Никола Дикнер (1972) е канадски писател. Студирал визуелни уметности и литература. По студиите, често патувал во Европа и во Латинска Америка. Досега објавил четири книги, од кои се издвојува наградуваниот роман „Николски“. Колумнист е во алтернативниот неделник „Воар“ од Монтреал.
„Никола Дикнер има огромна фантазија, голема ерудиција, инвентивен стил. Тој е инкарнација на иднината на книжевноста во Квебек… Ништо помалку“.
Пјер Кајот, „Л’актуалите“
„Приказната лебди во главата долго по читањето, оставајќи го читателот во својата чудна, но прекрасна орбита“.
„Газета“
„Николски нуди воодушевувачки поглед на светот, мешајќи ги географијата и картографијата преку јазикот, кој истовремено е интелектуално софистициран и емотивно потресен”.
„Глоуб енд мејл“
„Ликовите се толку полни виталност и изненадување што се незаборавни. И јазикот е жив како и ликовите… Овој роман е толку богато и слоевито напишан што секој краток осврт може да му наштети. Сепак, неговата комична брилијантност е непобитна… се чита со огромно задоволство“.
„Едмонтон џурнал“
„Полн детали за морето, рибите, старите книги, патувањето и за археологијата, Николски е производ на ексцентричен ум инспириран од темпераментен дух“.
Маријана Акерман, „Валрус“
„Роман што ќе измолкне насмевка и ќе сакате да го прочитате уште еднаш“.
„Винипег фри прес“
„Не е доволно да се каже само: оваа книга е откритие на годината…“
Керол Бело, „Л’актуалите“
„Ако ве интересира големиот широк свет, нурнете се во овој фантазмагоричен, жив, фасцинантен роман”.
Игу Кориво, „Летр квебекоизе“
„Со стил, оригинален, потресен и сетилен”.
Дејвид Мичел , авторот на „Облак Атлас“
„Дикнер ја провоцира имагинацијата на читателот до точка на екстаза“.
„Л монд“