Осветлената геометриска шума „Вана“

Комбинирањето на природата и архитектурата може да се види како одлично олицетворение во проектот „Вана“

Комбинирањето на природата и архитектурата може да се види како одлично олицетворение во овој проект „Вана“, кој ја претставува блескавата шума составена од дрвја направени од хартија, но истовремено и осветлени на чуден, магичен и уникатен начин. Оваа специфична инсталација е дизајнирана од страна на студиото за архитектура „Орпроџектод Лондон за форумот за дизајн во Индија.

Проектот се одликува со четири димензионални структури и точки низ просторот, кои се приклучени и поврзани меѓусебно, а со своите врвови формирааат една континуирана крошна, која го опфаќа таванот. Лед-светилките просјајуваат низ празнините, кои ги делат дрвјата на одделни триаголни сегменти и ја опколуваат публиката, односно гостите, со прекрасна блажена, космичка светлина. Како што гледате нагоре, тивкото осветлување се транспортира во обид да направи да се чувствувате како да сте во потрага на ноќното небо.

k3

Во проектот се чувствувата огромно просторно и концептуално планирање и технички пристап, што помага да се доживее оваа просторна инсталација во правец и во насока токму како што сакаат креаторите на „Вана“. Студиото било инспирирано од тоа како лисјата формираат целини и се вклучуваат во развојот на структурата. „Кога лисјата растат, тие се како вени што се развиваат со целата структура, со цел да стигнат до секоја клетка на површината на листот и да ја снабдат со хранливи материи“, вели Кристофер Клемт, кој е коосновачот на „Орпроџект“. „Исто така, кога дрвото расте, секој лист се обидува да добие можност да биде изложен на сончева светлина, па на сличен начин е поставен механизмот што се обидува да ги разгранува гранките на дрвото. Ние напишавме компјутерски алгоритам за да се симулира овој развој, со цел да развиеме можен проект од архитектурата“.

Резултатот е геометриска застапеност на основните природни процеси, а „Вана“ ја пренесува љубопитноста што ја има секој од нас за тоа како функционира оваа природна метаморфоза, процесот со кој се гради овој „објект“ и како може да се пресоздаде во нешто што може да се развива како идеја и во иднина.

Овој проект е симулакрум што симулира раст на дрвјата со помош на дигитално генерирани структури и системи, кои поврзани меѓу себе флуктуираат во просторот со својата структура и амбиент, кој со помош на светилките креира просторна илузија и фрагменти од некоја виртуелна шума. Формата покажува цврстина и стабилност, но истовремено и нежност, топлина и природна инспиративна и медитативна енергија.

Тагови од објавата
Напишано од
More from РЕПЕР
Младите македонски автори се меѓу најуспешните на просторот на поранешна Југославија
Младата генерација македонски автори создава творештво кое достоинствено ја претставува современата македонска...
Повеќе
Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *