Сите кои уживале и уживаат во руските класици, делата на големите Достоевски, Толстој, Булгаков, Набоков, се исправени пред една нова величина на прекрасната руска литература. Современите романи на Људмила Улицкаја, преведени на 25 јазици, ги привлекуваат читателите од цел свет.
Во нејзината високо оценета Случајот Кукоцки, секој ќе се пронајде, бидејќи на интересен начин ги опфаќа најактуелните теми на денешнината. Сродството, лекарската професија, генетичкиот инженеринг, научните експерименти со луѓе, зачнувањето, генијалноста, мајчинството, оформувањето на фетусот, одот против општествените норми, растењето, детството, посвојувањето, татковството, абортусот, лечењето беслодност, се дел од болните проблеми кои се опфатени тука.
Романот поставува важни прашања: каде завршува човечката слобода, дали човекот има право самостојно да одлучува како да постапи со сопствениот живот, како да се биде во хармонија со светот. Ова е прекрасен пример како преку едно семејство може да се покаже целото општество на конкретната епоха.
Људмила Улицкаја (1943) е една од најзначаните современи руски писателки, инаку биолог-генетичар по образование. Станала позната како филмски сценарист. Почнала да објавува во 1983 година. Оттогаш нејзините бројни дела се преведени на дваесет и пет светски јазици. Според романот Случајот Кукоцки во Русија е снимена ТВ-серија. Со романот Случајот Кукоцки Улицкаја стана првата жена-добитник на руската „Букерова награда“.
Од Евгениј Савченко
Постојаните спорови за тоа во која сфера треба да се сместат книгите на Људмила Улицкаја (дали е тоа „масовна култура со претензија“, или таканаречената „висока литература“) не менуваат ништо во фактот дека таа е – ако не класик на новиот бран руска литература, тогаш една од најзначајните писателки на современоста, прва жена што ја добива наградата „Руски букер“.
Случајот Кукоцки е семејно-историска сага во најдобрите традиции на рускиот, но и на секој друг реализам. Бавниот тек на линијското раскажување скршнува дури во вториот – вонвременски и вонпросторен – дел на романот, но и тоа мистично полуоткровение на Елена Кукоцка, сопругата на главниот херој, изгледа сосема во духот на целата атмосфера на делото. Улицкаја се откажува од општиот принцип на белетристичкото искажување и создава дело со некаква питагоровска „должина без широчина“. И ако. Тоа е добро.
Основа на кризата на семејството Кукоцки е падот на Руската империјата и дегенарацијата на цел народ: Втората светска војна, таканаречениот процес против „лекарите-убијци“ во Советскиот Сојуз, борбата со космополитизмот, репресиите, погребот на Водачот и останатите „измислици“ на епохата. Врската меѓу историјата на една држава и хрониката на едно семејство во романот е како испрекината линија што го означува преминот од личното кон општото: и на едната, и на другата страна сѐ води кон едно – истрошеност и смрт. Така, зборовите на главниот херој на романот звучат како своевидна дијагноза на времето во кое живееме: „Гангренозен распад со хеморагија во мускулите, петехијален осип. Историјата на болеста не одговара на ништо. Имаше интоксинација. Инфузија, за која тука пишува, не била дадена. Ги прегледав вените… Претпоставувам дека воопшто не се презеле никакви мерки за лекување. Но сега не станува збор за тоа. Во вашето породилиште имате – хепатит“.
Од www.gigabooks.ru
Книгата поставува важни прашања: каде завршува човечката слобода, дали човекот има право самостојно да одлучува, како да се биде во хармонија со светот. Освен тоа, ова е прекрасен пример како преку животот на едно семејство може да се покаже целото општество на конкретната епоха… Авторот на романот „Случајот Кукоцки“ не наметнува свој поглед на светот и се воздржува од секакви оценувања. Единствената поука што си ја дозволува да ја даде меѓу редови е – чувајте ги љубените. Читателот самиот треба да извлече заклучоци. Затоа книгата не треба да се чита брзо, туку со мислење, со вдлабочување во минатите времиња во која се кријат секогаш наново поставените вечни прашања.
Од „Новиот свет“, 2000
Нејзините дела – не се ни детективски романи ни булеварско четиво. Тие припаѓаат на вистинската, ако сакате, висока литература по која копнее мислечкиот читател. Изненадува професионализмот на авторот и умеењето да се најде границата меѓу „медицинската терминологија“ и говорот на литературата, извонредно да се изгради сижејната линија, да се изведат природно-научни заклучоци на ниво на философски поими…
Јазикот на Улицкаја лесно се сведува на ниво на формула, на код; во една реченица се одразува стилот на писателот. Нејзиниот јазик дејствува според принципот на семејните кавги: кога разговорите на членовите на семејството со годините се завинтуваат во тебе, се завртуваат како сврдел – мрморат, јачат, досадуваат – сѐ додека не откриеш дека веќе целосно се состоиш од тие зборови.
Warning: Trying to access array offset on value of type bool in /home/echqdumm/public_html/reper.net.mk/wp-content/themes/simplemag/inc/social-share.php on line 60
Pinterest