Со Рацин во ѕвeздена ноќ спроти 13 јуни 1993


Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home/echqdumm/public_html/reper.net.mk/wp-content/themes/simplemag/formats/format-standard.php on line 28
По повод 105 години од раѓањето на Коста Солев - Рацин, ексклузивно објавуваме песна од Томе Арсовски посветена на авторот

Кога го вртеше јадрото иловица-глина-ума
Глобус сонуваше зарем вртиш од белите зори
Во митски во вселенски јазол, во темна на времето шума?
Тој ли те одведе таму во сомнежот урок кај гори?

Од јатка-збор до прелага, од радост до замолк штрб
Од глинена песна до дно на осама густа
Од трибун нежен до куршумот братски в грб
Од метафората до вчудено око на гибелта пуста

Таа ли куќа те збра, брату на цел свет што си
Гневу мој добар, добрино моја клета
Тој ли свет братски е муграта бела и света
Што лирската ровја неволнику твоја ја носи
Кај гревот е гостин, а кобта – гозба и пир?

Глеј светото цел на јазик нов пак стихот ти пие
К’о вино за причесна – рубин на опојна надеж
Но кажи: чаркот кому ќе му го дадеш
И дали обзори сонот, дал’ зацели твојата рана
На овој ветровит Балкан овој на луњите вир?

На сеќавањето – брана.
На коски ти – мир…

Тагови од објавата
1
Напишано од
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *