Војната и љубовата се камења

Кон романот Скаменето време, добитник на Европаската награда за литаратура во 2012.

138.Skameneto vreme

Кон романот Скаменето време, добитник на Европската награда за литература во 2012.

Во романот „Скаменето време“ на Ана Ким уметноста мудро се бори со катастрофата. Зачудувачки е како постојано во поплавата од објавени книги се појавуваат дела што ви се обраќаат толку непосредно, што ќе се заплашите. И не само во однос на темата, туку и во стилот, композицијата, во слободата на ритамот. Тоа се книги какви што на времето посакуваше Франц Кафка, книги што бодат, болат. Нема сомнеж дека сето ова важи и за романот на Ана Ким „Скаменето време“, бидејќи тука толку суверено се поврзуваат потресните љубовни приказни со војната во Косово, бидејќи како со сврдел текстот прашува која е положбата на умрените во нашиот живот, бидејќи ги изнесува традицијата и ритуалот како зандана и како убава, утешителна потпора, бидејќи ги доближува суеверието и раскажувањето едно до друго. (…) Временска приказна што оживува, и тоа е заслуга на романот.

Ролф Есиг, Нирнбергер Нахрихтен

На еден опуштен исто толку стручен колку и поетичен јазик на Ана Ким ѝ успева уште на првите страници на својата книга да ги постави големите човечки прашања. Како се конструира идентитет? Дали е вистински, како што сугерира прашалникот, јасно измерен? Дали навистина се состои од пол, возраст, болест, облека, извештаи на сведоци и случајни средби? Што останува од човекот, кога тој повеќе не е релано присутен? Кога ќе се разлее, ќе се преточи во акти, документи и Анте-мортем-прашалници? (…) Ана Ким со својата нова книга прикажува впечатлив текст и нашла адекватен јазик како за ужасите на војната така и за радостите и грижите на секојдневието.

Герхард Претинг, ОРФ

Има многу ужас во книгата на Ким, но и многу љубов. Темелно истражена, јазично амибиционирана книга, која обработува една тема што досега се избегнуваше во австриската литература.

Бихершау

Ана Ким прикажува едно искуство што му е познато секому кој љуби: времето во кое сме одделени од љубениот ни се чини бледо и празно, да, дури повремено ни се чини и како да застанало. Ким го пренесува ова егзистенцијално и речиси секојдневно искуство до една екстремна ситуација.

Никол Штрајтлер, Фалтер.

Ана Ким (1977) е австриска писателка родена во Јужна Кореја. Студирала философиja и театарски студии во Виена. Авторка е и на проза и на поезија. Добила многу писателски стипендии и награди. Има објавено три романи.

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *