Молекуларни адаптации во просторот

Ирина Антон е одлична за разбивање на идејата за микрокосмос – макрокосмос, со својата одлична (инфра)структура.

m2Интервенцијата со оваа серија мрежни инсталации, „Мрежно освојување“, на германската уметница Ирина Антон е концептуален проект што се обидува да го освои шумско-планинскиот  или урбаниот галериски простор, од друга страна, низ целиот свет.

Секое парче/дело е составено од 100 до 150 пара рециклирани хулахопки, кои се врзувани во јазол и на тој начин, меѓусебно поврзани со топки по средината, формираат молекуларни структури.

Со овие структури, подредени во меѓусебни линии и јазли, авторот сака да пренесе порака дека сè повеќе и повеќе модерното индустриско општество и глобализацијата навлегуваат и посегнуваат по природата и по природните богатства.

Во проектот се користат рециклирани материјали, поточно текстилни, за да се потенцира еден друг сегмент од консумирачкото општество – модата.

Додека поединците се заробени во тој круг на потрошувачка, во зависност од тоа дали станува збор за маркетинг или за консумирање, предмет на висока видливост и алармантност е загриженоста што доаѓа од темите како експлоататорскиот однос и правата на работниците, кои се одлика на модерната индустрија, а Антон се обидува да го презентира тој проблем на посебно креативен и визуелно различен начин.

m1

Таа глобализацијата ја става во директен конфликт со „природните“ човекови потреби, со начините на живот и на работа. Одличен пресек на природата со еден органски издржан, футуристички, а еколошки пристап. Ја разбива современата смисла за дефинирање на уметноста, изгледа исполнето, на некој начин хармонично со просторот во кој функционира.

Ирина Антон е одлична за разбивање на идејата за микрокосмос – макрокосмос, со своите универзални хулахопки, балони и топки гради одлична (инфра)структура. Во секој простор тие различно се приспособуваат, како да се лепат на него, како да се дел од него, како да е просторот ставен под лупа или под микроскоп.

Одлична идеја и адаптација во просторот во кој е поставено; ова „Мрежно освојување“ навистина дејствува!

[nggallery id=25]

Напишано од
More from РЕПЕР
Телото како психосоматски атлас
(Психосоматските аспекти во делата „Заменети глави“ од Томас Ман и „Тело“ од...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *