Асоцијативните пејзажи на Анета Ивановска-Симјановска

Аппстрактните слики или асоцијативни пејзажи на Анета Ивановска-Симјановска...

Аппстрактните слики или асоцијативни пејзажи на Анета Ивановска-Симјановска се мошне богити со кретивност и со перманентна издржливост при создавањето естетско доживување на нашето секојдневно и универзално опкружување.

Анета Ивановска-Симјановска слика енергично со последниот нерв од својата душа. Нејзините слики изобилуваат со драматика, динамичност и импулсивност, преточени во специфичен ликовен ракопис, што влијае врз емотивниот сензибилитет кај посматрачот будејќи ги рационалните сомнежи и претпоставки. Нејзините дела носат поплава од сензибилни асоцијации што дејствуваат мошне силно создавајќи патокази кон основната идеја на авторката. Сликите пулсираат полни со див ритам и енергија, воодушевуваат со бесконечни креативни замисли исполнети со многубројни детали на величествената нефигуративност.

Пејзажите се само асоцијативно допрени, повеќе замислени отколку што се претставени. Во нив се пренесени најмногу емоциите со кои се доживеани. Тоа го постигнува со ликовните елементи, првенствено со колоритот што најдобро го одразува уметничкиот сензибилитет. И кога црта, таа го користи колоритот со цел да информира за нејзиното сопствено доживување на природата, за нејзиното моментално расположение, за нејзиниот поетски експресивен занес. Сликите се нејзини лични изјави во кои со видливиот потег на четката забележува траги од сопствената меморија и акција.

Изложбата открива млад автор што и останува верен на сликарската традиција пробивајќи се до апстрактно-асоцијативните, ликовно-филозофските толкувања на новиот пејзаж во ликовната уметност во Македонија.

Национална галерија на Македонија
Подготвил: Митко Гогов

Напишано од
More from РЕПЕР
Меѓу интимниот женски свет и деконструкцијата на општествената реалност
кон романот ГОДИШНИ ВРЕМИЊА од Јулијана Величковска
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *