè?

Ќе ја искористам оваа пригода за да раскажам за еден филм што го снимавме, а во кој јас го играв „Алфонс Хитлер“. Првите денови снимавме во Чешка. Мораше да направиме пауза, бидејќи во околината имаше туристи. Се шетав облечен во костумот на Хитлер, малку џогирав, така што се најдов во ситуација да изгледам како вистински Хитлер или барем имав желба да изгледам реално. Токму тогаш поминуваа германски туристи од Баварија и една жена сосем гласно му рече на сопругот: „Зебер, види каде ни се шетка фирерот“. Таа реакција многу ме замисли. И, кога таквата реакција би ја слушнал лично Хитлер, кога во денешно време би се шеткал вака, би рекол само: „Нејсе“.

хи2

Колку беше тешко да се имитира гласот на Хитлер?

Да се имитира гласот на Хитлер не беше најтешката работа. Го имам тоа во себе како Германец, а јас како Германец би можел да бидам и Хајнц или Хелмут Кол, би можел секого да го имитирам, подобро или полошо. Но смеењето може да се контролира само тогаш кога си добро запознаен со текстот, а јас сум го прочитал повеќепати и тоа не е како на филмско снимање каде што спонтано излегуваш накрај со текстот, туку навлегуваш во него, го учиш напамет. Имаше делови што отпаднаа во звучната книга. Практично, целта е да не се смееш на две третини од текстот, тука професионалноста да дојде во прв план, да ги направиш нештата целосно сериозно, а на крајот сето тоа да изгледа смешно за оној што ќе гледа или ќе слуша.

хи1

Како би реагирале кога реинкарнираниот Хитлер би Ве сретнал денес?

Ха-ха, какво прашање, не се надевав… Кога ја читав книгата, веројатно затоа што многу сум играл на сцена или пред камера, ми се појавуваа конкретни слики, така што оваа книга токму тоа и го бара. Кога би имало добар изведувач на ликот на Хитлер во Германија и кога книгата би се филмувала, да, можеби би го доживеал тоа. И уште еднаш за самиот роман. Тимур Вермеш го направи тоа со толку јасна фантазија, вметнал кристално чиста фикција, што толку многу заплашува. И секогаш кога паѓате од смеа, среде кикотот останува заглавена една кнедла во грлото. Така што авторот ја постигнал својата цел. Луѓето треба да замислат како реалната фигура на Хитлер се движи по улицата „Максимилијан“ во Минхен или по пешачката зона во Нирнберг.

Кому би му се допаднала „Види кој се врати“?

Целната група е сите од 9 до 99 години. Како кај оние игри. Кога бев мал, никогаш не сфаќав што значи тоа „од 9 до 99“, мислев дека значи дека можат да играат од 9 до 99 лица, потоа сфатив дека е тоа препорака за возраста. Тоа е препораката што би ја дал за оваа книга. Затоа што секој ќе си го одбере она што му треба, она што го бара. Дури има и куп нешта со кои може да се занимавате подоцна, да најдете огромно задоволство во имитацијата, но има смешни нешта и на самата површина од делото.

Напишано од
More from РЕПЕР
Јазикот ни „експлодирува“ од вакви глаголи
На еден од нашите портали прочитавме дека „Перо Антиќ повторно експлодирува, и...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *